Home Live Оваа убавица му е жена на фолк пејачот Душко Георгиевски, таа е...

Оваа убавица му е жена на фолк пејачот Душко Георгиевски, таа е наша позната новинарка (ФОТО)

Тој е познат македонски фолк пејач. Зад себе има голем број хитови кои се паметат и пејат. Својата 25 годишна кариера ја гради студиозно и темелно, песна по песна, во соработка со врвни македонски автори.

Неговата музика е одраз на вековната певлива македонска фолк традиција, во која извираат лирски, емотивни, љубовни и родољубиви мотиви.

Досега има отпеано и снимено повеќе од 150 песни, во продукција на МРТВ, како и најголем дел во приватна продуцкија, од кои повеќето се фестивалски песни, а многу од нив наградени со награда од жири комисиите или од публиката.

Душко Георгиевски дебитираше на еден поранешен фестивал „Тетовски фолк филиграни“ заедно со Анета Наковска, каде ја освојуваат дебитантската награда со песната „Животот бргу си поминува“.

На „Песна на летото 95“ година настапи со „Затвори ме во твоето срце“, за да следната 1996 година со песната „После тебе“ на фестивалот „Цветници“ ја освои дебитантската награда.

Учествува и во проектот „Антологија на македонската чалгиjа“ со песните „Збогум мајко“, „Филизо моме“, „Абер дојде Ајше ле мори“, „Кажи Славке, кажи ќерко“ дует со Сузана Спасовска.

Со оркестарот на изворни инструменти при МРТВ ги испеал „Ајде вино пие млад Илија“ и „Многу мерак имам бабо“. Остварил многубројни изведби во живо на радио и телевизиски емисии и гостувања во земјата и надвор.

Ова го напиша порталот Музика 24 за напиот познат пејач, а тој за овој портал опткри дека всушност има уште една професија.

– Периодот кој ни го донесе пандемијата, за мене значеше едно ново секојдневие и запирање на мојата вообичаена долгогодишна агенда со динамично темпо на работни ангажмани, помеѓу двете професии, музичката кариера и адвокатурата.

Во вакви околности, периодот комплетно го посветив на нов ангажман на полето на фолкот, со реализација на работите кои беа ставени во мојата агенда низ годините, но заради презафатеност во двете професии, немав можност да ги направам и чекаа.

Како естраден уметник, со долгогодишната работа на фолк естрадата и народната музика, соочен со состојбите кои се случуваат низ годините на естрадата, губењето на интересот за народната песна.

Чувствував морална и национална одговорност, да го насочам мојот придонес во еден друг аспект на зачувување на македонската народна музика, гледајќи го како наше национално музичко богатство, да дадам уште еден придонес во неговото зачувување и негување.

Затоа, се насочив кон нешто што е поврзано со националното чувство кај децата, сметајќи дека треба да се тргне од најмалите, да им се пренесе македонската народна песна и да им се понуди форма со која тие ќе ја запаметат, ќе сакаат да ја слушаат.

На таков начин ќе придонесеме младите да го ценат и да продолжат да го негуваат нашето народно музичко богатство, затоа што како што би рекле многумина „од мали нозе“ некои работи се востановуваат и траат за цел живот.

Со ваква мисија, ја создадовме “Фолконика” – Центар за зачувување на македонската фолк музика, фолклорното творештво, едукација и иновации за деца, со неколку ентузијасти и истомисленици.

Сметајќи дека токму детската возраст е најподатна за вградување на трајни вредности кај младата популација, вредности кои ќе им останат на децата за цел живот, го осмисливме Проектот „Музички фолк сликовници за деца“, правејќи спој на еден иновативен начин, што ќе биде прифатлив за едно модерно дете.

Но, сепак да ја содржи мисијата за негување на македонската народна песна, затоа и направивме избор на народни песни, направивме спој помеѓу музиката и ликовната уметност, за да се доловат силните приказни од нашите македонски песни, за да може да останат врежани во детската меморија.

Кога ќе пораснат со топли емоции да се сеќаваат дека како мали им биле читани, пеани македонски народни песни.

На мое огромно задоволство, успеавме да го започнеме реализирањето на проектот и од печат да излезе првата детска музичка фолк сликовница „Слушам кај шумат шумите“, една добро позната македонска народна песна, како почеток на цел еден серијал на вакви детски сликовници, на кои работиме и ќе следуваат.

Ја промовиравме сликовницата и имаме одлични впечатоци од публиката. Ова сознание ми дава за право да бидам задоволен од направеното и ме исполнува како претставник на фолк естрадата.

Во оваа насока, планирани се понатамошните активности, со проекти за најмладите, за да им ја доближиме фолк музиката и македонското музичко творештво3, изјавил Георгиевски за Музика 24.

Тоа што ретко кој го знае за минатото на пејачот Душко Георгиевски, поупатените велат подобро и да не го знае. Бидејќи тој во детството останал и без мајка и без татко.

–Се се случи наеднаш во еден миг во една тешка сооб раќајна несреќа кога јас имав само 11 години, останувајќи сам на осовј свет со сестра ми.Потоа грижата за нас двајцата ја презеле моите роднини, вели Дуле за Вечер Прес.

Можеби малкумина знаат, но Душко долги години години е во брак со водителката Марија. Таа е уредник и водител на емисија од областа на економијата.

Неговата сопруга е како што вели негов најголем критичар, но и поддржувач. Забелешките кои му ги дава се обично се во делот на неговата ненаметливост вели тој.

Круна на нивната љубов се нивните две ќерки- Верче има 26 година, а Мила 20. Двете како што вели тој се многу музикални и имаат наследено талент за пеење. Марија работи во Наша Тв и е многу убава, елегантна и средена жена.

Previous articleСпенџарска проговори за заедничкиот стан со Гркот: Си знаете, евро, две, и на крај сто еврикина на каса
Next articleДарко Лазиќ мисли дека сега конечно ја има вистинската жена- еве како ужива со својата љубов која е бремена во Дубаи