Home Live Зоран Ванев живее како најголема ѕвезда, уживаше во џакузи и раскажа приказна...

Зоран Ванев живее како најголема ѕвезда, уживаше во џакузи и раскажа приказна какви се Французинките и Германките (ФОТО)

Македонскиот пејач Зоран Ванев својата кариера ја започна во 90-тите години. По големите хитови кои го прославија, популарниот пејач со македонско потекло реши да издаде албум за српскиот пазар, со кој постигна голем успех, објави за нашиот пејач Зоран Ванев, српскиот поратал Нова.рс.

Сепак, во време кога неговата кариера беше на нагорна патека, тој реши да се пензионира, а Ванев во краткото интервју за Нова.рс откри зошто ја напуштил сцената, но зборуваше и за својот живот во Швајцарија каде што живее со неговото семејство и работи како доктор по природна медицина.

– Би рекол дека имав најава за прекрасна кариера (бидејќи малку активна на сцената) би можело да биде многу реално да го постигнам тоа бидејќи како искусен музичар секогаш знаев кои песни ми одговараат.

За музиката треба настојување да се исполни и да се задржи публиката возбудена. За жал, ја видов и многу лошата страна на музиката, која е галванизирање и уценување за хонорарите за моите настапи.

Потоа, многу лошо организирани настани, затоа што сите сакаа брзо да заработат од нас пејачите, сите сакаа да бидат повеќе вклучени на некој начин во име на менаџерот отколку чесно да си ја вршат работата.

Кога ќе го соберете сето тоа и ќе ја одземете таа работа, тоа всушност не е за некое уживање. Во Швајцарија сум 25 години и некако научив ред, дисциплина и коректен бизнис, што засега е незамисливо во музиката.

Никој до денес нема договори за работата што треба да ја работи како уметник, а да не зборуваме за осигурување ако нешто му се случи.

Како уметник, барем во таа највисоко рангирана музичка продукција, очекував некаков професионализам со кој би можел да градам кариера, а не да размислувам во какви дискотеки и клубови да настапувам?

Дали сопствениците се чесни или нечесни? Дали праведно би ми платиле или не? Дали се занимаваат со некоја „матна“ работа, па ве очекува малку погрда страна на соработката?

Тоа е многу едноставно, барем за мене. Да одеше се професионално, немаше да се повлечам така лесно, но можеби ќе бев дел од денешната музичка „Елита“ (ако можам така да го наречам“, откри Ванев.

Инаку, Ванев, познатиот македонски пејач на фолк-музика, народот го засака откако ја испеа познатата „Ангела, Ангела“, која и денес се пее на сите веселби, кај нас и во целата дијаспора, но и „Јужна пруга“ во Србија.

Тој веќе неколку години наназад е еден од најбараните доктори за природна медицина во Швајцарија. Неговата клиника во Цирих станала место кое што го посетуваат луѓе од целиот свет, објави Естрада плус.

Претходно за „Фокус“, тој изјави дека воопшто не жали што микрофонот го заменил за белиот лекарски мантил и пеел само на одредени и професионално организирани настани, бидејќи отсекогаш сакал да им помага на луѓето.

„Мојата ординација се наоѓа на самата железничка станица во Шлирен – Цирих, Швајцарија. Дипломирав на Парацелсус Академијата за Алтернативна медицина во Цирих.

Претходно за „Фокус“, тој изјави дека воопшто не жали што микрофонот го заменил за белиот лекарски мантил и пеел само на одредени и професионално организирани настани, бидејќи отсекогаш сакал да им помага на луѓето.

„Мојата ординација се наоѓа на самата железничка станица во Шлирен – Цирих, Швајцарија. Дипломирав на Парацелсус Академијата за Алтернативна медицина во Цирих.

– Јас сум првиот Македонец во Швајцарија кој ја има титулата Доктор за природна медицина, која е призната во целиот свет, како и во сите установи на државно ниво во Швајцарија“, рече Ванев во Фокус.

Ванев на Фејсбук летово објави фотографии кои ги нарече: „Доме, сладок доме“. Нашиот пејач по долги години во Швајцарија, се вратил во Македонија, и тоа во својот роден град, Штип.

Според сликите што ги објавил, тој како да е во некое летуалиште, а не во Штип. Ванев се разладува во луксузна куќа, крај базен и се гледа дека доста вложил во својот дом и сега ужива во него.

Зоран Ванев по долго време реши да и се врати на музиката, па сними песна на српски јазик која се вика „Одакле си лепа селе“. Тој во песната ги опева жените и раскажува ваква приказна:

-Убави се Французинките, Италијанките, Германките, но нашите се најубави…“, вели Ванев во песната во спотот кој е полн со многу убави жени. Плус, пред извесно време тој објавил своја слика, ама во џакузи.

На сликата, која е од октомври месец и на претходните кои ги има објавено, се гледа дека Ванев живот си живее, токму како вистинска ѕвезда, а бизнисот со ординацијата очигледно дека добро му оди, а се надеваме дека исто така ќе му тргне и со музичкиот бизнис.

А спотот, во кој Ванев ги опева жените, можете да го видите ТУКА. 

Previous articleДунавка одговори на прозивките за кучето и за тоа дека е со двојни аршини
Next articleЕдниот го фати на дело со друга, за другиот кажа дека не сака да го носи на грб- Ваков љубовен живот имаше Благица Павловска