Home Live Заработувам пута 3 од порано кога сум работела по 2-3 работи, и...

Заработувам пута 3 од порано кога сум работела по 2-3 работи, и уживам во бенефиции: Миа Костова се пофали колку убаво живее (ВИДЕО)

Пред 10 години, водителката и инфлуенсерка Миа Костова ја донесе веројатно најважната одлука во твојот живот: Да станее самохрана мајка. Во едно интервју спомна дека имало мигови на колебање, но сепак на крајот си одлучила да се соочи со предизвикот.

Во интервју за Кафе пауза, Миа одговори на прашањето: Кој беше пресудниот момент што те натера да го сториш тоа?

-Пресудниот момент, секако, звукот на срцето на ехо. Покрај овој емотивен момент секако и разумот кој ме советуваше дека нема ништо страшно во раѓање дете на скоро 28 години.

Некако се чувствував сигурна во себе. И некако си мислев дека е шанса која ми ја дава животот и не смеам да ја пропуштам.

-Не знам за сите, а и сите не се исти. Ако се предадеш и речеш не можам, не успевам, нема работа, не постигнувам, веројатно ни коцките не се местат. Кај мене беше така. Имав многу куса финансиска криза која ја надминав со упорност и со немање апсолутно никаков срам од работа.

Андрија имаше само 40 дена кога се вратив на неколку дена во диско неделно, почнав да работам во фризерски салон како координатор иако тоа никогаш не сум го правела ама некако се пронајдов, во меѓувреме дипломирав, работев и на телевизија.

И сето ова успевав да го вклопам со мало бебе кое немаше кој да го чува.

Од бебе е во градинка, седел со саати кај мене на работа, седел на снимања со температури, ама никогаш не сум се откажала ниту некогаш помислив да се вратам во семејниот дом. Решив дека ова е моја приказна и да, коцките се местат и ден денес.

-Не знам дали е до мојот став и до мојот начин на однесување и зборување јавно ама мене не ми се случило некој ниту да ме осуди ниту да има проблем со тоа. А немам ни јас.

Живеам многу подобар посреќен и помирен живот од жени во семејства кои седат во брак поради ова или она. Сметам дека малку е поинаку денес и дека поинаку се гледа на самохраните мајки за разлика од порано. Тие сѐ повеќе се херои одошто нешто лошо или немо рално.

– Нема полош начин за растење дете од оној во дисфункционално семејство. Несреќна мајка, отсутен татко, тоа најмногу ги афектира децата дури и кога родителите глумат пред нив. А предности има многу.

Сметам дека тоа што е исклучително разбрано дете, воспитано и самостојно, адаптибилно, мирно, никогаш нервозно е баш заради тоа што, јас сум негов најголем авторитет без никој никогаш да не ми се замеша во воспитување и да го „лигави“ кога плаче иако погрешил..

Ама јас сум и негова најголема утеха, семоќната мајка која се труди да му ја оствари секоја желба.

Дете кое до ден денес не знае што е висок тон или расправија дома. Знае сам да исчисти што растурил или да се пресоблече од неполни 4 години, знае да шепка кога спијам и да се качи на столче да ми донесе вода.

Треба само да сакаш, треба да си убеден во тоа дека можеш и да не пребираш додека да стигнеш онаму каде што сакаш. Важно е да имаш време за себе, да не му ја мислиш дали е во градинка предолго, или зошто преспива на друго место, зашто многу е важно прво мајката да е како што треба за сѐ да биде како што треба.

А што се однесува до кариеристките кои не сакаат деца, немам ништо против нив. Сосема ги разбирам. И ги поддржувам. Не може секој ниту секој сака. Кој како смета дека треба – така нека прави“, изјавила Миа.

Миа гостуваше во јутјуб емисијата „Ништо лично“ со Антонио Димитриевски и таму објасни како таа живее како инфлуенсер на Инстаграм колку заработува и кои бенефиции ги ужива.

-Мислам дека треба да имаш малку сенс за маркетинг. Конкретно рецепт за тоа како се станува инфлуенсер немам, меѓутоа мислам дека прво и основно е да имаш нешто во себе.

Тоа е едно нешто коешто ќе направи публиката или да ти верува, или да те сака, или да те мрази. Ако се рамнодушни, во тој случај, ништо не правиш. Породбо е да те мрази отколку да е рамнодушен.

Јас претпоставувам, не, туку верувам дека 20 посто од мојата публика, 30 посто која што не ме следи, можеби ме отвара и ми ја крева интеракцијата, тоа што се бара кога некој ќе те викне да соработува со тебе.

-Така што, сметам дека има многу труд во оваа работа, иако некои знаат да кажат: Абе ајде инфлуенсерка, она работи нешто, се слика, прави.. Навистина има и обврски, и посветеност и многу маркетинг идеја во се тоа што треба да го направиш.

И не само кон брендовите, туку и кон оние коишто те следат. Јас стојам зад тоа дека никогаш во животот не сум заработувала подбро, не сум живела подобро, и не сум функционирала подобро од аспект на тоа дека сум сам свој газда.

Сама раководам со своето време, а заработувам, па можеби пута 3-4 од она што сум заработувала претходно со две-три работни места одеднаш. При тоа да не заборавиме дека не само плаќањето.

Туку имате многу работи кои ги уживате како инфлуенсер, од типот на патувања, има и многу работи кои функционираат- тип на компензација, иако многу поретко го работам тој тип на сорабтки.

Видеото од гостувањето на Миа Костова во емисијата „Ништо лично“ со Антонио Димитриевски, можете да ја видите ТУКА.

Previous articleСарми од готови кори- Адријана Алачки изненади со нов, лесен рецепт и малку соостојки (ФОТО)
Next articleПо долго време се огласи Круме Спасовски- се сликаше со оваа наша згодна пејачка, насмеан и среќен (ФОТО)