Home Live Едниот го фати на дело со друга, за другиот кажа дека не...

Едниот го фати на дело со друга, за другиот кажа дека не сака да го носи на грб- Ваков љубовен живот имаше Благица Павловска

Според животната филозофија на Благица Павловска, многу е важно за секој човек како созреал и каков пристап има кон нештата. Има луѓе, вели фолк-ѕвездата, што се плашат од мравка и од сето она што не е човек.

Благица себеси се смета за цврста личност и за неа, оние луѓе кои имаат плашлив дух, секогаш ќе имаат проблеми.

„Човек што зад себе има големо искуство и не ги гледа работите со страв, треба да биде сигурен во себеси, и во тоа дека ништо нема појако од него самиот, изјави неодмна во едно интервју и додаде:

Ние се калиме на многу искушенија, се калиме од непријателските дејствија кои нè стре-лаат од некоја причина. Јас коро-ната ја сметам како еден вид таков вирус, што е испратен“, раскажала пејачката во Женски магазин.

Благица е голем љубител на животни и помага секогаш кога може на бездомните животни, затоа што тоа ја прави среќна.

Периодот на изолација поради ситуацијата со вирусот Ковид-19, познатата пејачка Благица Павлоска го помина во својот дом. Убаво се одмори и заврши бројни обврски по дома, но секако дека не ја запостави и музиката.

Мене ми одговараше да бидам затоа што си завршив многу нешта што сакав околу куќата.-истакна Павловска за гледачите на ИН ТВ. Јас се чувствувам одлично и спремна сум за понатаму.

Се чувствувам како да почнувам повторно од почеток нешто и мислам дека ќе има успех. Иако знам некогаш да паузирам, да се повлечам и слично, меѓутоа не спијам секако имам многу песни што треба да ги работам.

Јас разговарам со Бог, може за некого е смешно, ама јас разговарам, а Бог ме слуша. И фала му на Господа, до сега ме заштитил од многу ситуации“, изјави Благица.

Благица ги почитува адетите, па на својот Фејсбук профил го покажа нејзиниот дом и јајцата кои ги вапцала за Велигден минатата година. Таа во една прилика исто така изјави дека станот ѝ е светилиште, па може да се забележи дека во своето катче Благица има доста икони, а на една фотографија таа сподели и молитва.

Во една прилика, медиумите, објави дека наскоро ќе биде објавена автобиографијата на познатата пејачка- Благица Павловска со наслов „Горка вистина“.

Тоа е книга за искуствата, тагата, среќата, успесите и падовите во животот на фолкерката Благица Павловска.

Освен што целиот живот е посветена на музиката и пеењето, Благица најави дека е во обид да го раскаже својот живот на хартија, а тоа да биде достапно и за пошироката јавност.

-Многу работи поминав во животот. Сакам да ги споделам со публиката. Поради тоа ќе напишам автобиографија во која ќе има делови и за кариерата, но и за приватноста, и мажите во мојот живот, изјави Благица.

За жал, оваа книга се уште не ѝ е достапна на јавноста а поминаа повеќе години откако е најавена. А вака накратко изгледа љубовнииот живот на нашата фолки дива досега:

Според пишувањата на медиумите, Благица прво беше мажена за човек од Србија, а потоа за Саше, македонец кој живееше во Италија, и се венчаа на многу необично место, во зат вор додека тој ја издржуваше каз ната.

Како што пишуваат медиумите тогаш, Саше се вратил во Македонија и живеел со Благица, но таа откако дознала дека го изневерува, и нашла доказ за тоа- смс пораки од други жени, го оставила.

Потоа, таа пред пет години изјави дека конечно ѝ се погодил третиот маж, Тале, но и со него се раздели и му се посвети на својот духовен мир.

-Среќна сум што го најдов својот мир покрај човекот на мојот живот – мојата сродна душа. Едно е многу важно во животот, кога човек ќе ги надмине оние физички побуди од ст раст кои немаат значење и не ти го полнат срцето.

По последниот бродолом кој ми се случи на приватен план, решив да направам пауза и да се посветам на самата себе, да си ја смирам душата и едноставно да се излечам. И тогаш, најспонтано се заљубив, во човекот кој во моментов седи со мене и ми го храни срцето.

Ова не е една од тие љубови кои брзо се палат и гаснат. Во оваа врска имам силна духовна поврзаност, љубов и почит, а тоа е најважно”, не пропушташе да каже фолк-пејачката Благица Павловска за својата љубов Тале.

– Мажена сум, но не знам дали тоа така ќе остане засекогаш. Знаете како, сите сакаат да бидат со Благица, јас сум човек кој што на грб ги носи сите, но поради тоа што се им олеснувам, почнуваат да летаат во облаци и мислат дека јас секогаш ќе бидам тука за нив.

Ама не е така, одговор кој доволно покажува дека „коцките не се на број“ – изјави Благица за Бекстејџ во една прилика.

Сега, таа е сама, а нејзините обожаватели но и целата јавност се сигурно во искчекување на книгата во која Благица ќе ги каже сите детали од нејзиниот возбудлив живот.

Previous articleЗоран Ванев живее како најголема ѕвезда, уживаше во џакузи и раскажа приказна какви се Французинките и Германките (ФОТО)
Next articleЛенче Кукиќ искрено проговори за бакшишот што го добиваат на настапи со сопругот Горан