Home Live Ирена Спировска во мини фустан и уникатна креација, ги засени сите на...

Ирена Спировска во мини фустан и уникатна креација, ги засени сите на гала настан вчера, невозможно е дека е во петтата деценија (ФОТО)

Родена и порасната во Скопје, наѓата позната ТВ водителка Ирена паралелно со нејзините студии на Институтот за класични студии на Филозофскиот факултет во Скопје почнала и со ангажман во Македонската радио-телевизија.

И покрај тогашните редовни ТВ-обврски, таа успеала да го заврши факултетот на Катедрата за македонски јазик и јужнословенска книжевност, напиша Факултети неодамна за Ирена.

Спировска повеќе од две децении наназад се врзува со ТВ-водителството кај нас. Таа важи за една од најистрајните личности на македонскиот ТВ-етер, каде што има променето низа телевизиски станици и емисии и сѐ уште е една од најбараните водителки.

Иако учела средно медицинско училиште, Ирена никогаш немала голема желба и амбиција да се занимава со медицина.

Таа била на отсекот забни техничари, а најголемиот плус од нејзиниот претстој таму е што се вљубила во латинскиот јазик и тоа било предуслов да се запише на Филозофскиот факултет, каде што подоцна се префрлила на Катедрата за македонски јазик и јужнословенска книжевност.

– Многу го засакав латинскиот јазик, па затоа по матурирањето се запишав на Факултетот за класични студии. Истовремено почнав да работам и како хонорарен соработник во Македонската радио-телевизија.

Сите испити од прва година ги положив уште во јунската сесија, но со текот на времето моите обврски и ангажманите во телевизија почнаа да се зголемуваат, па не бев во можност да ги следам редовно предавањата од втора година.

Поради специфичноста на мртвите јазици, како што се старогрчкиот и латинскиот, не постоеше можност за вонредно студирање на Факултетот по класични студии, па одлучив да се префрлам на Катедрата за македонски јазик и јужнословенска книжевност, за да можам да продолжам да работам и да студирам истовремено – додава Ирена.

Со оглед на тоа што и додека студирала, Ирена ја ставала работата на прво место, факултетските обврски знаеле понекогаш да трпат.

Згора на тоа, при крајот на студирањето таа се соочила со уште еден убав предизвик – мајчинството, така што го завршила факултетот учејќи за испитите со нејзината ќерка Зорица додека спиела покрај неа.

– Времето потребно да спремам испит зависеше од предметот што го подготвував, но и од моите работни обврски. Некогаш се случуваше за кратко време да спремам испит, а некогаш ми требаа месеци за да успеам да најдам време да го научам целиот материјал.

Затоа и студирањето го развлеков малку повеќе, бидејќи работата ми беше на прво место. Во меѓувреме ја родив и мојата ќерка, па последните три испити ги положив кога Зорица беше бебе.

Учев додека таа спиеше и го искористив тој период да ги завршам обврските со факултетот – раскажува Ирена за Факултети.

Една од најубавите жени кај нас вели дека никогаш нема правено никакви естетски интервенции, а нејзиниот добар изглед го препишува на здравиот живот и на балансираната исхрана.

-Пораката што сакам да им ја упатам на помладите е дека со редовни спортски активности и со умерена исхрана можат да бидат атрактивни и убави и во зрелите години. Жал ми е што гледам сè повеќе млади девојки со естетски корекции.

Жените во зрели години и можам да ги разберам некако што се одлучуваат да направат естетски интервенции, но никако не можам да ги разберам младите девојки“, изјавила Ирена во Женски магазин.

Немам правено никакви интервенции освен козметички третмани за одржување на нега на кожата на лицето на природна база. Немам дури ни вештачки исцртани веѓи, вештачки нокти, трепки…Секогаш ќе има некој со посензуални усни од нашите, со погусти трепки, со побујни гради, подолги нозе или потенка половина…

Нема потреба да тежнееме кон идеални пропорции. Треба да научиме да уживаме во нашата уникатност, тоа нè прави да бидеме единствени. Колку порано го сфатат тоа младите девојки, толку подобро за нив“, рекла Спировска.

Ирена вчера блеснала како никогаш досега на манифестацијата „Мажи на годимната“, која се одржала со еден хотел во Скопје. Била облечена во најуникатна креација која тешко се опишува, а која ги истакнува нејзините нозе.

Ирена досега обично сме научени да ја гледами во поинакви, долги фустани, ама овде покажала колку добро и уникатно може да се изгледаена која има 48 години, а изгледа доста помлада.

Previous articleЛидија Вукичевиќ сосема раскомотена, да не е копчето во предниот дел на фустанот, ќе се видеше и што не треба (ФОТО)
Next articleМаријана од Австралија напиша емотивна благодарница, раскажа кој е секогаш до неа и ѝ дава љубов (ФОТО)