Home Live Брена за 12 часа стана најголема ѕвезда: Нејзината мода со ананас во...

Брена за 12 часа стана најголема ѕвезда: Нејзината мода со ананас во хулахопки е чиста уметност (ВИДЕО)

Во една прилика, Лепа Брена за себеси раскажа во што е многу лоша. „Јас сум многу лоша готвачка. Многу сум подобра организаторка. Готвам само ако морам или ако децата ми побараат. Инаку, знам сè да готвам“, изјави Брена.

Таа раскажа за своето детство во Босна и Херцегодина, во гратчето Брчко каде што пораснала. Детството не ѝ било многу лесно.

„Кога бевме мали, мајка ми нѐ учеше да месиме леб, за да не мораме надвор да одиме да купуваме кога беа силни зими.

Навечер месевме леб за да го имаме свеж за на сабајле, а преку ден правевме мекици и пити.

И ако ме прашате кој е најубавиот спомен кој веќе на себеси не можам да си го дозволам, тоа е да го замесам лебот навечер, утредента да го испечам, и потоа да го јадам со домашен путер и со оној познат џем од сливи кој во себе ги имаше и лушпите.

Некои можеби претпоставуваат дека денес нашата куќа мириса на парфеми и на некои вештачки мириси, но сепак, нашиот дом најмногу мириса на храна.

Големо семејство сме, сакаме да се собереме на маса и заедно да јадеме, тоа ни е традиција, само што јас некако се научив да живеам под рачна кочиница поради љубовта кон мојата работа и поради почитта кон моето здравје.

Во овие години, треба многу повеќе да се негуваме“, рече Брена која со Боба Живојиновиќ прослави 29 години брак.

„Мислам дека на овие наши простори е многу здодевно ако речете дека живеете еден нормален живот.

И тие написи се нешто што ги одржува читателите на порталите. На таквите луѓе не им е интересно ништо што е нормално.

А ние сме едно нормално и здодевно семејство. Медиумите нека си работат својата работа, ние нема да демантираме“, рече Лепа Брена во една прилика.

Пејачката Лепа Брена ја тестираше издржливоста на своите чорапи „Lady B“ и со вирално видео предизвика хаос на социјалните мрежи. Таа во интервју за „Нова.рс“ вели дека не очекувала таков интерес за видеото и открива дека сето тоа било идеја на нејзиниот сопруг, Боба Живојиновиќ.

„Боба ја даде идејата. Сѐ друго е веќе видено, стерилно. Ананасот главно се распаѓа, што е неверојатно, но чорапите остануваат цели“, започна Брена за „Нова.рс“.

„Прво го снимивме за „Sвезде Гранда Специјал“, потоа повторно го снимивме во нашата компанија и го објавивме на социјалните мрежи. Не го очекував ова лу дило.

Хаос е на социјалните мрежи. Важно ми е хулахопките да бидат врвни. Тоа е 70-дневен експеримент. Тој експеримент не го направив со другите“, изјави пејачката за порталот.

Пејачката Лепа Брена ја тестираше издржливоста на своите хулахопки „Lady B“ и со вирално видео предизвика хаос на социјалните мрежи.

Имено, Брена сакала да покаже дека нејзините чорапи се непробојни, односно дека не се лесни за кинење – а за потребите на својот експеримент земала ананас и го пикала во хулахопките.

Потоа го пуштила ананасот да виси во чорапот, а потоа почнала да ги врти чорапите во круг.

Видеото брзо стана вирално на социјалните мрежи, а луѓето не престануваат да се шегуваат на сметка на Брена, но се воодушевени и од издржливоста на нејзиниот производ.

„Не носете ги овие на баба, ќе мора да го продадеме имотот за семоќните хулахопки на Брена“, гласи друг шеговит коментар.

„Убавата Брена што ги малтретира чорапите изведувајќи разни акробации со ананас за да го докаже нивниот квалитет е изведба на концептуална просечност за која не знаев дека ми треба“, гласи друг коментар.

Инфлуенсерот што го заслужуваме“, гласи друг коментар.

„Вратете го Сунѓерот Боб дома“, гласи друг коментар.

Видеото може да го погледнете ОВДЕ.

Previous articleСани на гости кај дечко ѝ во Швајцарија со ќерките, еве колку чини една ноќ во спа хотелот каде што ужива (ФОТО)
Next articleИмам 34 години и откако станав мајка имам болно краток фитиљ и срам ми е да кажам дека ги изгубив нервите