Home Live Остана без двата сопруга и пак гордо му се смее на животот:...

Остана без двата сопруга и пак гордо му се смее на животот: Вики Среброва се подмлади, изгледа како девојче

-Стареам достоинствено, без ботокс и филери.“, изјавила во една прилика нашата позната фолк пејачка Вики Среброва, која важи за убава и средена жена, иако нејзиниот животен пат не бил баш лесен.

Некои жени се гордеат со брчките на своето лице. Бидејќи секоја од нив е симбол на еден дел од животот, кој го обележале успеси и падови, на приватен и на професионален план.

Вики Среброва (66) естрадна уметничка, е една од нив. Таа гордо ги носи своите години испишани на лицето.

Единствена корекција која ја напралила е липосукција на подбрадок пред 11 години, кога беше водителка на своето ток шоу „ Викивизија“, објави Женски магазин во една прилика.

Дури не употребувам козметика за лице, ниту пак одам на козметичар. Колку и да ви звучи чудно, но најдобро средство за нега на лицето е водата. Кога одам на настан или излегувам со пријателките ставам само пудра, кармин и римел.

Тоа е доволно да ми се покријат старечките брчки, а да ми се истакнат устата и очите – открива таа.

Вики Среброва во 1972 година ја стекна титулата „Најубава насмевка на Југославија“ која и ја додели весникот „Вечерње новости“. Во 1973 стана прва придружничка на Мис на Македонија, а потоа беше и меѓу шестте најубави девојки на изборот на ниво на Југаславија.

Во 1974 стана „Мавровска убавица“. Паралелно беже анагжирана и како манекенка. Нејзината убавина не бледее ни до ден денес. Младешката убавина и сега се познава на нејзиното лице.

-И во времето кога се занимавав со манекенство, шминката ја вадев само со вода. Не употребував креми. Уште тогаш сметав дека тие се хемија која може да и наштети на лицето.

Немам потреба да користам ни природна козметика. Не ставам ни млеко за тело. За туширање ги користам само производите на „Дов“.Се трудам на најстарата внука да и ги пренесам моите совети за нега.

Се противам што оди на козметичар, бидејќи има пубертетски мозолчиња. И велам дека тоа е природен процес и ќе и помине. – појаснува Вики за Женски магазин. Таа е мајка на два сина и ќерка и баба на пет внучиња. Тие се за неа најголемото богатство..

-Поминав низ многу перипетии и тешки мигови во животот. Но, свесна сум дека со сила убавина не бива. Во животот има две алтернативи „или живеј или ум ри“ или „полковник или пок ојник“. Го одбрав животот.

Сакам да живеам. Богаството не е во парите. Во семејството и искрените и вистинските пријатели. Јас тоа го имам. Затоа секогаш велам дека сум многу богата – вели Среброва.

Двапати останувала без сопруг, поради нивната изненадно упокојување, па морала како самохрана мајка со три деца да се бори и снаоѓа како знаела и умеела. Но, никогаш не паѓала во разочарувања.

Голема радост во мојот сегашен живот се и моите внуци, секако покрај моите три анѓели, моите деца, синовите Бато и Нико и ќерката Ели, се разбира со снаите и зетот. Со сите нив ја наоѓам смислата на животот, раскажува Вики Среброва за ВЕЧЕР.

Во едно интервју за Фокус пред неколку месеци, таа си го отвори срцето и раскажа дека воопшто не ѝ е лесно во животот, и дека е во тешка финнансиска состојба.
Го поминав животот на македонската музичка сцена, оставив во нашите ризници над 80 авторски песни.

За ,,Фокус” таа вели дека веќе не е на возраст кога може да има редовни настапи во локали, бидејќи времето си го направило своето. На сцената доаѓаат нови имиња, млади пејачки, владеат силиконите и турбо фолк песните, а себе не се пронаоѓала во тој животен стил.

Се срамам да кажам, но тоа е вистината, не би можела да преживеам без финансиската помош од моите деца. Јас сум мајка на три деца, баба на пет внучиња, зарем тие треба за мене да се грижат? Наместо во овие тешки времиња да си ги гледаат семејствата, мора да мислат и на мене.

Плачам секогаш кога децата ми даваат пари! Ете, до таму сум доведена, оти сите институции се глуви за мене и за мојата состојба.

Барав од Министерството за култура да ме поддржи финансиски, да издадам албум, да направам промоција, но бев одбиена. Нели го заслужив барем тоа? –револтирано прашува Среброва.

Вели дека иако е соочена со тешки предизвици, сепак борбениот дух и останал. Весела по природа, позната како голем другар, таа појаснува дека семејството и пријателите и ја даваат силата да продолжи напред, и покрај сите тешкотии кои ги има.

-Ме држи тоа што се дружам со моите блиски пријатели, што тие не ме оставија во ниту еден момент. Семејството ми ја дава најголемата сила, блиските луѓе се моето богатство. Сите знаат низ што минувам, со што се соочувам…

Во ова време, кога цените вртоглаво растат, кога луѓе кои се со многу повисоки примања не знаат како да го поминат месецот, нема потреба да појаснувам како се живее со 6.000 денари.

Во септември оваа година, во нејзина одбрана застанала близка пријателка која ја раскажала приказната на Вики со која се знае и се дружи триесетина години. Ова го напишала во Фејсбук статус Оливера Станкова:

-Добар ден пријатели, и напријатели. Откога се испука те дека Вики СРЕБРОВА, не е за жалење, дека била некогаш богата! дека други уметници ништо не земале од државата, зошто не плаќала придонеси, да си кажам јас. Вики СРЕБРОВА е убава жена.

Ја сакале мажите, но дали ја разбрале, како многу други жени. Ја знам добри 29 год. Сум била во најзиниот дом. Сум била пречекана, угостена и почитувана. Таа кај мене само еднаш. Вики работеше како лавица.

Немаше град, или село каде не пеела и чесно заработувала. Публиката ја сакаше. Немала хитови, не пеела. Па како тогаш полнела кафеани и ресторани. Мислите дека Српските звезди пеат само на стадиони.

Малку знам од нејзиниот живот, но знам дека децата и се воспитани и чесни луѓе. Нико Сребров прерасна во професионалец со помош на Вики. Кога го градеа домот во ЃОРЧЕ ПЕТРОВ, го градеа заедно, со упокоениот Душко.

Родителите на Вики ја заложија куката да и помогнат. Но овде живеат луѓе на кој не им се допадна идеата. Само да го грабнат веќе направеното. Не споредувам но светската звезда ТИНА ТАРНЕР беше на дното.

Ја извлекоа луѓе, и ја вратија на сцена. Но тоа е светот. А ние. Кога паѓаш уживаме во падот. Дали Вики има тешки моменти, сакала да ги сподели со вас. Греота е тоа што пишувате по социјалните мрежи. Вики е силна.

Има фамилија и душа. Но ние наместо да плукаме по моќните, ги бираме послабите. Што ни можат нели. Џабе цркви џабе молитви. Без визија и чиста мисла одиме во сопствен пекол. Извинете но никој не навредив“, стои во овој статус.

И покрај овие маки, ако го погледнете нејзиниот Фејсбук профил, ќе забележите колку оваа жена е весела и позитивна. На новите слики кои ги обајвила таа изгледа барем десет години помлада, и госро им пркоси на сите предизвици.

Previous articleОвој луксуз го остави згодната сопруга на Јордан Митев- ја напушти Австралија и се врати во Македонија- еве како ја покажува нејзината љубов кон саканиот (ФОТО)
Next articleВодителката Ведрана облече венчаница, а под неа ништо, сите ќе гледаат во овој детаљ (ФОТО)