Home Live Се поубава и поубава- Каролина блеска во друштво на овој човек- малку...

Се поубава и поубава- Каролина блеска во друштво на овој човек- малку шминка и убав фустан ѝ е доволно да изгледа вака (ФОТО)

Ја запознавме кога беше девојче, кога со детски и симпатичен глас ја пееше “Мамо пушти ме”, растеше пред очите на публиката, а со текот на годините заштитниот белег, нејзиниот глас, стануваше помоќен, прецизен и доминатен.

Многу песни, албуми и хитови се зад неа, преку кои таа покажа дека знае да си поигрува со музичките жанрови. На крајот од овој месец, таа че одржи неколку концерти во Македонската филхармонија, заедно со Дуке Бојаџиев и со Исмаил Лумановски.

Каролина Гочева во една прилика даде интревју за Хибрид.мк, во кое зборувавме на тема кариера, но и за неколку лични ставови и размислувања кои таа ги споделува во продолжение.

– Омиленото место за живеење е кај што ти се луѓето што ги сакаш. Мене сите ми се овде, во Битола и Скопје и што ако одам да живеам на некоја светска дестинација ако овде ги оставам семејството и пријателите. Доволно ми е вака да патувам и да се вратам дома кај што некој ме чека.

Постојано учиме лекции за животот, речиси секојдневно. Некогаш се разочаруваме, некогаш пријатно се изненадуваме, за жал, почеста е првава ситуација.

Единствено нешто кое секогаш ми се повторува е дека никогаш, ништо не е онака како што од надвор изгледа.

Не постои комплетна среќа. Дури и да помислиш на моменти дека така се чувствуваш, веднаш доаѓа нешто непланирано да те разувери“, изјави Каролина во оваа интервју.

-Добрата страна кај мене е што во моментов ниту една од песните не ми е автобиографска.

Но на некој начин сите се автобиографски, затоа што раскажуваат нормални случки од животот, низ кои секоја од нас поминал, а сепак ниту една песна не е правена наменски поради одредена моја приказна.

Јас не познавам жена што барем во еден период од животот не е отсликана во моите песни. Сите ние сме биле и тажни и среќни, и затоа не е тешко да се пронајдеме во некој тажен текст“, изјави Каролина во едно постаро интервју за Свет.

-Познато е дека на естрадата не е розово. Колку пати досега си се разочарала во некој од твоите колеги?“, ја имаат прашано оваа музичка ѕвезда во истото интервју, а таа рече:

-Не сум се разочарала многу, затоа што не сум била претерано блиска со некого. Озборувањата и сличните појави се сосема нормална работа и ако надминат одредени граници претставуваат изразување на сопствена немоќ.

Не велам дека сум најдобрата најчистата душа на естрадата, но тоа што ми пречи ќе си го прокоментирам со другарка ми со сестра ми, со менаџерот… Но одговорно тврдам дека никогаш на некој колега не сум му зборувала лошо за друг колега!

Има такви што се опседнати со мојот живот, а притоа не гледаат во што го претвориле својот, па се јавуваат кај новинарите кога случајно ќе се појавам на некоја насловна страница“.

За новиот албум чии песни се всушност преработка од стари песни на познати композитори, тоест стари евергрини, Каролина во Женски магазин раскажа како се снимале овие песни:

-Па, беше доста неизвесно. Дуке допатува од Париз на две недели, а Исмаил од Њујорк на само 4 дена од кои два ни поминаа во проби и два во снимање.

Беше зима, но имавме среќа ниту еден лет да не биде откажан. Целиот албум го снимивме во еден викенд заради тоа што времето и околностите не ни дозволуваа повеќе.

Значи, сите песни се како некогаш, отсвирени и отпеани од почеток до крај и најдобрите “take-ови’ се комплетно ставени на албум. Така што, дури и во начинот на снимање сме биле автентични на музиката која ја изведуваме.

Кога бев (по)млада и несигурна знаев повеќе да вреднувам туѓо мислење од своето и многу пати знаев да згрешам, или и да не било грешка – да не сум задоволна од одлуката.

Сега се повеќе се водам од моето внатрешно чувство. Не би рекла дека сум импулсивна, но обично си го следам инстинктот, “шестото сетило“ и кога е така, ретко грешам. Секако, знам и да се посоветувам со блиските ми луѓе, но крајната одлука мора да е моја.

Не вреди човек да размислува каде погрешил во момент кој сега е изминат, кога не може да се врати назад во времето. Мислам дека е важно да се размисли што можеш да научиш од една ситуација која не се одиграла како што си замислил.

Обично, кога ќе ми се случи нешто кое не ми е по волја, било да е по моја вина или не, знам да си кажам онака повеќе за себе “па којзнае зошто е ова добро” и после некое време навистина и ми се докажува дека и подобро што така се случило, дека сечиј живот си има свој след на настани и на многу од нив немаме влијание“, изјави за Женски магазин Каролина.

Од Каролина објави слика стилистот Дадар. Тие се добри пријатели, ама и Дадар се грижи за нејзиниот изглед и стајлинг во секое време. Каролина просто блеска на оваа слика со Дадар.

Доволно и е само малку шминка, но и убав фустан како и нејзината ориродно убава насмевка за да изгледа вака, а и пофалните коментари на Фејс го потврдуваат погоре кажаното.

Previous articleЈован на Билјана Дебарлиева е многу хуман човек: Еве што направи за извесен Максим
Next articleЌерката на Силви Плевнеш ѝ се обрати на нејзиниот, ромски јазик- Ова ѝ го порача Деа на мајка си (ФОТО)