Home Live Еве какви стихови и посветуваше Боби на Агнеса: За мојот остварен сон...

Еве какви стихови и посветуваше Боби на Агнеса: За мојот остварен сон (ФОТО)

Aгнеса го привлекува вниманието каде и да се појави, но и со објавите на социјалните мрежи. Јавноста почна да зборува за неа во времето на пандемијата, кога среде разводот нејзиниот поранешен маж ја спомена во статус на Фејсбук.

„Луѓето беа затворени дома и тоа им дојде како шпанска серија. Ама, мило ми е што добив голема поддршка од жените, а некои од нив ми кажаа и дека после мене и тие собрале храброст за да се разведат.

Сите сакаат да живеат среќно, никој не сака да е во брак кај што сте како брат и сестра“, вели Агнеса за „Репортер“.

Во интервју за Гламур.мк зборуваше за тоа какви мажи може да ја освојат, но откри и многу детали од приватниот живот, за кои досега нема зборувано.

На прашањето дали Агнеса е вљубена, таа одоговори дека сѐ уште го чека вистинскиот, но откри и какви мажи би можеле да ја привлечат.

-Треба маж со еднаква аура за да можеме да бидеме на иста вибрација. Кај нас повеќето мажи се со ниска вибрација и леталото не знаат да го контролираат, па се рушат.

-Агнеса е нормална, живее нормално, се бори сама. Сакам луѓе до мене со висока фрекфенција на енергија, не сакам ниски вибрации никогаш. Каде што можам, помагам, изјави таа.

На прашањето пак дали е спонзоруша бидејќи е секогаш „скоцкана“ од глава до пети и живее на „висока нога“, Агнеса образложува дека има многу компензации и спонзори преку социјалната мрежа Инстаграм, а во врска со сопругот апсолутно тврди дека не е спонзоруша, бидејќи да била немало да опстане тој брак цели 18 години.

-Јас со Роберт се земав од љубов, млада бев, 19 години имав, бев бремена, Вивиен ја родив на 20, млада мајка, и тоа ми е многу убав момент среќен момент, Вивиен израсна во голема девојка, дури нејзините другарки посакуваат да имаат мајка како мене.

Роберт тоа тогаш кога го направи, беше мислам дека многу повреден, сепак бевме 18 години заедно, јас тоа го направив преку ноќ, едноставно така требаше да се деси.

Не беше убаво што го направи тоа на Фејсбук, и не беше убаво на некои луѓе што не ме ни познаваат да ми судат.

Не беа во мојот живот изминатите 18 години за да знаат јас ни што поминував. Тој беше прекрасен сопруг, прекрасен родител, татко, ама ете имало нешто што и јас сум го собирала и тоа пукнало.

Иначе Роберт тоа го направи во бес, сега сме многу добри пријатели, он е прекрасен татко, децата си ги гледа, и школо и сѐ, немам ни збор.

Јас веќе искрено во Роберт, и од него страна исто. Се гледавме како сестра, како брат, значи бевме едноставно партнери само за децата, и стварно ми требаше некој пресек да направам.

Млада сум сѐ уште за да бидам со некој што го гледам како брат“, објасни Агнеса во Бекстејџ.

Агнеса пред некое време ги покажа своите родители, како седат на ручек. Се гледа дека Агнеса многу си личи со мајка си, Гордана, а таа има и постара сестра, Аника.

Гордана е речиси иста како Агнеса, колку што може да се види од фотографиите кои ги има објавено на својот Фејсбук профил. Всушност, и Гордана многу сака да шета како Агнеса.

Пред некое време, Агнеса на својот профил го покажа евроазискиот орел-був со кој се сликаше:

-Евроазискиот орел-був (Eagle owl ) е вид на орел-був кој живее во поголемиот дел од Евроазија. Се нарекува и Уху и повремено се скратува на само орел-був во Европа.

Тој е еден од најголемите видови бувови, а женките можат да пораснат до вкупна должина од 75 см (30 инчи), со распон на крилјата од 188 см (6 стапки 2 инчи), а мажјаците се малку помали.

Оваа птица има карактеристични ушни прамени, со горните делови кои се шарени со потемна црна боја и кафеави.

Долните делови се со променлива нијанса, набраздени со потемна боја. Дискот на лицето не е многу дефиниран, а портокаловите очи се карактеристични за нив.

Агнеса го прослави својот роденден на 1ви декември, а на нејзиниот профил доби безброј честитки. Ако се навратиме, неколку години наназад, ќе видиме дека за Боби овој ден бил специјален, кога се родила Агнеса.

Пред да се разделат, тој ѝ посветувал песни од Блаже Конески, односно песната „Сон“. Во описот под стиховите, Боби тогаш напишал:

„Посветено на мојот остварен сон, Агнеса Орданоска, среќен ти роденден љубов моја“, а во прилог имаше и илустрација од лицето на Агнеса.

Previous articleМаријана од Австралија кажа зошто не би носела перики: Поевтино ми е да си купам шампон
Next articleБарбара првпат проговори искрено за Дарко и им порача на следните дечковци: Не сум тешка за одржување