Home Live Спенџарска проговори за заедничкиот стан со Гркот: Си знаете, евро, две, и...

Спенџарска проговори за заедничкиот стан со Гркот: Си знаете, евро, две, и на крај сто еврикина на каса

Спенџарска, откако изминатиот беше во Солун кај својот (како што пишуваат многу медиуми дечко Грк кој ѝ купуваше чоколади и ја шеташе на убави места, се врати дома, во Скопје за на работа, но повторно замина за Солун. Изгледа дека водителката викендите ги поминува таму.

На едно од сторињата, познатата водителка и инфлуенсрека објави слика од нејзиното родно Берово, каде што паднал првиот снег, а Јелена ја сподели оваа зимска идила со своите следбеници.

Потоа, објави и слика од својот нов дом, каде што се пресели пред неколку месеци, и напиша дека ѝ требало време да се среди и да го дополни домот со топлина и со убави детали и убави топли ќебиња.

Но, Јелена во еден свој пост на Инста стори, напишала кое е нејзиното мислење за мажите и за жените во Македонија и какво е според неа нашето општество.

-Нашето општество не ни остава многу избор. Феноменот балкански маж никако не напредува, поделените машко-женски улоги никако да се променат.

Мнозинстото мажи, колку и да се преправаат дека имаат помодерни сфаќања, во душа се прилично конзервативни.

Тие си уживаат во улогата авторитет, а луѓето на кои им се дава толку авторитет, најчесто ги забораваат своите морални обврски. Кој не сака да биде почитуван и слушан, а во меѓувреме да не прави речиси никакви жрт-ви?

Жените кои ги немаат овие карактеристики, кои не дозволуваат на никој начин да бидат потчинети, најчесто се предмет на обожавање од многу мажи. Мажите сонуваат за нив, го сакаат предизвикот да ги скротат и да ги направат по нивна мерка.

Но, многу често не завршуваат со нив, туку со „добрите девојки“. Со такви, какви што ги учат своите ќерки никогаш да не станат“, сподели Јелена на Инстаграм.

По ова нејзино размислување за македонските мажи, не е ни чудо што за партнер си избрала Грк- погоре напишаното многу кажува.

Нашата позната водителка и инфлуенсерка, Јелена Спепнџарска во едно претходно интервју за „Бекстејџ“ зборуваше за многу нешта и исто така откри како сака да изгледа нејзината сопствена свадба.

„Кога ќе ме прашаат дали сакам традиционална или модерна свадба, јас би сакала мојата свадба да биде со помал број на луѓе, да си направиме некоја забава. За фустанот имам идеја и отсекогаш сум знаела што ќе носам.

Мојот фустан ќе биде многу светкав и не сакам да ми биде бел, сакам да ми биде бледо розе или беж боја. Сакам да биде многу едноставен“ изјави Спенџарска кога немаше дечко, но сега дефинитивно овој момент ја очекува во иднина.

Во едно од последните објави на Инста, Спенџарска напишала многу емотивна порака:

-Тоа што НЕ го кажуваме на глас, останува заробено во нашето тело и се претвора во несоница, кнедла во грлото, во носталгија, заблуда, во сомнеж, во тага… Она што НЕ го кажуваме на глас не уми ра, тоа не уби ва!!

Спанџарска утрово објави слики од работното место, а потоа сликаше како дечкото ја пречекал со кафе и лампиони, кога ја земал од работа.

„Пречек од работа со кафе и лампиони“, објави Јелена, а после напиша дека е време за уште едно кратко патување или „road trip“, како што вели таа.

Секако, Спенџарска повторно отиде во Солун, а оттаму го покажа домот во кој престојува со дечкото.

„Како сме си накитиле минатиот пат лелееее. Со мерак си седиме дома!!! Си го крстивме станот CHRISTMAS VILLAGE и направивме преубава, топла атмосфера, абе МЕ РА ЦИ.“

Потоа, водителката објави како шета низ Солун и рече:

„Единствената продавница каде што можам да се заборавам, да купувам работи што нема да ми требаат и повеќето од нив не сум ги искористила ама знаете евро, две, евро, две и на крај сто еврики на каса, напиша Јелена која објави дека е повторно во продавница со новогодишни работи.

Previous articleРомантичен сопруг- еве што направи Марјан Коцев за својата Билјана и како ја нарече (ФОТО)
Next articleОваа убавица му е жена на фолк пејачот Душко Георгиевски, таа е наша позната новинарка (ФОТО)