Home Live Мој Боби, првенец на Машински факултет, го тераа да зборува на митинзи,...

Мој Боби, првенец на Машински факултет, го тераа да зборува на митинзи, одби, му ставија вето за вработување…

Во статус кој се споделува и се коментира на Фејсбук, жена од Македонија раскажува што ѝ се случило при средба во чекална на рутински преглед, откако разговарала со жена која ја раскажала приказната на својот син.

Статусот на Александра Стојановска- Бизевска кој е јавен, и има впечатлива приказна, го пренесуваме во целост:

– Денес во чекална на рутински преглед. Жена свои 60тина. Видно натажена. Ме гледа мене изреволтирана на сѐ што се нарекува систем на вредности ради ред збиднувања.

“Не барај ништо, не збори ништо, не се обидувај ништо”. Ја погледнав! Прашувам зошто?!?! “Интелектуалец, разумен човек, чесен работник, совесен родител. Тоа нѝ е обврска како граѓани”.

Беше мојата реплика. И почнува жената. “Боби мој, првенец на машински факултет. Професорите се изнамачија да му помогнат да се вработи на факултетот. Се зачлени во партија.

Му ветуваа ќе го вработат таму. Се м’кнеше по сите тие нивни циркузијади. Се срамеше, ама трпеше. Инжинерот првенец. Беше почитуван во Маџари. Му веруваа луѓето. Зашто имаше и за што да му веруваат.

Тоа сакаше да го искористи партијата и му нареди да зборува лаги на предизборен митинг. Боби одби. Арно одби, ама од тогаш сите него го одбиваа каде и да аплицираше.

Додека не му се јавија да му кажат да не аплицира, секаде е ставено вето за негово вработување. Тогаш Боби, си аплицираше во Африка. Го примија како главен инжинер, а од таму по некој месец, го повлекоа во Хјустон.

Денес Боби, е инжинер во научен институт во Хјустон, и е на чекор да стане визитинг професор на Универзитетот во Хјустон”. Универзитет кој е трет најголем државен истражувачки универзитет во Тексас.

Никој од Мк не ни примети дека Боби не е веќе во државата, ниту на некој му притреба за да развие наука или постави некоја теорија. Уште помалку да е вклучен во поставување на основи на некои праведни и напредни системски решенија.

Никој, ама никој не ни помисли во неговата родена држава дека Боби таму си некој, придонесува кон развој на наука и образование во туѓа држава, каде е е ценет, баран, почитуван, вреднуван, и ПЛАТЕН!

Неговите врсници го достигнаа “врвот” во своите кариери. Станаа директори на јавни претпријатија и пратеници, советници во општински совети и лидери на месни организации. Тоа се бара. Тие ѝ требаат на државата.

Овие другиве, Боби и компанија, едноставно сметаат. Сметаат зашто не се подложни на манипулации, не се подвиткуваат пред лажни авторитети, имаат ум и знаење, а и став кој не им се менува поради инстант интереси.

Затоа мајка му ќе си тажи што е сама на старост. Ама допринела за развој на светот со раѓање и растење на ваква личност. Иако не и за сопствената држава. Ете тоа е. Живеј државо, мотивирај ги вака непожелниве.

Отварај им го патот на можностите во светот, а ти зарибувај си во место со твоите слепи поданици и послушници. Така се расте, така се напредува“, е Фејсбук статусот на Александра под кој многумина коментираа:

-Тоа е нашата Македонија за жал, тоа се луѓето што ја направија Македонија таква… И така сите се превоспитавме секаде да молчиме, се да прифаќаме оти од лошо има полошо.

Додека другите ќе одат напред како држави и ќе ги земаат нашите стручњаци, ние ќе жалиме зошто сме во ваква реалност, превоспитани, несреќни, неисполнети, лажно успешни и ќе сонуваме дека некогаш нешто ќе се промени.

-Страшно и жално за Македонија. Не е само Боби, има многу наши деца надвор врвни стручњаци. Браво Боби и си среќа и само напред“, стои во дел од коментарите под оваа објава.

Фото: Freepic, Фејсбук принтскрин

Previous articleАтиџе се расплака пред германскиот претседател- му ја раскажа вистината за својот живот
Next articleКум по трети пат во Австралија- Ќе му отиде ли на Влатко Миладиновски бакшишот што го заработи на турнејата?