Home Live Ќерката на Силви Плевнеш ѝ се обрати на нејзиниот, ромски јазик- Ова...

Ќерката на Силви Плевнеш ѝ се обрати на нејзиниот, ромски јазик- Ова ѝ го порача Деа на мајка си (ФОТО)

Во Старата скопска чаршија, во “Сули Ан” премиерно пред скопската публика беше изведен мјузиклот “Ромален” на двоецот Силви бенд во 2020 година.

Станува збор за аудио издание на сопружниците, седмо по ред, кое преовладува со рустичност, древност и оригиналност, а во перформансот учествуваат околу 15 луѓе.

„Добровечер драги гости, чест ми е што вечерва сте овде и сте дел од премиерата на нашиот перформанс, беа зборовите со кои Силви го отвори концертот и ја запеа неповторливата “Џелем, џелем”. Ред стихови, ред музика, ред танц…

Многу страст, по некоја солза и измешани емоции. Силви од срце пееше за својот народ, за Ромите, за кои прокоментира:

Ромите отсекогаш биле угнетувани, неразбрани… Ние сме еден од најнапатените народи во светот. Јас сум горда Ромка, ние сме добри луѓе, полни со страст, емоции и љубов. Преку “Ромален” тоа сакав да и го прикажам на пошироката јавност и еднаш засекогаш да ги разбијам тие стереотипи.

Влатко, пак, дополни и откри дека “Ромален” всушност значи “луѓе” и рече дека наскоро мјузиклот ќе биде претставен во сите градови ширум земјава, а планираат и голема турнеја надвор од нашите граници.

Ова е втор проек од ваков тип за двојката, пред повеќе од 15 години го осмислија и мјузиклот “Коштана” кој наиде на одличен прием кај публиката и до ден денес се зборува за него“ , објави Република.

Силви и Влатко во една прилика имаат изјавено дека не им давале да се сакаат дека таа била Ромка а тој Македонец. Родителите многу се противеле на оваа љубов, но на крајот таа победила и Силви и Влатко се денес среќни со својата ќерка.

Силви бенд или Влатко Плевнеш и Силвана Мучиќ- Плевнеш се музичко- брачно дуо кое и во музиката и во љубовта опстојуваат долги години. Тие ја имаат ќерката Деа Делина.

Познати се по своите хитови: „Ме полудуваш“ и „Ангели ме носат“, песната која ја сакаат сите генерации.

Силви и Влатко Плевнеш се заедно од студенските денови. По долги годиони во брак, сега живеат во населбата Козле, по куќата која ја дизајнирале по нивен вкус и има специфилен ентериер.

– Клавирот како мотив е застапен на главниот надворешен ѕид, и на балконот меѓу двете нивоа во куќата.

Имаат дури три вистински клавири, од кои најимпресивен е белиот на кој често си пеат и свират за своја душа, и еден бел над него, закачен наопаку на таванот.

Белиот клавир, бели кожни гарнитури, се во бело. Интересни уметнички слики, и камин во салонот, кој дава посебна топлина.

“Куќата има околу 400 метри квадратни, ја направивме пред пет години, за шест месеци од почеток до крај”, За амбиентот на нивниот дом Силви, заедно со нејзината пријателка, стилистката Лидија Перчинковска, го бендисувала и купувала мебелот.

Со многу стил, префинетост и елеганција дише секој дел од нивното семејно катче“, рекоа Силви и Влатко за Музика.24.

Белото е симбол на светлина, чистота, невиност. Смирува. Затоа ја сакаме таа боја. Тргнавме од онаа така наречена “калуѓерска практика” (кревет, масичка и свеќа), а потоа наградувавме со детали и куќни предмети, зошто лесно е од убаво дизајнирано да премине во натрупано, и кич”, вели Силви во истото интервју.

Порталот Reporter.mk на својот Инстаграм профил, порталот објави најавно видео во кое Влатко и Силви раскажуваат како се запознале. Влатко вели дека не му било лесно да ја освои Силви.

– Многу време ми требаше да ја освојам Силви. И кога се појави на факултетот, тоа беше една бо мба, авион.

Значи, немаше машко на факултетот коешто не беше заљубено, или не ѝ се удвараше. Што студенти, што професори.

Меѓу сите мислам, и јас нормално. Добро сега, тешко беше освојувањето, признавам. Побрзо ќе се качев на Монт Еверсет него да ја освојам нејзе“, рече Влатко,а на ова се надоврза Силви.

А, Влатко притоа, беше неверојатно упорен. Не знам некако, од под излегуваше, ќе се појавеше од некаде, и кога ќе се залепи значи, нема мрдање цел ден.

Јас кога ќе седнев да вежбам, од некаде Влатко ќе влезеше во училна, ќе седне до мене на столица за клавир, ди помогне нешто тука сега за вежбање, и нема мрдање“, додаде Силви за својот сопруг.

„Се затрескав, ми се пресекоа нозете кога ја видов“, изјави Влатко Плевнеш претходно во емисијата на по којниот Драган Вучиќ, „Возење со Вучиќ“.

Инаку, Деа пред извесно време споделила статус кој се однесува на музика која ја пеела нејзината мајка Силви, и ѝ се обратила на нејзиниот ромски јазик во еден дел.

Сеќавање на убавата ромска музика на мојата мајка. Не е најдобар квалитет на звук на телефонот, но одлични вибрации и спомени. Но, те сакам (мангава тут), рекла Деа за својата мајка.

Деадлина Плевнеш живееше во Холандија каде што дипломираше џез-тапани, а работи и како диџеј во Скопје, што може да се види на нејзиниот Фејсбук профил.

Previous articleСе поубава и поубава- Каролина блеска во друштво на овој човек- малку шминка и убав фустан ѝ е доволно да изгледа вака (ФОТО)
Next articleОваа убавица му е сопруга на Симон Трпчески, цврсто го прегрна својот сакан со посебен повод, облечена во уникатна креација (ФОТО)