Home Live Еве како изгледа Врчак сега- ептен ослабен ама и подмладен, објавена тазе...

Еве како изгледа Врчак сега- ептен ослабен ама и подмладен, објавена тазе слика од познатиот рапер (ФОТО)

Од Раде Врчаковски- Врчак одамна не сме слушнале ништо ново, ниту пак најава дека нешто ќе снима. Тој не се појавува во медиумите, не дава интервјуа, го нема на социјалните мрежи, и никој не знае каде е и што прави.

Раде Врчаковски- Врчак беше еден од нашите најпопуларни рапери. Неговите песни „Пред да заспијам“, „И повторно сам“ и многу други беа мега хитови, а и денес се пеат. Врчак, заедно со Тамара и со Адриан Гаџа беше и на „Евровизија“ во 2008 година во Белград.

Врчак, по стапките на татко му, познатиот доктор Миодраг Врчаковски студираше медицина, а паралелно и музика, на познатиот американски музички колеџ „Беркли“.

Неговиот талент е несомнен, но сите се прашуаа зошто се повлече од музиката?

Неговиот колега и пријател Роберт Билбилов лани ја заскокотка јавноста со една објава.

Роберт објави слика од Врчак, која е стара и на неа напиша дека нешто се наговестува. Фановите по оваа објава помислија дека Врчак се враќа на сцената, но ништо од тоа.

По долго време, Врчак минатата година сподели објава на Фејсбук. Станува збор за негов постар пост кој го реобјави.

„Пак ке кажам никогаш во живот не сум навредил никој дури ни во мислите додека не дојдов од оваа тема. Песни се песни приказни, фантазии, комедии, напишани од влијание на општеството во кое сме растени“, напиша Врчак.

Пред две години „Слободен печат“ објави фотографија од Врчак, како изгледа денес. Многумина не би го препознале.

Дали со враќањето на социјалните мрежи тој најавува и враќање на музиката, останува да видиме. Пријателите на музичарот велат дека тој и сега создава нова, добра музика, но чека вистинско време да ја објави.

Во една прилика, тој објави дека е во Лос Анџелес каде што продуцира нови песни за странски артисти. Токму Роберт Билбилов кој му е добар другар го спомена во едо интервју за Женски магазин и прозборе зошто го нема Врчак.

Билбилов зборуваше и за своето другарство со Тамара и со Дарко Димитров, но акцент му даде на Врчак во овој одговор:

-Со Дарко сме буквално скоро секој ден на линија, или возиме точаци заедно, или работиме музика…

Нашата дружба не се промени од првиот ден кога се запознавме, имав 15 години кога прв пат отидов кај него во студио, уште тогаш ме прими како свое дете кој е рамен на него, и ми ги отвори патиштата кон музиката и воопшто продуцирањето…

Бескрајно сум му благодарен за тоа…Тамара исто така, ние сме една душа во две различни тела, можеби денес поради секојдневните обврски не успеваме да се гледаме секој ден, но и кога нема да се слушнеме извесен период ние знаеме доста еден за друг.

Пријателството е како ѕвездите, и кога не ги гледаш едноставно знаеш дека се таму…

Врчак едноставно се повлече и од мене и од доста другари, пробувам да го исконтактирам но тешко иде конекцијата со него…

Мислам дека јас бев неуморливиот да го врати, но тоа е негов избор, јас искрено верувам веќе повеќе од една деценија дека ќе ни се врати со песни на кои ќе уживаме во неговите текстови, и ќе ни врати едно убаво чувство на сите нас.

Луѓето го сакаат и секојдневно се молат за неговата музика,Раде брате врати се…Ниедна песна нема да биде доволна добра или совршена,сепак убавината е во несовршеноста…“, рече Роберт.

Врчак долго не сме го виделе во јавноста, но сега е објавена негова тазе слика, тоест како изгледа сега. Стилистот Арменд Рамадани објавил слика од Врчак и го означил во својата објава.

-Со мојот најдобар брат, по долго време- пишува во оваа објава, а очигледно е дека Врчак замина да си ја средува косата. Ама, рака на срце, тој изглед топ, доста подмладен ама и дсста ослабен.

Previous articleКога Тања на лицето нема шминка, речиси е иста како сестра ѝ Билјана, како близначки да се (ФОТО)
Next articleТенка половина, кратка маичка и кожни панталони- Тамара ли е ова? (ФОТО)