Home Live Трајче Толевски успеа- по она што му се случи, се крена на...

Трајче Толевски успеа- по она што му се случи, се крена на нозе и продожи напред- објави убави вести

На Трајче Толевски од Мерак меана за жал му се случила нecpeќa предц два месеци, имено изгпрел неговиот објект „Камин кама“, поточно ресторанот во кој многу наи пејачи настапувале. Тој на социјалните мрежи ја објави оваа неубава вест.

Потоа, многу пријатели почнаа да го тешат и да му велат: Мајка, ќе направиш ти поубава кафана. Мајка е инаку прекар на Толевски, според социјалните мрежи може да се заклучи дека таа го викаат пријателите.

– Известување: Ги известуваме сите гости дека поради градежни работи предизвикани како последица од пожарот што го зафати објектот на Камин Кама, објектот нема да биде отворен за гости извесен период.

За повторно отворање навремено ќе бидете известени. Ви благодариме за разбирањето“, напишал Трајче и објавил слики од рестотанот кој е целосно руиниран.

– Го знаете Трајче Толевски алијас Мајка?! Е, кој, де, не го знае Мајка. Музичарот од групата „Три Шешира“, од пред две ипол години, е сопственик на ресторанот „Камин Кама“, лоциран во населбата Ѓорче Петров.

Како што вели Мајка, ресторанот е „три во едно“, односно – има сопствен паркинг простор, има две тераси, реквизити за деца и големо игралиште, а има и одлична забава, особено кога настапува самиот сопственик.

Е, тогаш, игла нема кај да падне!“, напиша во една прилика Слободен печат.

Што да јадете? Скара и македонски специјалитети во тава. Тавите се прават по желба на гостите и на „лице место“, а кралица на скарата е веќе прославената Камин Кама плескавица. За неа стомакот дефинитивно треба да ви биде поголем од очите.

Што јадевме ние? Селско месо – со пилешко, мелено и свинско – и со зеленчук во тава Кога ќе бидете тука, не ги пропуштајте ни пржените тиквички за предјадење, а од пинџурот однапред нарачајте си дупла доза, стои во овој текст.

Мерак меана е музичка емисија во која се пеат најубавите песни од Македонија и Балканот, а емисијата се емитуваше и сабота и во недела. Водител на емисијата е Трајче Толевски – Мајка од групата „Скопски Боеми“.

Тоа е најпопуларната Тв емисија за народна музика која се емитуваше на Сител ТВ, а многу наши познати ѕвезди од фолк естрадата пееја песни постари, подзаборавени, но и нови популарни, кои се пеат со мерак за душата.

-Драги наши мераклии, со ваша љубов успеавме. Ви благодариме со полно срце за сета љубов, продолжете да не’ следите.

Се надеваме во најскоро време дека ќе ве израдуваме со ново-снимени емисии!!!“, стоеше во една објава за време на пандемијата на Фејсбук страната на Мерак меана.

Пријателите на Трајче сега објавија убава вест: Кога ќе го обновиш со пријателите, е подобро од првиот пат. Трајче го врати Камин Кама, буквално од пепел. Ајде да го прославиме тоа. Вака, или џорчевски, на по една.

Ова го ставил негов пријател кој го означил на Фејс и објавил дека Трајче веќе рекламира предновогодишни забави во овој негов локал за кој беше упорен дека ќе успее, и успеа.

Previous articleПо долго време се огласи Круме Спасовски- се сликаше со оваа наша згодна пејачка, насмеан и среќен (ФОТО)
Next articleДрагица Стевковска Дракче: Таго сакам да си одиш- Силно, многу силно си стапнала на моите гради…