Home Live Загубата на татко му го спречи да се израдува на ова- Емил...

Загубата на татко му го спречи да се израдува на ова- Емил Угриновски еден ден откако го напушти д-р Угриновски имаше повод за среќа и за тага

На 8 јуни годинава, се прослави јубилејот 30 години постоење на болницата Неуромедика. На настанот имаше повеќе од 2000 гости, а посебен шарм на настанот даде актерот и водител Сашко Коцев. За забавата и супер расположението се погрижија балканската ѕвезда Саша Матиќ со неговиот бенд и бендот Тринити Стрингс.

Обраќање имаше нашиот Генерален менаџер, Д-р Емил Угриновски, кој лично им се заблагодари на гостите за присуството на овој голем настан и се наврати на предизвиците со кои се соочувала болницата во изминатите 30 години, а истовремено го изрази своето уверување дека успесите на болницата ќе продолжат и во иднина.

“Особено сум горд и среќен на јубилејот 30 години Неуромедика. Да се основа и да се развива прв приватен здравствен бренд во Р. Македонија не беше лесно.

Да се опстои 30 години на врвот во македонското и регионалното здравство е резултат само на напорна работа, посветеност, континуирано инвестирање во нашите капацитети и во напредна медицинска апаратура и секако, можеби и најважно, ангажирање на најдобрите доктори и медицински кадар.

Неизмерно сум благодарен на нашите вработени, бидејќи заедно секојдневно им помагаме на илјадници пациенти и заедно сме го изградиле брендот Неуромедика да бидеона што е денес.” – истакна Д-р Емил Угриновски.

-Не би биле успешни бизнисмени или директори на болници, луѓе кои што имат визија, доколку не би гледале напред.

Ние докажавме дека за овие години колку што функционира Неуромедика како болница, дека капацитетот е речиси целосно исполнет и дека веќе сме созреани да градиме нова и поголема болница.

Моите размислувања ќе ги сведам во тој план. Македонија е мал пазар, многу брзо се заситува, на хартија има 2 милиони жители, набрзо ќе има попис, па ќе видиме која е реалната бројка. Моите предвидувања се дека многу помалку луѓе живеат тука, така што со сето тоа си се менуваат сите бизнис планови.

Моите визии се да изградиме во наредниот период уште една болница која што ќе биде поголема од оваа и нормално ќе ги следи потребите на пациентите.

Во меѓувреме, секогаш ќе го имаме статусот на бренд лидер во својата област кој ќе има врвни доктори и специјалисти од сите области, врвни услуги кои пациентите ги користат и ќе ги користат во иднина и нема да има потреба да одат во странство.

Тоа ќе ни биде приоритетот како и помагање и прифаќање на врвните медицински брендови и едукацијата на кадарот.

Мислам дека набрзо ќе дојде време во кое што Македонија ќе има недостаток од добар кадар, тука го гледам и акцентот на нашата болница на што е можно подобра едукација во светските центри“, изјави Угриновски во интервју за Кариера.мк

Македонија на 29 ноември остана без еден од врвните неврохирурзи, се упокои проф. д-р Јовица Угриновски. Најблиските се се простија од својот ментор, професор, колега и на Инстаграм профилот на НЕУРОМЕДИКА напишаа:

– Со огромна жалост сакаме да ве известиме дека утрово на 77 годишна возраст по тешко боледување поч-ина нашиот ценет и почитуван професор д-р Јовица Угриновски“

Емил Угриновски, неговиот син, според манифестацијата „Мажи на годината“ која се одржала во Скопје на 30 ноември, ја добил наградата „Менаџер на годината“.

Но, на официјалната Фејсбук страница на оваа манифестација нема слика од Угриновски во салата каде што е одржана забавата.

-Во годината кога „Неуромедика“ го прославува својот тридецениски јубилеј, Д-р Емил Угриновски е избран за „Менаџер на годината“.

Веста за доделувањето на ова признание денеска ја споделија организаторите на манифестацијата „Мажи на годината“, со која се издвојуваат поединци што оставиле свој печат со своето делување во разни сфери од животот.

Чест е да се биде меѓу лауреатите за 2022 година, во време кога добрите вести се реткост“, е објавено на Фејсбук страницата на оваа болница.

Очигледно е дека Угриновски не заминал на забавата, затоа што неговата слика која е објавена од канцеларија, а не од настанот. Во тие два дена, тој имал повод и за среќа и за тага, губитокот на неговиот татко, а потоа ова признание.

Previous articleОди на скапи патувања и носи скап накит, ама маца со лепче во тавче- гравче: Лила во вакво издание не сме ја виделе (ФОТО)
Next articleНовинарот Фуркан Салиу, објасни што точно се случило завчера во Арачиново