Home Live Романтичен сопруг- еве што направи Марјан Коцев за својата Билјана и како...

Романтичен сопруг- еве што направи Марјан Коцев за својата Билјана и како ја нарече (ФОТО)

Откако попуштија мерките кои ги наметна пандемијата, слободен викенд за нашиот познат фолк пејач Марјан Коцев, нема. Во интервју за ИН ТВ истакна дека периодов е презафатен со ангажмани во Македонија.

Така беше и пред пандемијата, Марјан беше и остана еден од најомилените пејачи во дијаспората, како и дома. „Настапи има секој викенд, по една, две, три, но и четири свирки, зависи како, а слободен викенд и нема.

Така е се до октомври, односно со средината на месец октомври, каде што тие три месеци ги чувам за концертите, нешто за Македонија, а нешто за настрана“, откри Марјан претходно, за естрадниот магазин “Естрада плус”.

Фолк-пејачот Марјан Коцев по втор пат стана татко во 2018 година. Неговата сопруга Биљана вчера на свет го донесе синот Данило. Семејството вели дека нивните чувства се измешани. Од една страна се пресреќни, но и збунети.

„Данило е мојата втора среќа. Не знам на кого личи, веројатно на себе. Имавме неколку предлози за име, но ниту еден мој предлог не се прифати. На крајот Дуња пресече да се вика Данило.

Иако сите дома сакавме девојче, сепак Данило не изненади“, рекол Марјан за 7дена.мк тогаш.

Дуња доби братче, Данило, а ние со мама Билјана си добивме уште едно ангелче. Фала мама! – напиша тој на „Фејсбук“ кога му се роди синот.

Коцев во 2020 година проослави јубилеј, десет години брак со својата Билјана, со која има ќерка и син како што напишавме погоре.

На Фејсбук, тој ги споделува убавите моменти со семејството, но знае да се пофали и со некоја слика од сала за вежбање и да порача: Вложувајте во себе.

Коцев објави слика со својот син Данило како уживаат во едно кафуле. Под сликата, тој напиша: „Добар и убав ден на сите. Проштевајте на моите грешки, а од мене ви е се однапред простено“, напиша Коцев тогаш.

Коцев е и весел човек и романтичар па така својата Билјана за нејзиниот 40-ти роденден ја однел на патување во Германија.

Според сликите што ги објави на Фејсбук, тоа била журка за паметење, а за микрофотн не се фатил само Марјан за да и запее на својата сакана за роденден, туку и самата славеничка.

Со овие зборови Коцев ја опишал среќата која ја почувствувал додека неговата Билјана се фатила за микрофорнот: Невестата ми пее за нејзиниот 40-ти роденден. Среќен роденден женче!“, напишал Коцев.

Пејачот не крие дека боле-дува од дија-бетес. Тој во интервју за Панацеа.мк откри дека со овој проблем, тој и неговото семејство се соочиле кога имал само 7.5 години.

Беше голем ш -ок, пред се за моите родители. Јас многу зрело го прифатив тоа. Едноставно ми беше кажано: Не смееш да јадеш благо.

И да бидам искрен, откако ми кажаа дека не смеам да јадам, а јас сум патријахално воспитан, бев мирно и умно дете, ниту барав, ниту сакав, ниту плачев“.

Коцев раскажа дека бил многу дисциплиниран цело време, и по три години, на многу рана возраст поради неговата правилна исхрана, лекарите решиле дека е време да престане да прима инсу-лин.

Тој отворено се нуди да разговара за оваа негова бол-ест со сите кои имаат потреба, а особено на родителите чии деца имаат ист проблем како неговиот. Коцев вели дека со нив би разговарал како со својата ќерка Дуња.

На сопругата на Марјан неодамна ѝ беше роденден, а тој објаби убава семејна слика и ја нарече со овие зборови својата Билјана: „Невесто моја, среќен 41-ви роденден. Следниот го славиме заедно. Те сакам“, напишал Коцев за Билјана.

Previous articleИмам 34 години и откако станав мајка имам болно краток фитиљ и срам ми е да кажам дека ги изгубив нервите
Next articleСпенџарска проговори за заедничкиот стан со Гркот: Си знаете, евро, две, и на крај сто еврикина на каса