Home Live Оди на скапи патувања и носи скап накит, ама маца со лепче...

Оди на скапи патувања и носи скап накит, ама маца со лепче во тавче- гравче: Лила во вакво издание не сме ја виделе (ФОТО)

Лила Филиповска, која долги години го води квизот „Се или нешто“ на Сител, во една прилика рече дека омилениот дел од работата ѝ е комуникацијата со банкарот, кој сака да го ‘закачака’, да се надмудрува со него. Уште еден дел кој го сака е комуникацијата со гостите.

Интересно ми е кога луѓе кои имаат голема трема пред камера, се плашат дека ќе се изгубат и дека нема да знаат што да направат, кога ќе застанат до мене, бараат начин јас да им олеснам, да не се почувствуваат сами, бидејќи имаат страв. Јас со радост им излегувам во пресрет и драго ми е што успевам во тоа.

Важна е и непосредноста, која или ја имаш или не. Не се учи, туку само се надградува со текот на годините“, кажа Лила за Хибрид.

Тоа на кое јас не можам да влијаам се енергиите на луѓето, што веројатно ја отежнува комуникацијата. После некои снимања се чувствувам истоштено, а после други како да можам да снимам уште 4 нови емисии.

Тоа е до енергијата која секој човек ја емитува и на која не може да се влијае. Сè на сè јас имам една комплексна задача, иако на луѓето тоа не им изгледа така. Искуството не е пресудно, но е од голема важност и ми помага во секоја ситуација.

Јас бев меѓу првите кои почнаа со тој формат (ток поу) , поточно прв беше Игор Џамбазов со ”Дневна соба”, а потоа јас и Мишко Барзов со “Таму кај што си” . Имавме спонзор и се беше многу професионално одработено.

Голем дел од успехот на емисијата се должеше и на Мишко, кој како градски човек имаше многу познанства, нас ни беа гости сите политичари и останати јавни лица.

Поминавме еден убав период, работевме во време кога имаше експанзија на познати личности од сите сфери.

Така што, тоа е еден проект на кој сме навистина горди. Би се вратила на ток шоута, доколку изгледаат како оние на запад. Ми се допаѓа стилот на Елен Деџенерис, динамиката на емисијата, гостите доаѓаат по 10 минути и се изгледа неверојатно забавно.

Се доделуваат големи, милионски награди на дневно ниво на луѓе кои имаат вистинска потреба од нив… Можеби звучи амбициозно, но тоа е еден проект од кој би сакала да бидам дел бидејќи сметам дека можам да го одработам како што треба.

Морам да признаам дека не сакам да седнам и да се соочам со себе дали кариерата влијаела на поинаков начин на мојот живот. Можеби, до некаде и имала влијание. Јас постојано велам, оваа женска еманципација и самостојност колку е добра, сепак има лоши страни.

Успеав да останам приземна, мене популарноста воопшто не ме смени, но можеби влијаела на тоа да бидам сигурна во себе, да не дозволувам многу компромиси кои би се одразиле на приватниот живот.

Многу ми е драго што се тоа што го работам се одрази на најдобар можен начин на мојот син Филип, а тој ми е најважен од сè. Совет не давам никому ако истиот не е побаран од мене.

Сите мои млади колешки генерално работат на утрински и контактни емисии, каде улогата на водител реално не може многу да дојде до израз. Така што јас немам направено некој профил во мојата глава на тоа како треба да изгледа еден водител денес.

Сметам дека образованието е важно во нашата работа. Често пати луѓето знаат да кажат дека факултетот не го определува човекот, но јас тврдам дека го описменува.

Јас имам завршено филологија на Универзитетот Св.Кирил и Методиј и имам добра подготовка за тоа што го работам.

За жал, денешните водители немаат можност да се искажат и докажат во тоа што го работат.

Порано, беше многу беше важна факултетската диплома, имавме кастинзи, имавме подготовка од страна на стручни лица, како Бранка Станковска која доаѓаше во Сител пред 20 години и не учеше на сите важни работи од нашата работа.

Да не заборавиме дека јас сум дете на МТВ, моите почетоци беа таму. Тоа беше време кога немаше шанси да се влезе во телевизија ако не постои талент и потенцијал за работа“, рекла за Хибрид Лила.

Лила објави видео во кое вели дека една позната скопска ќебапчилница веќе 110 години не го сменила вкусот. Таа го рекмаира овој локал, и во еден момент, кога масата ќе се наполни со вкусни јадења…

Лила се покажува како мацнуца со лепчето во тавче- гравче. Без оглед што носи скап накит, скапа облека и оди на скапи патувања, Лила покажа дека знае да ужива и во нешто домашно и едноставно, а многу вкусно очигледно.

Previous articleОваа убавица му е сопруга на Симон Трпчески, цврсто го прегрна својот сакан со посебен повод, облечена во уникатна креација (ФОТО)
Next articleЗагубата на татко му го спречи да се израдува на ова- Емил Угриновски еден ден откако го напушти д-р Угриновски имаше повод за среќа и за тага