Home Live Tрајче Толевски побаpа услуга од ѓорчевци: За возврат ве чаcтам во Камин...

Tрајче Толевски побаpа услуга од ѓорчевци: За возврат ве чаcтам во Камин Кама, вечера за двајца

Мерак меана е музичка емисија во која се пеат најубавите песни од Македонија и Балканот, а емисијата се емитуваше и сабота и во недела. Водител на емисијата е Трајче Толевски – Мајка од групата „Скопски Боеми“.

-Драги наши мераклии, со ваша љубов успеавме да стигнеме до 4000 лајкови и над 4300 следења на нашава мераклиска страна!

Ви благодариме со полно срце за сета љубов, продолжете да нѐ следите и се надеваме во најскоро време дека ќе ве израдуваме со ново-снимени емисии!!!

Ви праќаме мнооогу љубов, напишаа мераклиите на својата Фејсбук страница во една прилика.

На Трајче за жал му се случила нecpeќa, имено изгорел неговиот објект „Камин Кама“, поточно ресторанот во кој многу наши пејачи настапуваа. Тој на социјалните мрежи ја објави оваа неубава вест.

Потоа, многу пријатели почнаа да го тешат и да му велат: „Мајка, ќе направиш ти поубава кафана.“ Мајка е инаку прекар на Толевски, според социјалните мрежи може да се заклучи дека така го викаат пријателите.

– Известување: Ги известуваме сите гости дека поради градежни работи предизвикани како последица од пожарот што го зафати објектот на Камин Кама, објектот нема да биде отворен за гости извесен период.

За повторно отворање навремено ќе бидете известени. Ви благодариме за разбирањето“, напишал Трајче и објавил слики од ресторанот кој е целосно руиниран.

Откако се случи пожарот во ресторанот на Трајче Толевски, пријатели на Фејсбук апелираат да му се помогне на овој наш познат музичар.

И покрај она што се случи со неговиот ресторан, Трајче се крена на нозе и продолжи понатаму. Новата слика која ја објави е од изгорениот ресторан, на која тој е со пријател и на него напиша: „Оптимизмот се враќа. Одиме до крај. Не сум сам“.

Трајче објави слика токму со Гавазова и со други негови колеги. Сузе го истакнала нејзиното длабоко деколте, а Трајче до сликата напишал: ослбодување на негативна енергија.

Ваква убавица како Сузе сигурно дека му помага на Трајче, а и на другите нејзини пријатели полесно и повесело да им помоне денот.

Трајче изминативе денови иако има голема мака објавуваше среќни и позитивни фотографии од снимањата на Мерак Меана, и се гледа дека неговиот дух и оптимизам не го напуштиле.

Откако Трајче вети дека пак ќе го изгради ресторанот, тој се исправи гордно и најави дека се снима петтата сезона на познатото шоу „Мерак меана“.

А се фотна токму со убавите пејачки Даниела Темелковска и Ирена Спасовска, како и со Душко Георгиевски и порача: Аирлија 5-та сезона!

Во “Камин Кама” гостуваа речиси сите големи имиња од македонската естрада, егзистираа и живееа многу фамилии кои работеа таму, голем број на музичари, колеги, пејачи (настапувајки на секаков вид на веселби и прослави кои се одржуваа таму).

Овој Фаундрејзер е направен да се соберат средства за реконструкција на ресторанот Камин Кама, кој за жал НЕ БЕШЕ ОСИГУРАН, напиша пејачката Татјана Лазаревска за Трајче и ресторанот и додаде:

-Штетата која е направена во пожарот е над 70,000€ – сума која Трајче и неговата фамилија не можат да ја обезбедат во моментов, зошто сето тоа што го заштедиле во изминативе години тие несебично го вложија во КАМИН КАМА, од која што егзистираа многу фамилии додека беше во функција.

Трајче и неговата фамилија се прекрасни луѓе кои дури и во ваква ситуација се молат на Бога, гледаат позитивно се смеат-иако не им е до смеење и бараат надеж за да почнат од почеток со нови сили.

Трајче полека си го средува ресторанот, а сега побара услуга од ѓорчевци да му помогнат во една работа. Тој на својот профил напиша:

-Не ми се верува да нема убави фотки од старо Ѓорче Петров или Ханриево да ги сместиме во Камин Кама.. Барајте ѓорчевци.. За најдобар избор вечера за двајца.. Части Егеец.

Previous articleКатарина Ивановска покажа колку е згодна, фустан со отворено деколте и длабок шлиц, на оваа нога ретко кој би одолеал (ФОТО)
Next articleКога Тања на лицето нема шминка, речиси е иста како сестра ѝ Билјана, како близначки да се (ФОТО)