Home Live Водителката Ведрана облече венчаница, а под неа ништо, сите ќе гледаат во...

Водителката Ведрана облече венчаница, а под неа ништо, сите ќе гледаат во овој детаљ (ФОТО)

Ведрана Ѓорѓевиќ со манекенство почнала од 17 години на првата Модна недела која во тоа време се одвиваше на Скопски саем, но повеќе работела како модел и снимала реклами и каталози.

Вели, во секој случај е убаво искуство но не се живее во Македонија од манекенство. Се уште работи како модел и често пати се случува да снима реклами, а сега и е водителка на емисијата Голден Карпет која ја води заедно со Мирослав Кацаров.

Таа е позната по многуте тетоважи што ги има и раскажа за нив во една прилика во Женски магазин, всушност која порака се крие зад која тетоважа и како ги смилила токму нив.

-Првата тетоважа ми се букви ,,Independent“ или независна… Тоа не се промени до ден денес. Многу ми е важно да сум независна и слободна, сепак сум Риба а рибата е најсреќна само кога може слободно да плива.

Втората е „Be yourself“ со пердув која што на некој начин е продолжение на независна. Што и да правиш во животот и за што и да се одлучиш да го живееш животот биди тоа што си, и немој да се изгубиш себеси во процесот на растење и живеење.

Третата ми е Карт ана -светот на стапалото, едноставно е…. Обожавам да патувам, со секое патување сум се побогата, а овие стапала ќе го прошетаат светот. Четвртата и последна за сега тетоважа, уште не сум ја промовирала.

Направив крила на долниот дел на грбот, веројатно како локација немаше никогаш да го изберам тоа место, меѓутоа покрај тоа што сакав да го разубавам телото со тетоважа, сакав да ги покријам и стриите.

Симболиката на крила се знае Слобода, така што на крај испаднаа ,,две муви со еден удар“-стрииите покриени, кожата разубавена со уште една слика“, кажала Ведрана. Во интервју за betty.mk, таа има изјавено:

-Не можам да кажам дека сум имала желба да работам на телевизија, сѐ се случи спонтано и многу сум среќна што е така. Да не беше така, веројатно немаше да имам самоиницијатива за таков чекор.

Пред цели 15 години телевизијата „Канал 5“ имаше кастинг за девојки и момци, кои ќе бидат презентери на временската прогноза, јас бев препорака на Живкица и Дадар кај тогашната програмска директорка Весна Петрушевска-Бејби и така почна целата приказна.

Кога првпат застанав пред камерата, се чувствував многу природно, како цел живот да сум го работела тоа.

Во тоа време Владо Младеновски беше дел од „Канал 5“ и нема да згрешам ако кажам дека тој беше човекот од кој добив најмногу совети и најголема поддршка.

„Канал 5“ е мојата матична телевизија, повеќе од 10 години работев во неа и по петгодишна пауза, сега сум повторно во најдобрата национална македонска телевизија.

Планинарењето е моја огромна љубов. За здраво тело, но повеќе здрав дух, верувајте, планинарењето е вистинскиот избор.

Често може да ме видите на Водно и можам да кажам дека тоа е одлична физичка и ментална вежба, поврзувањето со природата е враќање кон себе и секогаш има бенефити.

Се качувам на планина и таму грижите веќе не постојат, само јас и планината. Како што веќе споменав, вежбам и планинарам, а иста така сакам и пливање. Но, во здрав начин на живеење морам да ја споменам и јогата, која навистина помага и треба да биде дел од сечиј живот“, рекла Ведрана.

Потоа, здравиот начин на живеење не можам, а да не го поврзам и со книгата. Уживам во читање и мислам дека не постои поквалитетно поминато време од читање добра книга.

Исто така, храната и пиењето доволно течности секако се важен дел од нашето секојдневие. Ако не внесуваме храна што е погодна за нашето тело, тоа ни дава знаци веднаш и ќе немаме доволно енергија.

Балансот е за сѐ најважен во животот, но не секогаш се хранам здраво и не секогаш се однесувам по прописи, ако некој ден не ми е до вежбање или ми се јаде храна што не е на моето секојдневно мени, иако знам дека не е здрава, си го слушам своето тело“, додала таа.

На почетокот од оваа година, Ведрана на Инста објави видео од Малдивите каде што одмара со својот дечко. На романтичната снимка, Ведрана со дечкото ужива на рајска плажа.

Вљубените чекорат прегрнати по вода, а Ведрана на една од снимките ја покажа тетоважата на грбот, но и тaнгaта која одлично ѝ стои.

Ведрана прослави една година со својот сакан во свгуст оваа година, и по тој повод на Инстаграм напишала интересна и оригинална честитка: Овие двајца глупсовци слават една година заедични глупости. Кој сака нека честита!“, напишала Ведрана до оваа објава.

Ведрана е убава невеста, или барем ќе биде кога ќе се омажи. Убавата водителка се сликаше во венчаница која ја носела на настан, а на неа се истакнува со еден детаљ.

По венчалниот фустан, таа не ноди град ник, а моделот кој е со корсет го покажува деколтето на Ведрана, за прв пат во вакво издание. До оваа фотка што ја шернаа, таа напишала: Саем на венчавки, од 10 до 12 март 2023.

Дотогаш, можеби Ведрана ќе се омажи, со оглед на тоа што не крие дека е заљубена и среќна иако не знаеме многу за нејзиниот дечко чии слики има објавено по социјалните мрежи.

Previous articleОстана без двата сопруга и пак гордо му се смее на животот: Вики Среброва се подмлади, изгледа како девојче
Next articleЗапочна летната сезона за Татјана: Мини фустанче, стегнат струк, позгодна не била никогаш (ФОТО)