Home Live Кум по трети пат во Австралија- Ќе му отиде ли на Влатко...

Кум по трети пат во Австралија- Ќе му отиде ли на Влатко Миладиновски бакшишот што го заработи на турнејата?

Во февруари оваа година Тоде Новачевски, авторот на некои од најубавите македонски народни и забавни мелодии, нѐ напушти по долго и тешко боледување. Се упокои во Мелбурн, Австралија, каде живееше триесетина години по неколку годишна битка со кан цер на белите дробови.

За жал, не му се оствари огромната желба да дојде во Македонија повторно, иако како што напиша на социјалната мрежа Фејсбук неодамна, куферите одамна му биле спакувани“, напиша тогаш Нова Македонија.

Простувајќи се од него голем број негови блиски, пријатели, колеги за Тоде велат дека е голем автор, професор, текстописец, музичар, пејач, но пред се голем човек.

Неговите песни „Призанавам“, „Ако не изчезнам“, „Едно срце имам душо“, „Око мое“, што ги испејаа во дует близначките Росана и Маријана Сариќ, која подоцна стана и негова сопруга, се уште му пркосат на забот на времето.

Тука се и антологиската „Од љубов не се бега“ што ја отпеа Зафир Хаџиманов, „Има една судбина“ на Наум Петревски и Росана, која ја отпеа и „Свири ми брате цигане“, „Ангелина“ на Перо Христов и уште многу други бисери.

Една од последните негови авторски песни е „Велат не нема“ што ја отпеа Влатко Миладиновски, за која Тоде Новачевски е автор на музиката, а текстот го напиша Крсте Наумовски, која победи на „Гоце Фест 2018“.

Оваа песна ја доби и наградата од Здружението на деца бегалци од Егејскиот дел на Македонија. Многу брзо песната стана химна на Македонците раселени низ целиот свет.

-Песната ја слушнав пет месеци пред да ја снимам. На телефон ми се јавија авторите Тоде Новачевски и Крсте Намуовски – Мечкар, и двајцата живеат во Австралија. По првите два тона се наежив и знаев дека песната е за мене и оти ќе ја снимам.

За добриот звук заслужни се и музичарите: Новица Василевски на кларинет, Филип Нунески-труба, Орце Лазаров-бас, Даме Коларовски-тапани, а се снимаше во студио „Анастасија“ – рече своевремено во интервју за „Нова Македонија“ Влатко Миладиновски.

-Со Тоде и Крсте првпат во живо се сретнав на еден од моите концерти во Австралија, поточно во Мелбурн. Прекрасни луѓе се и чинам дека и тие се задоволни од заедничкиот успех што го постигнавме.

Јас се надевам дека „Велат нѐ нема“, со текот на времето ќе си го најде своето место во македонската музичка антологија.

Секако и во иднина ќе снимам патриотски песни, бидејќи Македонија е непресушен извор на инспирација – изјави Миладиновски за Нова Македонија.

– Ја заокруживме првата половина од турнејата во “Сиднејската околија”(New south Wales). Продолжуваме со концертите во Мелбурн…“, напиша неодамна Влатко Миладиноски на Фејсбук.

Тој, заедно со брат му Златко и братучед му Дамјан се на турнеја низ Австралија и ептен се дочекани како кралеви. Има доста позитивни коментари и емотикони со „браво“ под сите негови објави од оваа турнеја.

-Само кумот без двоумење дава. Губи без жалење. Стекнува без скржавост. Како најдобар пријател, го вади најдоброто од нас. Светот би бил празен без кумови“, вели цитатот од српската книга „Засекогаш мојот кум“.

А Влатко, не бил кум само еднаш, ниту двати туку, како што се вели три пати, и тоа во Австралија, за што на Фејсбук со доста фотографии ги известил неговите следбеници.

-Во Австралија, кум по трет пат!!!“, напишал Влатко до овие слики на кои се гледа дека ги венчава младенците во црква, со круни, и пренел дел од убавата и весела атмосфера на оваа македонската свадба во Австралија.

Но, освен кум тој бил и пејач на свадбата, заедно со неговиот братучед Дамјан, ги веселеле сватовите со нивните убави песни и со македонските народни песни кои нашинците во Австралија многу ги сакаат.

Влатко сигурно дека, како и Дамјан и Златко, заработил добар бакшиш и добар хонорар во Австралија, но како што велат- Куме изгоре ти ќесето, сигурно и добар дел од тој бакшиш отишол за неговите кумашини.

Со среќа нека им е на младите, а парите се секако за трошење, па нека е среќно кумството на Влатко и срешќен брак на младенците кои тој го венчавал.

Previous articleМој Боби, првенец на Машински факултет, го тераа да зборува на митинзи, одби, му ставија вето за вработување…
Next articleЏамбазов откри: Ти со мојата втора најголема љубов, постојано мислам на тебе…