Home Live Елена Велевска се врати во родниот Прилеп, и само таму може вака...

Елена Велевска се врати во родниот Прилеп, и само таму може вака да изледа, се опушти на домашен терен (ФОТО)

Многумина знаат да кажат дека Елена Велевска е таа која направила револ-уција во фолк музиката кај нас, објави estradaworld.blogspot.com во една прилика, а таа за овој медиум изјави:

Јас сум прва која се потруди да реализира видео спот со приватна продукција кој во тоа време1997,чинеше 1500 марки,без ничија помош го реализирав и продолжив да снимам високо буџетни спотови до ден денес и така ќе биде и понатаму.

-Со моето појавување како да ги потикнав моите колешки поинаку да размислуваат,да вложуваат во себе,со моето појавување ги поставив темелите на свежата крв на фолк музиката во Македонија.

Кога нешто работиш со љубов,искрено и без задни намери ќе имаш резултати.За оваа професија е најбитно да си свој.Jас ја имав таа среќа публиката да ме прифати од самиот мој почеток и тоа трае до ден денес.

Индивидуално е,но посветеноста е најбитна,љубовта која им ја пружиш на публиката и едноставноста.

Како дете чекав што побрзо да пораснам.Прв ми подаде рака Игор (музичар од мојот роден град Прилеп)со него ја снимив песната “Сонувам”. После тоа мојата прва касета ја снимав со Дејан Момироски музички продуцент и соработник со кој работам 20 години.

Последниве години имам свој ПР тим кој многу ми помага.Најголемата подршка во тоа време кога почнував,а имав 15 години беше и остана моето семејство.

Додека моите другарки изглегуваа и бркаа симпатии,јас без да знаат моите родители одев во ресторани кои работат со музика во живо и сакав да гледам како се работи,кои песни се пеат,запишував и ги учев песните кои беа актуелни.

Така музичарите го забележаа мојот интерес кон музиката и имав простор да испеам некоја песна. Упорноста и истрајноста ме донесоа овде каде што сум.

-Јас не сум конфликтна личност, ни во приватниот, ни во професионалниот живот.Го почитувам секој оној кој се труди да направи нешто.

Живееме во време каде што е многу тешко да издадеш песна,видеоспот,јас немам никаков проблем она кое е добро да го споделам на социјалните мрежи, со мојата публика, што не можам да кажам дека е така и кога моите колеги се во прашање.

Фокусирана сум на мојата кариера и на семејството, немам време за да бидам дел од нешто кое не сакам, каде што не ми е местото.

Мојата цел е преку песна да се зближиме,музиката нема граници,да си помогнеме со што ќе се прошири соработката на музичкиот пазар.

Ние како Балканци можеме многу,а со песна е многу полесно.Колку по пријателски однос со колегите толку успехот за сите е неминовен“, кажа Елена.

-Многу е тешко да наметнеш нешто ново, поинакво. Јас пред 18 години направив работи кои дотогаш никој не ги направил. Понудив нешто поинакво, од музика до видеоспот, песните кои ги промовирав во тоа време се слушаат до ден денес.

Сама си го наметнав тоа и така функционирам до ден денес, сакам да сум поинаква и јас сум сама на себеси конкуренција најголема, сакам од претходниот проект да сум подобра и ми успева, публиката го прифаќа тоа, а за мене тоа е најважно.

Ако работите со љубов, посветени сте, вложувате труд, успехот е загарантиран. Јас исто функционирам кога е мојата кариера во прашање од некогаш до ден денес.

– Никогаш не сакам јавно да зборувам за тоа колку имам, што имам, примитивно ми е. Живееме во земја во која просечна плата е 200 евра и повеќе од безобразно е јас или кој било да се расфрла со сума на пари и да биде трн во око.

Јас сето ова што го имам, го имам заработено, мојата кариера трае повеќе од 20 години. Не сум опседната со тоа што го носам дека мора да е бренд. Носам парчиња гардероба од брендови кои се достапни за сите.

Еден од најголемите животени успееси е од она кое што сакате да го работите да знаете пари да направите и да можете да живеете нормално, пристојно. Се исплати доколу вложуваш, јас во мојата кариера многу вложувам и тоа ми се враќа, мојата публика го препознава тоа“, изјавила таа за Слободен печат.

Елена објави нови слики на кои супер изгледа, во фустан- кожа боја кој го истакнува нејзиното деколте, а делува како да нема ни град-ник под фустанот.

Отакако се врати по разводот во родниот град, Елена се раскомоти и се опушти, а мора да се признае дека вака досега не изгледала.

Previous articleНоне откри дека срцето ѝ свети, ама откри и многу повеќе на оваа слика – машала (ФОТО)
Next articleНа среде интервју, Лила јавно, пред камера го бакна познатиот пејач (ВИДЕО)