Home Live Тој е постар од неа 15 години, и двајцата се наши познати...

Тој е постар од неа 15 години, и двајцата се наши познати глумци и имаат две деца- вака им се случила љубов на прв поглед

Нашиот познат актер Александар Микиќ го знаеме од многу ТВ серии и филмови, како и театарски претстави е долгогодишен познат и признат уметник кај нас.

Дипломирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Факулет за драмски уметности, Скопје на отсекот за глумечка игра во класата на проф. Димитрие Османли, во 1992 година. Од 1997 година, работи во Македонски народен театар.

Една од двете главни машки улоги во хит-филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски е како создадена за Александар Микиќ.

Нашиот познат актер одлично го долови ликот на Карамба, за кој едноставно вели дека за среќа му е потребно малку: малку кајмак, малку ракиичка и… две жени.

За Карамба, Микиќ во Женски магазин кажал дека има материјал да направи жив карактер кој го познаваме од секојдневието.

– Карамба е многу сочно напишан лик, во сценариото имаше многу понуден материјал да се направи вистиниски и жив карактер кој го познаваме. Со Милчо некако се најдовме на иста бранова должина и уште во процесот на пробите одлично се надополнувавме.

На пробите, а и во процесот на самото снимање гледав на Карамба да му дадам ведрина, едноставност, доза на хумор, а тоа што го нудев Милчо знаеше да го препознае и на тоа да додаде уште за Карамба да изгледа такаов како што е.

Инаку кога би требало да го опишам Карамба со една реченица би рекол. Карамба е скромен, добар и харизматичен човек на кој не му терба многу да биде среќен, малку кајмак, малку ракиичка и… две жени“, рекол тој во ова интервју.

Зад камерите, во домашна атмосфера, Микиќ е горд на татко на близнаците Ена и Иво.

Вели дека искуството кое неговата сопруга, харфистката и актерка Весна Станојевска- Микиќ го имала во филмот „Сенки“ му помогнало во работата со Манчевски. За неа, тој вели дека е неговото алармно светло.

– Напорен период беше кога беа многу мали, зашто тогаш треба екстра енергија и раце да се следат, на крај од денот и јас и Весна бевме преморени. Сега е подобро, Иво и Ена, за среќа, се многу добри деца па во глобала лесно се разбираме со нив.

Пресреќни сме што добивме две деца истовремено, тоа е дупла среќа ама истовремено и дабл трабл“, изјавил Микиќ во друго интервју за овој медиум.

-Животот со децата и е многу убав, исполнет и забавен, но во исто време доста захтевен“, додаде Весна.

Ена и Иво сега имаат седум години и сè уште си ги бараат интересите, а гордите родители велат дека секој ден нешто различно ги интересира.

-Го покажаа и докажаа својот талент за глума во филмот „Соло Мод“. Само после снимањето, Ена изјави дека не сака веќе да биде пред камера туку сака да е позади камера како Тамара. А Иво во една прилика кога го прашавме дали би глумел во друг филм изјави. Ако мора ќе глумам“, низ насмевка вели Александар.

А ова е љубовната приказна на двајцата актери. Се запознале на забава по една премиера. Подоцна, по една претстава повторно се виделе.

– Почнавме да разговараме, заборавивме на времето, на луѓето и светот околу нас едноставно го снема, постоевме само ние двајца.

По таа вечер сфатив дека тоа е она што луѓето го нарекуваат љубов на прв поглед–раскажа Микиќ во едно интервју присетувајќи се на првата средба со познатата харфистка која ја гледавме и во филмот „Сенки“ на Милчо Манчевски.

Кога се запознале тој сè уште го немал гледано филмот, а Весна го освоила со нејзината спонтаност и едноставност.

Со храфистката Весна, се заедно скоро 16 години. Љубовната приказна почнала по една забава и трае до денес, објави во една прилика Репортер.

“Весна ми е огледало на нештата. Не знае да ме излаже, па кога е во пршање некоја улога ако кај неа пројдам, знам ќе поминам секаде”, искрен е актерот. Тој е постар од Весна 15 години, ама разликата во годините никогаш не била проблем во нивниот однос.

“Ама види, староста е состојба на свеста. Србите имаат изрека, стар си колку што ти се стари децата. Моите се мали, па така што и јас сум млад, со тоа и разликата во годините не ме прави постар”, изјавил Микиќ.

Previous articleЈа напушти Македонија за љубов на саканата, нашиот познат пејач замина да живее кај жена му во друга држава, а сега имаат и ќеркичка
Next articleСарми од готови кори- Адријана Алачки изненади со нов, лесен рецепт и малку соостојки (ФОТО)