Сопругата на Христијан, Рози Мицкоска, која по професија е професорка по македонски јазик во гимназијата „Орце Николов“ во една прилика раскажа како е да се биде жена на политичар.
Таа е родена струмичанка, а во Скопје живее од 1996 година кога дошла и се запишала на студии. Со нејзиниот сопруг Христијан заедно се уште од студентските денови, а во брачните води запловиле во 2005 година.
Нејзините соседи велат дека Рози, иако нејзиниот сопруг е лидер на најголемата партија, е останата ,,на земја”. Таа често може да се види во локалните маркети во населбата Влае, каде што живее семејството Мицкоски.
Таа е позитивна, харизматична личност, која без нималку возгордеаност застанува на муабет со секого кој ќе ја поздрави.
Инаку, Рози наскоро ја чека полни раце работа. Во нејзиното семејство покрај Бадник слават и именден на нејзиниот сопруг, кога традиционално, со погача која е месена дома одат во соборниот храм да кршат лепче.
Како што таа самата во една пригода за „Вечер“ изјави, јануари е месец на нејзиното семејство. Покрај Бадник и именденот на нејзиниот сопруг, тие на 20 јануари го слават Свети Јован, именденот на постариот син, а на 30 – ти – Свети Антониј, кога е именденот на помладиот син.
Таа е родена струмичанка, а во Скопје е од 1996 година, кога дошла да студира, па го засакала градот и сега во него се чувствува убаво.
Со Христијан се заедно уште од студентските денови, а врската ја крунисале со брак во 2005 година.
-Се омажив за инженер, магистер на Машински факултет. Сега живеам со професор на Машинскиот факултет и политичар.
Иако е огромен предизвик, се надевам дека успешно се снаоѓам во таа улога. Сега, како жена на политичар не ми е потешко од претходно, има повеќе обврски, но секако и повеќе предизвици, вели Мицкоска и додава дека нејзиниот сопруг во она што го работи, ја има целата нејзина поддршка.
Од друга страна, познато е дека Христијан и градоначалникот на Кисела Вода, Орце се добри пријатели. Орце Ѓорѓиевски во една прилика за „Метаболизам.мк“ си ја пофали сопругата и раскажа каков е приватно.
-Орце е семеен човек, сопруг на Мартина, татко на Ведран. Другар кој ден денес негува и одржува другарства од детството и младоста.
Орце е дете родено и израснато во н. Драчево, а понатаму семејниот живот го продолжува во н. Расадник во Кисела Вода. Израснат во религиозно семејство, а во сите предизвици низ животот вербата кон Бога само ми се зајакнала.
Поради неа се изгради во хуман човек кој од срце сака и чувствува среќа кога помага. Орце е човек кој професионално е дисциплиниран, строг кон себе и работните задачи, а приватно може нескромно да се пофали како еден од најголемите шегаџии во друштвото.
Орце е човек кој е расипувач на забави во случај ако сакаш да консумираш алкохол или сакаш да играш на музика во диско, затоа што ни едното ни другото не му претставува задоволство и во неговиот живот како возрасен човек тоа му е комплетно изма чување (хахаха).
Орце е веќе изградена личност со ставови и вредности, човек на кој најмногу му значи семејството и кој за цел во животот му е да биде добар пример за неговото дете.
Добро е, мислам дека е успешно совладан предизвикот: зборување за себе во трето лице хаха“, рече тој.
-Он е срце на тато (се смее). Со сопругата на почетокот го потценивме зошто сметавме дека е многу мал и нема потреба сега да го оптеретуваме со информации и на некој начин да го заштитиме од секој притисок.
Ведран е во години кога се разбира но на таа возраст децата знаат поинаку да ги толкуваат работите. Нашата грижа траеше дури четири дена (се смее) знаете, Ведран е бистро дете кое веднаш сфати дека нешто различно се случува.
Синоќа, на јубилејниот концерт на групата ДНК, присуствуваа Орце со сопругата, Тимчо Муцунски, Христијан и Рози Мицковски, како и Бобан Стефковски. Помеѓу предните редови , политичарите уживаа во спектакуларниот настан што го направија Панчо и Андреј.
Орце, го одбележа овој момент со прекрасна фотографија, а меѓу тоа што го пофали дуото, кажа по нешто и за неговите пријатели кои беа со него.
-20 години ДНК, приближно толку години мои искрени пријатели.
Момци, нека ви е честит јубилејот, да имате уште многу концерти, фанови и песни со кои ќе продолжите да оставате траг во македонската музика! Чест е да бидеме ваши гости.
На фотографијата може да се види дека Мицкоски е најлежерно облечен, во маичка по кратки ракави и стои покрај сопругата Рози.