Home Live Овој луксуз го остави згодната сопруга на Јордан Митев- ја напушти Австралија...

Овој луксуз го остави згодната сопруга на Јордан Митев- ја напушти Австралија и се врати во Македонија- еве како ја покажува нејзината љубов кон саканиот (ФОТО)

– Во првите години од мојата кариера бев возбуден на секој нов настап во дијаспората, бидејќи секое ново патување за мене значеше отварање на нов свет, нови луѓе“, рече во една прилика во интревју за Радар Јордан Митев.

Но со текот на годините, еве ова веќе е 17-та година од мојата активна кариера , тие настапи станаа за мене нешто најнормално. На некој начин станаа секојдневие, а разликите помеѓу дома и надвор прилично се избалансираа и изедначија.По многу патувања.

За мене сега веќе не е важно каде ќе пеам туку ми е најважно како е организирано,во каква сала,со колку гости и сите професионални нишани за еден музички професионалец“, рекол Митев.

Јордан Митев во една прилика, додека гостуваше на ТВ Сител рече и дека песната „Жена за сто години“ е посветена на неговата сопруга Славица Митревска, со која е повеќе од 5 години во брак и раскажа како се запознале.

-Се запознавме во Австралија, мојата сопруга е родена таму, таму има живеено. Ете, така некако се споија работите да биде што биде и излезе да живееме овде. Во Австралија одиме прилично ретко“, рече Јордан па потоа се пошегува:

-Ваков човек како мене, лесно е да освои. Јас една година однапред бев закажан и така ете ги редевме работиме кога јас одев во Австралија професионално, да биде и приватно гостување.

Сега е малку отежнато одењето во Австралија, но генерално сме овде, овде живееме, овде функционираме.“, рече познатиот пејач познат по веселата атмосфера што ја прави секаде каде што ќе настапи.

Потоа, водителката Јелена го праша дали е романтичен, а пејачот одговори: Што пишувам љубовни песни, и мислам дека сум солиден. Мислам дека тоа сопругата треба да го каже“, откри пејачот.

Инакиу, моминското презиме на Славица е Митреска, Македонка родена во Австралија, со која бил врска околу една и пол година пред да се ожени.

Свадбата се одржа во Македонија во 2017 година, со сите обичаи, од собирање дома кај младоженецот до адетите за земање на невестата.

Иако уживаше во свадбената веселба, Митев, сепак, реши и самиот да им запее на гостите, напишаа медиумите тогаш.

-Во 2017-та правев свадба во Македонија, со сите адети. Мојата избраничка е Македонка, родена во Австралија.

Промените во животот се нормални и добро е да се случуваат,тоа значи дека човек живее и дека оди напред во животот.Секако дека наоѓам време за се .

Сега за сега, фала му на Бога , добро течат работите, а се надевам дека така и ќе остане. Кога објавив дека мојата избраничка е од Австралија,често ми го поставуваа прашањето дали сега ќе заминам таму.

Тоа е разбирливо, бидејќи знаеме каков е животот во Австралија, земја која спаѓа меѓу оние со највисок стандард во светот. Но,знаете како, не е се само во стандардот. Животот не е само во тоа колкава плата земаш, каква кола возиш…

Животот и среќата се многу многу повеќе од материјалното! И јас, како и повеќето во Македонија, сум бил често пати разочаран од многу работи овде. Но,на крајот од краишатата, ова е моја земја, овде е се што имам .

Јас ја сакам мојата татковина со сите недостатоци бидејќи овде е мојот корен,стебло и гранки.Можеби така размислувам бидејќи не сум научен на некојси раскош и луксуз.

Пораснав во многу многу скромни услови,знам што значи да си некаде на дното и затоа сега со се што имам сум среќен и задоволен.

Меѓу другото, мојата кариера се движи по добар пат и се надевам дека така ќе остане уште многу години.Затоа , јас со мојата сопруга останувам овде. За среќа , таа има разбирање и се надевам така ќе остане“, објаснил Јордан за Радар.

Славица, сопругата на Јордан многу не се експонира во јавноста.

Но, нејзините слики кои се достапни на Фејсбук, може да се забележи дека станува збор за многу атрактивна дама.

Таа на една слика го има покажано местото каде што живела во Австралија, убавиот поглед на плажа и на палмите каде што уживала.

Но, нема ништо поубаво од љубовта, па Славица сето ова го оставила и се вратила во родната земја, со својот сакан.

Колку го сака Јордан, таа покажува и со профилната слика која ѝ е токму со него, и со другите слики на кои се заедно, вљубени и насмеани, уживајќи во заедничките мигови кои ги споделуваат.

Previous articleВечниот Ју ерген кој се ожени со 24 години помлада жена го направи ова за Македонија- да се наежиш (ВИДЕО)
Next articleОстана без двата сопруга и пак гордо му се смее на животот: Вики Среброва се подмлади, изгледа како девојче