Home Live Атиџе се расплака пред германскиот претседател- му ја раскажа вистината за својот...

Атиџе се расплака пред германскиот претседател- му ја раскажа вистината за својот живот

На јавноста ѝ е познато големото пријателство на нашата позната пејачка, хуманитарец, пиателка, водителка и наставник по музичко, Сузана Турунџиева со медената Атиџе Мурарова, пчеларката од селото Бекирлија- светиниколско.

Во една прилика, во Слободен печат, Сузана го раскажа целиот пат за нејзиното дружење со Атиџе и за денот кога решила дека мора да ја запознае и да разговара со неа.

-Како жена што цел живот трага по одговори и верно ја следи својата интуиција, имав силна и уникатна причина да ја сретнам Атиџе и да ѝ се заблагодарам за поддршката што (иако не е свесна) ми ја даде во најтешкиот ден од мојот живот.

Ќе бидам неискрена ако не ви признаам дека јас всушност од 15 јануари (денот кога за првпат го гледав документарецот) сонував за денот кога ќе ја запознаам лично хероината од овој толку значаен (за човештвото) документарен филм.

Се сеќавам дека тој ден бев под толку силни импресии што не го изгледав само еднаш, туку го враќав трипати од почеток, за да успеам да го запаметам секој детаљ од филмот што длабоко ме трогна.

Ја исплакав длабоко во себе, и не престанав да мислам на неа, дури и доцна во ноќта откако легнав да спијам… Имав некое лошо претчувство…

Ме мачеше некој чуден немир и жал, затоа што дури сега дознаваме за оваа жена, која на еден толку уникатен и неверојатен начин ни ја соопшти најголемата вистина за човековото постоење…. Пола за мене, пола за пчелите!

Поучена од тоа дека среќата ги следи храбрите, претчувствував дека Бог ќе ни прати некој негов пратеник што ќе ни го овозможи безбедно патувањето до Бекирлија.

И така, благодарение на добриот Хусеин од селото Дурфулија, ние со неговото комбе стигнавме кај Атиџе и желбата на Матеа беше исполнета.

Она што го доживеавме таму, не се опишува со едноставни зборови. Нејзината енергија, едноставност, интелигенција, музикалност и желба за дружење и пеење е нешто што ме воодушеви и ми го стопли уште повеќе срцето.

Во тие неколку часови мислам дека успеав да го излекувам секое болно и тажно сеќавање од онаа ноќ, кога на нозе ме додржа само помислата на хероината Атиџе и зборовите: Кога може Атиџе, можам и јас!

Сузана Турунџиева во нова објава раскажа за новите доживувања на Атиџе, за средбата со германскиот претседател, и како таа му ја раскажала својата животна приказна опд родното село.

По повод официјалната посета на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк Валтер Штајнмаер, беше приредена државна вечера, на која беа поканети претставници од државниот врв, пратеници, претставници од политичките партии, како и стопанственици од бизнис-секторот коишто остваруваат економска соработка со Германија.

Во рамки на свечената вечера, соопшти Кабинетот на Пендаровски, двајцата претседатели имаа протоколарни обраќања во чест на македонско-германското пријателство, соработката и заедничката европска иднина.

-Атиџе Муратова – хероината од Медена земја, денес со многу емоции му раскажуваше на германскиот Претседател Франк – Валтер Штајнмаер како од малечка, штитејќи се од пчелите била принудена да го научи нивниот јазик

за да може да стане успешна пчеларка, а тој воодушевено ја слушаше и и поставуваше многу прашања за медот, Бекирлија и нејзиното семејство.

Задоволството денеска беше и мое, затоа што ја имав таа чест да ги обојам нашето и нивното знаме на теглата со мед која нему му ја подари Атиџе и да му го насликам и подарам единствениот камен кој неодамна си го понесов од Бекирлија.

Патем, заеднички му подаривме и од нашиот албум- “ПОЛА ТЕБЕ ПОЛА МЕНЕ ” и торба со портретот на Атиџе, изработен од уметникот Саше Милевски а испечатена во Лого шоп МК“, напиша Турунџиева.

На оваа нејзина објава, реагираше Ребека Јанковска- Ристески, нашата поната пејачка и хуманитарец, која истот така била присутна на средбата со гостинот од Германија, но имаше замерки за него:

– Прекрасно Сузе. Ти благодариме. Ми се допадна неговоот различен пристап. Но, за жал имаше и дел од неговиот говор кој воопшто не беше пријатен и европски. Можеби една лажичка ид медот на Атиџе ќе му го заблажи јазикот и во иднина ќе му го разубави говорот.

А каменот сигурна сум ќе го потсетува дека бил во една земја во која се уште има многу љубов и луѓе кои со малите нешта ги менуваат работите и ги разубавуваат погледите“, рече Ребека во коментарот.

А според сликите кои се споделени на Фејсбук се гледа дека Атиџе се расплакала пред германскиот претседател, откако ја понеле емоциите.

Previous articleДрагица Стевковска Дракче: Таго сакам да си одиш- Силно, многу силно си стапнала на моите гради…
Next articleМој Боби, првенец на Машински факултет, го тераа да зборува на митинзи, одби, му ставија вето за вработување…