Home Live Пиевме туѓи пијачки по диска, бегавме од бурекџилници бидејќи немавме да платиме...

Пиевме туѓи пијачки по диска, бегавме од бурекџилници бидејќи немавме да платиме после град- нашиот познат музичар раскажа за тешкиот пат кој го одел

ДНК се сели дваесет години се заедно на сцената, и не кријат дека во овие две децении имале успони и падови, па дури и моменти кога било доведено во прашање постоењето на групата.

Панчо и Андреј во сабота во Арената „Борис Трајковски“, ќе одржат славенички концерт со многу гости.

На прес конференција претходно, изјавија дека дел од средствата од продадените билети за концертот, ќе одат за Фондацијата „Марко Божиновски“, која го носи името на прерано упокоениот талентиран ракометар.

Мајката на Марко, Александра, беше присутна на прес конференцијата и рече дека песната „Ако утре ме нема“ како да е напишана за нејзиниот син. Таа храбро издржа и не пушти солза додека зборуваше, и нагласи дека Фондацијата секогаш ќе поддржува млади таленти.

Панчо револтирано рече дека од Државата не добиле помош за овој настан, и ако тој се прашува и пристапната цена од 350 за влезница би ја намалил на 20 денари, за да може секој да си дозволи да дојде на концертот.

Панчо и Андреј во интервјуто за Женски магазин, открија детали за концертот и интересни приказни од нивните животи.

-Андреј додека не стана родител беше крајно незаинтересиран и неодговорен околу бендот што мене ми дојде преку глава и му соопштив дека не планирам да му изигравам менаџер- да доаѓа на готово, па „ваљда сконта“ дека сум сериозен и го смени односот на кој сум јас горд.

Друго е двајца да си делат „обавези“ друго е еден, нели?“, рекол Панчо, а Андреј додал:

-Како и во секоја друга врска постоеле моменти изминативе 20 години кога имало недоразбирања и несогласувања и расправии кои биле конструктивни за доброто на ДНК, но никогаш не дошло до тој степен да биде ставено на клада прашањето дали ДНК ќе постои или не. Доказ за тоа е 03.12.2022, 20 годишниот роденден на ДНК“.

– За себе никогаш не сум кажал дека сум добар во ништо. Ниту пеајч, артист, диџеј, човек, па нема ни да кажам дека сум добар родител, тоа ќе мора децата да ги прашате.

А, за тоа дали сум задоволен во кој правец се движат, може да кажам дека сум презадоволен засега и посакувам да остане вака и во иднина“, изјавил Панчо.

-Можеби и за нас никој не верувал дека одиме во вистински правец, но фала му на Бога еве не сме скршнале во погрешна насока до сега.

Здрави сме и живи, имаме фамилии и дечиња на кои сме им посветени цело време и кои ги сакаме со цело срце и го работиме тоа што го сакаме и сме благодарни за сето тоа“., рекол Андреј.

На Фејсбук страницата на ДНК е објавен статус кој го раскажува целиот нивен живот, како се изнамачиле да стасаат до ова до каде што се сега. Статусот го напишал Панчо и оди вака:

-На само ден, пред можеби најголемиот ден во мојата кариера, седам разговарајќи сам со себе, правам една ретроспектива и сфаќам дека поминале 20 години, а се како да беше вчера:

Со Андреј почнавме како тинејџери со искрена љубов кон музиката. Ентузијасти пред се, без ничија помош. Најчесто исмејувани, дури и од блиските другари и пријатели. Неприфатени од новинарите, а спонзорите ни спуштаа телефон уште недокажани.

Работевме конобари, шанкери, рецепционери, продавачи, менаџери по кафулиња, флотери по туѓи земји, идевме пешки од еден крај на градот до друг бидејќи немавме пари ни за автобуска карта, а кола и бензин беа мисловна именка за нас.

Пиевме туѓи пијачки по диска, бегавме од бурекџилници бидејќи немавме да платиме после град. Носевме едни исти патики, маици, дуксови и јакни долго време бидејќи нашите родители едноставно немаа.

Но ништо од тоа не ни беше пречка да веруваме силно во тоа што го сакаме и во тоа што сакаме да го работиме искрено и од СРЦЕ. Некогаш во животот се е ТЕСТ испратен одозгора да види УНИВЕРЗУМОТ колку вистински го посакуваш тоа за кое си допрен од БОГА.

Нема да се осмелам и денес да кажам дека сме успеале, но со ГОРДОСТ ќе кажам дека сме останале ЛУЃЕ и не се срамиме буквално од ништо во минатото. Да се родиме повторно би избрале да е се исто, океј, со по некоја минимална промена.

Тоа сме ние – ПАНЧО и АНДРЕЈ. За многумина неталентирани (поготово јас), за некој фејкери, мамини и татини синови… И после 20-ет години ние сме истите, и секогаш ќе бидеме оние од првиот ден, бидејќи сме луѓе на народот и така се осеќаме.

Нормално, само малку подостарени, кои работат чесно и се трудат исто како да им е старт на кариерата. Секогаш достапни на сите, секогаш колегиални и спремни за помош во секое време.

Ви благодариме на сите оние кои верувавте, но и на оние кои не верувавте во нас. Оние кои не миниравте, но и оние кои секогаш ни ја дававте вашата безрезервна поддршка. Се гледаме утре во арената “Борис Трајковски” да го славиме животот и македонската музика. Ваши Панчо и Андреј“.

Previous articleДарко Лазиќ мисли дека сега конечно ја има вистинската жена- еве како ужива со својата љубов која е бремена во Дубаи
Next articleЈован на Билјана Дебарлиева е многу хуман човек: Еве што направи за извесен Максим