Home Live Катарина Ивановска покажа колку е згодна, фустан со отворено деколте и длабок...

Катарина Ивановска покажа колку е згодна, фустан со отворено деколте и длабок шлиц, на оваа нога ретко кој би одолеал (ФОТО)

Катарина Ивановска, познатата манекенка која е успешна и надвор од границите на нашата држава, во интервју за „Слободен печат“ зборуваше за својата дисциплина.

-Дисциплината со која живеам од дете ми помогна и во обврските со децата да воведам дневна рутина. Во првите 5 месеци по породувањето, не прифаќав ангажмани и тоа е период кога едноставно не сакав да се одвојувам од децата.

Таа зборуваше за нејзиниот тогашен партнер, таткото на нејзините деца, со кого откри дека не била во официјален брак.

Мојата одлука да бидеме во таков тип релација и семејство се заснова на размислување и донесување заедничка одлука да бидеме семејство на две индивидуи кои, пред сѐ, се во љубовна и во пријателска длабоко искрена релација.

Хартијата од матично во моментов не ни претставува ниту приоритет. Се разбира, некогаш кога ние ќе посакаме, тоа и ќе се случи.“, рече во „Слободен печат“ Катарина.

Јавноста долго време се прашуваше дали кошаркарот Перо Антиќ и манекенката Катарина Ивановска се во врска, а парот долго време ја немаше потврдено врската, ни едниот ни другиот.

Во периодот кога уште не се знаеше дали се во врска или не, Перо беше гостин во емисијата „Жешко столче“ со Никола Трпковски и зборуваше за многу приватни и професионални предизвици.

И Катарина гостуваше во истата емисија. „Живеев десетина години во Америка, и тоа патував постојано поради моите модни ангажмани, се вратив во Македонија и имам две прекрасни дечиња.

И двајцата на различен начин беа прашани дали се во врска, секој во своето гостување. „Можеби кошарка ти е омилениот спорт“, праша водителот. „Не, зошто?“, одговори Катарина.

– Се шушка дека во последно време најудобно си се осеќала во дресот со бројот 6“, беше следното прашање на Никола, а Катарина на ова му го одговори следното:

„Леле, не знам што е број шест“, и тоа го кажа низ многу смеење. Перо на слично прашање одговори на друг начин.

-Единствена девојка којашто ја прошета јавно по разводот е девојката којашто одеше по модните писти. Дали е вистина дека каде што има чад има и оган“, го праша водителот

Перо, алудирајќи на муабетите дека е во врска со Катарина Ивановска.

– Кај што има чад има секогаш оган, ама не знам за кои писти збориш. За модните? Мислам, пратам мода, колку што можам пратам мода, се носам со модата, во Америка живеев“, рече Перо, а водителот искоментира дека Америка е центар на модата“, рече Антиќ.

Катарина во една прилика прозборе за нејзиниот убав изглед.

-Со редовно вежбање и нормално здрава исхрана, но и гените наследени од мојата фамилија играат главна улога, така што не ми е потребно многу време за да се вратам во форма после новогодишните празници и преполните трпези со вкусна храна.

Вежбам секој ден и секој ден различни вежби за да ги разбудам и најмрзливите мускули на телото.

Секојдневно пијам различни витамини за кожа, коса, нокти и нормално избегнувам мрсна храна, богата со лоши калории. Млечни произоди не јадам и леб и сѐ што содржи бело брашно.

Пијам доволно вода, но јадам и многу овошје и зеленчук, а самите продукти содржат вода. „А“ крвна група сум и морам да признам дека дури и сум била на диета според крвната група, имав одлични резултати.

Не само диета според крвна група, туку мислам дека сите можни диети за кои сум прочитала сум ги испробала, понекогаш се нарекувам бело глувче.

Веќе некое време се пишува дека Перо Антиќ одамна не ја ставил Катарина Ивановска на Инстаграм како што беше случај претходно, а ниту таа него.

Во своето ново „стори“, Перо напиша дека е на диета, а стави слика од својот оброк.

Дали тоа што Катарина веќе ја нема на Инстаграм профилот на Перо, ниту тој регира на нејзините објави значи дека е крај на љубовта, останува времето да покаже.

Катарина и Перо не се следат на оваа социјална мрежа, што најверојатно веќе не се заедно.

Катарина објави ептен убава слика од себеси, на која изгледа топ. Maнекенката присуствувала на некој настан каде што беше облечена во долг црн фустан, а камерата во кратко видео ја снимаше од сите страни.

Катарина на ова видео ги означила Божиновски – продавницата за часовници.

Катарина објави и пожешка фотографија од истиот настан, каде што не ѝ се гледаше лицето, туку фокусот беше насочен кон длабокиот шлиц и деколтето.

Previous articleТатјана и Новица немаат зима како кај нас, а очигледно ни во љубовта, еве колку се заљубени (ФОТО)
Next articleTрајче Толевски побаpа услуга од ѓорчевци: За возврат ве чаcтам во Камин Кама, вечера за двајца