Home Live Маријана од Австралија напиша емотивна благодарница, раскажа кој е секогаш до неа...

Маријана од Австралија напиша емотивна благодарница, раскажа кој е секогаш до неа и ѝ дава љубов (ФОТО)

Маријана и Росана… некогаш Сариќ, подоцна едната Тодоровска другата Новачевска. Двете сестри близначки, две бисерни грла кои оставија траен белег на македонската музичка сцена.

Испејаа дузина забавни и фолк песни кои тогаш станаа хитови, денес останаа евергрини кои вечно ќе се пејат. Судбината сакаше животните патишта на близначките да им се разделат, но не и душите…

Две тела споени во една душа, едно срце кое чука за едната и другата подеднакво во ист такт… Како и за сите нивни, сите блиски кои ги сакаат, љубат, за нив живеат… Росана остана во Македонија, а Маријана веќе со години живее во далечната Австралија“, напиша во една прилика Вистина.мк

Македонската пејачка за момент носталгијата ја совлада, ја преплавија емоциите, па тагата и спомените Маријана ги „залеа“ со песна… И тоа преубава, еден од оние вечните забавни евергрини од златното време на македонската забавна музика.

Време на незаборавните македонски шлагери од седумдесеттите години на минатиот век… „Има еден галеб тажен“, стои во овој текст. А Росана, во една прилика во Слпбоден печат, вака ја опиша својата љубов кон сестра си.

-Пресреќна сум што и младите ја препознаваат убавината на нашите песни, кои биле направени и отпеани далеку пред нивното време.

Секое време си носи свои трендови и насоки во музиката, но евергрините со право ја носат таа титула и воопшто не ме чуди што дел од квалитетната музика се слуша до денес.

Ќерка ми, кога беше помлада, често знаеше да ме разбуди сред ноќ и да ми ја пушти „Признавам“ преку телефонот додека песната ечеше во некоја дискотека, а младите ја пееја на цел глас. Чувството е прекрасно и посакувам нашите песни да се пеат уште долги години.

Целата кариера со Маријана ми е омилена. Направивме навистина голем број хитови, но ако веќе морам да одберам омилена, тогаш нека бидат „Едно срце имам душо“ со Маријана и „Надежи“ со мојот упокоен брат Мирослав.

-Ние две сме исти, слични, но и различни. Можеби чудно звучи но така е. Јас секогаш сум била помирна, попедантна за се, а таа попалава во секој поглед. Инаку јас сум постара 15 минути.

Јас повеќе сакав и се трудев да помагам на мама, а таа секогаш се извлекуваше со изговор дека има за учење, хахаха. Но, во душата и за ред други размислувања сме исти.

Таа отсекогаш била вицкастата, а јас сериозната. Јас животот би го дала за неа без размислување, но длабоко знам дека и таа истото би го направила за мене.

Никогаш не сме се карале ниту пак сме имале потреба од тоа“, кажала Росана за сестра си во Женски магазин и додала:

-Клучот на успехот на Маријана и Росана е нашиот талент за добро пеење, интересноста како близначки, и прекрасните песни- евергрини напишани од рацете на еден од најдобрите, ако не и најдобар композитор Тоде Новачевски“, рекла Росана.

Спомени од детството со Маријана имаме безброј, но овој некако е најинтересен. Како деца ќе излезевме пред зграда да си играме со нашите другарчиња.

Но, таа секогаш ќе излезеше прва, ќе се искараше со некое другарче, ќе го натепаше и ќе избегаше дома.

Во меѓувреме, ќе излезев јас и ни крива ни должна ќе добиев ќотек, зашто децата мислеа дека сум Маријана“, кажала Росана за својата сестра која многу ѝ недостасува сите овие години.

Маријана на Фејсбук инаку пишува весели и позитивни постови, а последниот е емотивна благодарнца за нејзините пријатели кои ѝ даваат љубов и се секогаш со неа. Таа објавила слики од пријателите, а меѓу нив е и Татајана Лазаревска и напишала:

– Со моите срцки, мои верни другари кои секогаш ми даруваат насмевки и љубов. Ви благодарам за секоја минутка од вашето време“, стои во оваа објава, на која искоментирала и Татајана Лазаревска.

– Ти си наша инспирација“, напишала Татјана која последниве години поминува доста време со Маријана, на семејни слави, веселби, на прошетки, на кафе и на шопинг.

Previous articleИрена Спировска во мини фустан и уникатна креација, ги засени сите на гала настан вчера, невозможно е дека е во петтата деценија (ФОТО)
Next articleВечниот Ју ерген кој се ожени со 24 години помлада жена го направи ова за Македонија- да се наежиш (ВИДЕО)