Home Live Оваа убавица му е сопруга на Симон Трпчески, цврсто го прегрна својот...

Оваа убавица му е сопруга на Симон Трпчески, цврсто го прегрна својот сакан со посебен повод, облечена во уникатна креација (ФОТО)

Симон Трпчески стрпливо чекаше проектот „Македонисимо“ да го врати дома, цели пет години. По светската премиера во Германија во 2017 година, и по претпремиерата во струшкото село Збажди, „Македонисимо“ во септември беше подарок за народот, на отворен концерт, пред платото на Националната опера и балет.

Непосреден, срдечен и многу расположен, нашиот пијанист со светска слава, накратко ѝ објасни на многубројната публика што е „Македонисимо“.

– Името значи ептен македонски“, рече Трпчески за магичната музика во која уживавме, спој на македонската народна песна со џез и класичната музика.

„Работејќи на овој проект, сфатив колку нашата македонска музика всушност е поврзана со класичната“, раскажа Симон. Во Женски магазин, Трпчески раскажа интересна анегдота:

-Нема да го заборавам настапот на Фестивалот на сонцето во Кортона во Тоскана. Чинам дека тоа беше во 2011 година во една театарско-музичка претстава беше претставена комуникацијата и љубовта низ писмата на Фредерик Шопен и неговата љубовница Жорж Сан.

Кога на сцена бев заедно со леегнадрниот глумец Џереми Ајронс и неговатас сопруга Шинејд Кјузак, којашто беше во тој момент замане за оригинално планиранала актерка Шерон Стоун, која е една од моите омилени, и тоа ќе беше уште поголема инспирација.

Тоа беше едно исклучително уникатно искуство за мене, сепак со еден таков лик.

Тој беше човекот Шопен, јас бев музичарот Шопен, и да ја делиме сцената беше фантастично искуство да се споделат одредени идеи, таа негова аура на сцената и за време на пробите и за време на претсавата а и надвор од неа.

Има неколку забавни ситуациии во поглед на италијанскиот дух и менталитет, во поглед на организација на концерти. Едниот беше во Реџо Ди Калабриа, другиот беше во Месина.

Југот е специфичен нели, знаејќи го темпераментот и менталитетот на Италијаните. Кога дојдов како замена на светски познатиот пијанист Жаниф Ти Боде од Франција, доаѓам во прекрасниот театар во Месина, на договорена проба.

Арно ама, клавирот е ем затворен ем звртен од другата страна и почнаа да ја спуштаат целосната сценографија која ја имаа од претходната опера, се чука на сите страни, бучава и беше многу интересен моментот кога јас дојдов на закжаната проба, а клавирот затворен и свртен, што беше прилично смешно за мене, познавајќи го Југот на Итаиија беше прилично забавно.

Во Реџо Ди Калабрија имав една ситуација кога пробата доцна почна и не завршивме на време. Концертот заврши накај 11.30 навечер, па дури близу полноќ отидовме на вечера, хахаха. Добро, тоа си има свој шарм до некаде.

Мене од една страна како Македонец не ми пречи, затоа што имаме сличен менталитет со Италијаните. Од друга страна како прилично организиран тип не ми секогаш право.

Уште еден убав момент е од едно од моите омилени места коишто ми оставиле впечаток, селцето Равело, беше прекрасен момент кога висе те некаде на врвот на планината, во една таква рустична атмосфера каде што практично сцената е направена погледот на публиката е како да лебди на небото, но над морето.

Изгледа како сцената да лебди над морето коешто се гледа во далечината, а вие сте на небото. Кога тоа место го посетив за првпат како турист по концертот во Соренто си реков:

Е, Симе, овде навистина би сакал да свирам бидејќи е уникатно место, и тоа се случи. Тоа беше еден навистина фанстастичен момент што никогаш нема да ми излезе од спомените од Италија“.

Маестро Симон Трпчески е добитник на наградата „Маж на годината“ за 2022 година, на официјалниот избор „Мажи на годината“ во организација на Фрајдеј Комуникации и Џентлмен Магазин.

Се одржа гламурозната манифестација „Мажи на годината“ настан поддржан од Casinos Austria International Macedonia, по петти јубилеен пат во DoubleTree by Hilton- Скопје, со најголема посетеност досега.

Во присуство на голем број претставници од бизнис секторот, јавниот живот, амбасадори и ексклузивниот гостин Петар Грашо. Беа избрани 13 најуспешни мажи, во 13 категории кои ја одбележале 2022 година.

Според официјалниот избор на жири комисијата во чиј состав се членови од институции, новинари, претставници на бизнис секторот, режисери и стилисти, титулата „Маж на годината 2022“ ја понесе Маестро Симон Трпчески, објави Независен весник.

А со Симон на оваа манифестација била и неговата сопруга која се вика Даниела. На сликите кои ги објави Фејсбук страницата Мажи на годината, се гледа како убаво била дотерана сопругата на Симон.

Таа му е голема поддршка, а на овие фотографии се покажал и моментот кога Даниела силно го прегрнала својот сопруг.

А поводот бил посебен, тоа е прогласувањето на маестро Трпчески за маж на годината, кој тој го прославил на овој начин, со својата сакана.

Previous articleЌерката на Силви Плевнеш ѝ се обрати на нејзиниот, ромски јазик- Ова ѝ го порача Деа на мајка си (ФОТО)
Next articleОди на скапи патувања и носи скап накит, ама маца со лепче во тавче- гравче: Лила во вакво издание не сме ја виделе (ФОТО)