Home Live Маријана од Австралија кажа зошто не би носела перики: Поевтино ми е...

Маријана од Австралија кажа зошто не би носела перики: Поевтино ми е да си купам шампон

Во една прилика, Росана раскажа за својата сестра со која израснале во Куманово, каде што сѐ уште живеат нивните родители, и како им поминувало времето заедно.

„Како деца ќе излезевме пред зграда да си играме. Маријана секогаш ќе излезеше прва, ќе се искараше со некое другарче, ќе го натепаше и ќе избегаше дома.

Во меѓувреме, ќе излезев јас и ни крива ни должна ќе добиев ќотек, зашто децата мислеа дека сум Маријана. Без неа, душата ми е на половина“, раскажа Росана за својата сестра близначка во интервју за „Женски Магазин“.

Маријана е медицинска сестра на Стоматологија, и ужива во својата работа. Таа откако е во Австралија не е музички активна, но направи исклучок за својата сакана сестра Росана кога испеа придружни вокали за нејзината песна „Спомени“.

Маријана минатата година беше многу среќна, а исто така и Тоде, кога објавија дека нејзината ќерка ќе се мажи. На својот Фејсбук профил убавата Магдалена ја обваи оваа убава вест.

Маријана на Фејсбук покажа дел од своот дом во Мелбурн, каде што е гледа со колку љубов и внимание нашата пејачка во своето катче. На една од сликите, се гледа нејзината голема креативност.

Сега пее за своја душа, во Австралија каде што живее, времето често го поминува со нејзината добра пријателка, пејачката Татјана Лазаревска, уживајќи заедно на плажа, на прошетка, на кафе или на шопинг.

Во една прилика, таа објави фотографија од плажа и рече дека нема влезено во океанот 30 години, но објави и слики како млад стилист го сменил нејзиниот имиџ кој сите го пофалија.

Во една прилика, Маријана даде кратко интервју за Женски Магазин, а тоа беше околу новогодишните празници за вреем на пандемијата, и рече дека ѝ е многу жа што не може да биде со своите најмили за празниците.

– Не можам да ги прославам опкружена со моите најмили, кои живеат во Македонија. А и искушенијата во животот, со кои верувам сите на овој свет на кој било кој начин се соочуваме.

Пoсветена сум на моите деца, коине се обврзани дa бидат со својата мајка за дочекот на Нова година или за прославата на Божик. Ја имаат таа слобода сами да решаваат каде и со кого да бидат во одредени денови во годината – откри Маријана и дополни:

-Ева е весело дете, многу се смее и сака да јаде. Таа и внучето Ноах на сестра ми Росана , се нашата најголема радост. Двете уживаме во улогата на баби“, рекла Новачевска. Оттогаш, Росана доби уште едно внуче, Матео.

Маријана во ММС раскажала дека таа решила да му прости на Тоде за сѐ, затоа што иако долго години не биле заедно, тие имале брак, имале љубов, деца и внука.

-Солзи, неговите молби за простување и дела многу му е жал, се кае и се чувствува виновен што се распадна нашата заедница. За овие 20 години колку што не сме во брак, се измачи и тој сам во животот многу.

Последните денови од неговиот живот ми ја распараа душата и ќе ги паметам додека сум жива. Секој ден додека одев во болница и додека не можеше да јаде и пие во хранев“, раскажа Маријана.

Таа исто така рекла дека докторот на крајот им рекол дека Тоде не е контактибилен, не може да им одговори на зборовите, но се може да слушне.

Тогаш, Маријана му ставила слушалки на уши и му ги пуштала нивните заеднички најубави песни.

-Беше премногу слаб да реагира, само му течеа солзи низ образите. Плачеше тој, а плачев и јас“, изјави Маријана Новачевска.

Маријана често на својот Фејсбук профил објавува случки од секојдневието или некоја интересна мисла, но и слики од свои драги луѓе.

Маријана објави статус поврзан со шампоните за коса на кој пишуваше:

„Си купив шампон за сува коса, за оштетена коса, за нормална коса ама заборавив да си купам шампон за валкана коса.“

Во коментарите се редеа различни мислења, а извесен Јован напиша: „Без секирација ќе си купиш три перики и нема проблем,“ на што Маријана вешто врати:

„Шампоните некако ми се поевтини.“

Previous articleЗапочна летната сезона за Татјана: Мини фустанче, стегнат струк, позгодна не била никогаш (ФОТО)
Next articleЕве какви стихови и посветуваше Боби на Агнеса: За мојот остварен сон (ФОТО)