Home Live Дунавка одговори на прозивките за кучето и за тоа дека е со...

Дунавка одговори на прозивките за кучето и за тоа дека е со двојни аршини

Темпераментната и харизматична манекенка Дунавка Труфуновска чија примарна професија е фармацијата, многумина ја познаваат и поврзуваат со бројни модни ангажмани како во Македонија така и надвор, напиша Фешнел во една прилика.

Водена по желбата да се биде амбициозен и професионален кон своите аспирации, таа успеа да основа своја модна агенција насловена по иницијали од своето име и името на нејзиниот брат близнак („D+D Fashion Woman“).

Дунавка се закити со низа модни признанија, беше меѓу првите професионални манекенки што зачекорија на домашната модна недела, а и сега често ја гледаме на скопските и белградските модни писти во креации што најчесто се „шлагот“ на колекциите.

-Јас сум заљубена во Белград, во Скопје сум родена, во неговата срж, мојата зграда лежи на кејот на Вардар, прозорот од мојата соба го прегрнува Вардар. Но тогаш бев дете и како дете размислував.

Само што се запишав на факу лтет се случи војната и веќе ништо не беше исто.

Во Скопје имам голем капитал од моите родители, моите две фирми кои што вршат и хумана и спонзорска дејност додека целиот креативен потенцијал и идеја ми се во Белград и луѓето со кои што работам се вистински професионалци во модата.

Македонија има невиден креативен потенцијал на кој му недостасува добар PR сите овие петнаесет години. Сите дизајнери што работат надвор сами го истрасираа својот пат со исклучок на неколкумина.

Добро е што македонските дизајнери увидоа дека сами треба да инвестираат во својот креативен пат и тие што први тоа го согледаа стигнаа најдалеку. Така и треба да остане.

На македонската модна сцена владеат жените за разлика од другите балкански модни сцени каде што владеат мажите. Машкиот креативен дизајнерски израз недостасува во мозаикот и тоа не може ништо да го надополни.

Младите генерации се супериорни во идеите и поставките. Следниот чекор е да најдат луѓе кои што ќе инвестираат во тие идеи“, изјави Дунавка во ова интервју за Фешнел.

Манекенката Дунавка Трифуновска и Ване Цветанов се свршија во Охрид, а интересно е како започнала нивната приказна.

Ване Цветанов ја објави веста за свршувачката со Дунавка на својот Фејсбук профил. По објавата во која тој го напиша следново, пристигаа бројни честитки.

Во една прилика пак Дунавка за љубовта за Ване кажа:

-Со Ване се познаваме две години ама онака, од видување, излегувавме на исти места. Тој не е мој профил на дечко, сум го гледала со други очи, на поинаков начин, кажа таа за сопругот кој беше претседател на Совет за унапредување и надзор на ревизијата.

На почетокот од пваа година, Ване Цветанов е разрешен од раководната позиција во Советот за унапредување и надзор на ревизијата. Цветанов е разрешен по информациите за ангажирањето на сопругата во оваа институција. Тој ја ангажирал сопствената жена, манекенката Дунавка Трифуновска да му помага во работењето.

Новинарката Мери Јордановска напиша статус кој е поврзан со Дунавка Трифуновска, и наиде на доста коментари од оние кои ја следат, особено од оние кои живеат во истата населба како и Дунавка, Капиштец во Скопје.

-Епа вака, за да не се мачите повеќе да го огласувате. Ова е Оскар. Куче кое животот го поминува по улици, претежно во реонот Капиштец. Ова куче е чипирано. Има сопственичка по име Дунавка Трифуновска, наша позната естрадна „ѕвезда“.

Епа Дунавка, на сите овие луѓе им одзема време секој ден да го огласуваат нејзиното куче кое скита по улици. Законот вели дека куче со сопственик не смее да скита по улици, ама кој го врти законот кога е Дунавка во прашање.

Ај што им одзема време на луѓето што гледаат да се совесни, туку Дунавка нѐ учи сите што значи да си нечовек, да си нехуман, нѐ учи што е неодговорно сопствеништво.

Дополнително, Дунавка нѐ учи дека Агенцијата за храна и ветеринарство е институција само на хартија. Е кога ќе се прашате од каде толку кучиња по улици, нека ви текне на Оскар на Дунавка, кој животот ќе го заврши вака.

Притоа спарувајќи десетици кучиња, кои потоа ќе бидат бездомни, а одговорните луѓе пак ќе ги сликаат, вдомуваат, лекуваат. Немојте да бидете Дунавка Трифуновска“, напишала Јордановска на Фејбук.

По бројните негативни коментари на нејзина сметка, на социјалните мрежи, се огласи Дунавка Трифуновска.

Таа сподели текст од Ненад Јовановиќ и напиша:

„Брилијантно! Во меѓувреме проверете во правната служба на #ГрадСкопје колку пресуди има за улично на пад на бездомни куциња врз случајни минувачи чија оштета од сметката на градот го чини 1500 евра по случај.

Годишно во просек околу 1000 случаи, секој по 1500 евра ете тоа е сликата што треба вистинскиот новинар да ја прикаже, а не да се занимава со приватни приказни како во времето на МВРО!

Тоа време заврши. Ова е време на професионална работа и резултати, кои кога создаваат простор за лажна реалност.“

Previous articleБарбара првпат проговори искрено за Дарко и им порача на следните дечковци: Не сум тешка за одржување
Next articleЗоран Ванев живее како најголема ѕвезда, уживаше во џакузи и раскажа приказна какви се Французинките и Германките (ФОТО)