Home News Новинарот Фуркан Салиу, објасни што точно се случило завчера во Арачиново

Новинарот Фуркан Салиу, објасни што точно се случило завчера во Арачиново

Завчера неколку портали, објавија дека во Арачиново, наводно, полициска патрола била набркана од локални жители, па дури се споменуваше мил итантна група.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, по повод овој настан, вчера изјави:

„Досега немаме пријава ниту од полициски службеници дека некој им се заканувал и ги избркал, ниту пријава од граѓани, иако има јавување во полициска станица за недолично однесување на полициските службеници кои биле на пунктот“,

Одделот за крим-полиција и внатрешната контрола, како што информира тој, работат и со службен материјал ќе ги расчистат сите овие работи за да можат да информираат.

„Пренагласено е дека тоа било со о ру -жје, но да видиме што ќе излезе на крај. Прво да видиме кој е случајот, за да знаеме што точно се случило, па после да можеме да разговараме за се друго“, рече Спасовски, додавајќи дека треба да ги утврдат фактите за да видат што се случило.

Тој повтори дека досега нема службен материјал којшто укажува на тоа дека имало таков н апад, па дури и вербален, врз полициски службеници.

„Затоа викаме да заврши комплетно, ќе ги имаме деталите во овој случај, да видиме дали ќе се потврдат таквите информации или не.

Факт е дека се појавуваат многу информации во јавноста и тоа во последниот период, меѓутоа ќе мораме да реагираме во однос на целиот овој настан“, рече Спасовски.

Вчера на својот профил на социјалните мрежи, се огласи новинарот на Клан, Фуркан Салиу, кој важи за добро информиран новинар:

„За настанот во Арачиново и “во ор- ужените групи” измислени од полицаец на режимот…

Вчера околу 18:45 од страна на ИП било сопрено едно возило кое било управувано од возач кој што не носел документи со себе. Им објаснил на полицајците дека има ургентен случај и пробал да тргне.

Полицискиот службеник не дозволил да си замине пред да го легитимираат.

Откако бил утврден идентитетот и утврдено дека таткото негов е лице со посебни потреби и дека навистина случајот е ургентен, лицето е ослободено. Лицето не е ниту жител на Арачиново.

Полицаец кој што на некој начин под ка зна е во полициската станица Арачиново (а не бил на местото на настанот) ги информирал порталите со своја верзија на настанот за да утре се пожали дека не се чуствува безбедно во Арачиново воопшто не размислувајќи за па никата и ст равот што може да се рашири од информациите дека некоја в оор -ужена група функционира во Арачиново.

Ова е случај за внатрешната контрола но и за обвинителството“, напиша на својот профил на социјалните мрежи, новинарот Фуркан Салиу.

Previous articleЗагубата на татко му го спречи да се израдува на ова- Емил Угриновски еден ден откако го напушти д-р Угриновски имаше повод за среќа и за тага
Next articleТатјана и Новица немаат зима како кај нас, а очигледно ни во љубовта, еве колку се заљубени (ФОТО)