Home Live Започна летната сезона за Татјана: Мини фустанче, стегнат струк, позгодна не била...

Започна летната сезона за Татјана: Мини фустанче, стегнат струк, позгодна не била никогаш (ФОТО)

Татајана Лазаревска изгледа одлично, а на тоа се должи нејзинот брз начин на живот. Нашата пејачка која со сопругот Новица и синовите Петар и Стефан живее во Австралија, неодамна изјави:

-За мојата линија најзаслужна е мајка природа, хахаха. Потоа, секојдневната домашна гимнастика (чистење и средување по куќа) и периодична посета на теретана, тоа е сега за сегa“, рече таа.

-Новица и јас често зборувавме како сакаме да живееме надвор од границите на нашата држава, за да ја збогатиме нашата биографија“, рече Татјана во интервју за „svet-australia.com.“

Но и тие, колку што можностите дозволуваат доаѓаат дома во татковината кај наблиските. Татјана има мајка, Снежана, а татко и за жал го има напуштено овој свет.

За болката откако останала без својот татко, во една прилика, Татјана ја има раскажано целата приказна, во „Женски Магазин“ за тоа како се тешела по оваа голема загуба.

– Вечерта кога татко ми си замина имав настап во Гостивар. Го откажав, тоа беа најтажните моменти во животот. После две недели имав настап кој беше претходно закажан, можев да го откажам, но не го сторив тоа.

Меѓутоа, фолкерката освен за пеење има и друг талент односно подготвување на торти со разни декоративни украси.

Имено, како што се пофали на социјалните мрежи, пејачката со помош на нејзината другарка, пејачката Марјана направиле торта во форма на срце, со ружи и разни декорации.

„Драги наши, ова слатко задоволство што го гледате, го направив јас со огромна помош на мојата креативна друшка Марјана Новачевска. Уживајте во глетката.

П.С Јадете со очи“, напиша таа и се пофали со крајниот резултат.

Очигледно пејачката е мајстор во кујната и знае да направи торти како да се од слаткарница, а нејзините виртуелни пријатели веднаш ја пофалија.

-Со оваа работа, мислам на музиката се занимавам веќе 25 години, но по образование сум професор за предучилишно образование, па така и овде во Австралија продолжив со образованието во таа област.

И еве сега работам како учитeлка во градинка и ми е интересно да работам со деца. Секој ден со ново искуство и така заборавам на сè што се случува во светот.

Точно, се пресeлив во Австралија, а главна причина беше: на децата да им даде можност за поразлична иднина. Нема да кажам поубава, ќе кажам поразлична.

„Вистинска причина за тоа беше што во Мелбурн имаме повеќе пријатели кои ни помогнаа околу адаптацијата, а климата овде е слична на нашата во Македонија. Поточно, на нас не ни е важно каде сме туку со кој сме.

Мојата мајка е жена со големо срце и љубов за сите. Нејзините посети ни го разубавуваат секојдневниот живот. Најсреќни сме кога сме заедно“, рече Татјана, а потоа зборуваше за својата нова куќа.

-Куќата е прекрасна, веднаш почувствуваме позитивна енергија кога ја баравме и затоа ја купивме.

Секако дека чувството е прекрасно, живеењето во своја куќа уште повеќе го зголемува чувството на припадност на ова друштво“, изјави Лазаревска.

Татјана објави видео како ужива во лукзузна хотелска соба, во Голд Коуст во Австралија. Прво ја прикажа својата хотелска соба, а потоа го покажа погледот на кои многумина би завиделе.

Татјана всушност ја шета Австралија за да пее на забавите на нашинците, но овие патувања го користи и за да ужива во убавините и луксузот на оваа земја.

Овде ни е многу убаво. Одмараме, пливаме, шетаме, се дружиме со пријатели што живеат овде како на пример Јове Жабарот и Дарко Мијалковски кои живеат во Бризбејн, кој е на еден час возење од тука“, раскажа Татјана.

– Зимите во Мелбурн знаат да бидат многу ладни, со сув студ… Во близината има и места со снег, така да многу е слично како кај нас, додека пак овде е многу потопло и во зима.

Да речеме сега сме во пролетен период и температуриве овде се околу 20 до 25 степени. Доволно за пливање во океан“, раскажала Татјана во една прилика.

Таа е многу задоволна од сместувањето и вели дека и на неа и на сопругот им е потребен одмор по серијата настапи кои ги имаа изминатиов период.

– Има прекрасен поглед од апартманот кој е на 18 кат. Инаку, зградава има 41 кат“, додава фолк пејачката.

Во Мелбурн oд 1 декември започнува летото, па Татјана се раскомоти на жешкото и облече црвен, краток фустан, стеснета кај струкот.

Видно насмеана, пејачката се фотографираше покрај црвените ружи кои беа во иста боја со фустанот на Татјана. На сликите, Татјана изгледа многу згодна, како никогаш досега.

Previous articleВодителката Ведрана облече венчаница, а под неа ништо, сите ќе гледаат во овој детаљ (ФОТО)
Next articleМаријана од Австралија кажа зошто не би носела перики: Поевтино ми е да си купам шампон