Home Live Драгица Стевковска Дракче: Таго сакам да си одиш- Силно, многу силно си...

Драгица Стевковска Дракче: Таго сакам да си одиш- Силно, многу силно си стапнала на моите гради…

Драгица Стевковска Дракче е еден позитивен и харизматичен лик, кој со својата енергија, долго време ги красеше ТВ екраните и комуницираше со гледачите.

Уште поголема димензија на нејзината личност, додаде нејзината борба со болеста, која успае да ја добие и претставува инспирација и позитивен пример за многумина кои се соочуваат со здравствени проблеми, дека со силна волја, упорност и позитивна енергија, може да се успее.

Приватно Дракче е мајка, баба и сопруга на многу популарниот пејач на македонски патриотски песни, Орце Стевковски – Царот.

Дракче на својот профил на социјалните мрежи, многу често знае да напиша статус, кој ќе привлече големо внимание кај оние кои се нејзини пријатели и следбеници.

Така, пред неколку дена ,на светскиот ден на прерано родените деца, Драгица Стевковска Дракче, сподели приказна за својот живот, за која многумина не знаеја:

„Светски ден на предвремено родените деца…

….Едно од тие деца сум и јас..Родена на 7 месеци со само 950 грама.Незадоена ни со мајчино млеко..

Малечко завиткано во крпи во кошница и под селскиот шпорет со куп мачиња врз мене сум ги преживеала критичните денови на живот..

Не се радувале на моето раѓање зошто куката била во жал завиена во црно..Но Бог ми дал живот и тоа мало срценце го наполнил со многу ЉУБОВ..

Јас поинаку и незнам освен да давам БЕСКОНЕЧНА ЉУБОВ.. И СИ ЧУВАМ КУП МАЧИЊА ЗОШТО ТИЕ СЕ СИМБОЛОТ НА МОЈОТ ЖИВОТ..

На сите предвремено родени деца им посакувам долг и среќен живот…“

Вчера, Дракче постираше стихови, кои повторно предизвикаа големо внимание, а нејзините пријатели за момент беа загрижени, зошто нивната пријателка го напишала ова:

„Тагата во мојата душа! Таго сакам да си одиш. Силно многу силно си стапнала на моите гради..

Неможам ниту здивот да си го почуствувам. Ниту да го слушнам чукањето на срцето..

Многу многу сакав да им носам срека на сите луге.. Многу многу сакав да помагам и со последни сили..

Ех таго силно го зграпчи срцето ,го здроби крвари тоа и се гуши во болка.. Нозете ми се тешки и чекорите бавни ..

Товари тешки на грбот ќе носев и кожата да ми се кинеше од товарот ,но овој е посилен по тежок…

Господи велат ти даваш товар на силните на храбрите..

Ааах толку ли силна ме создаде како карпа? Но и карпите се ронат од дожд ветер мраз..

Светлино небесна на колена те молам симни ми од товарот за да можам да живеам да се смеам со рацеве што веке треперат да ги гушкам најмилите..

Чекор по чекор ке одам до олтарот ке се поклонам и по незнам кој пат ке молам и за знајни и незнајни луѓе… Таго оди си….“

Previous articleТрајче Толевски успеа- по она што му се случи, се крена на нозе и продожи напред- објави убави вести
Next articleАтиџе се расплака пред германскиот претседател- му ја раскажа вистината за својот живот