Home Live На среде интервју, Лила јавно, пред камера го бакна познатиот пејач (ВИДЕО)

На среде интервју, Лила јавно, пред камера го бакна познатиот пејач (ВИДЕО)

За Лила Стојановска не е потребно многу да се кажува. Народот ја препознава од нејзиниот долгогодишен ТВ ангажман во Сител, пред сè од добро познатиот квиз, кој таа со годони го води.

Лила освен што е добра ТВ водителка, последниве десетина години, покажа дека има „мирис“ и за бизнис, па така, меѓу првите јавни личности во Македонија, отвори Инстаграм профил со посебна намена, а тоа е заработка на пари.

Сега веќе сите знаат што значи зборот инфлуенсер, многумина се обидуваат тоа да станат, на некои им успева, на други не, но затоа, Лила Филиповска во меѓувреме стана најмоќната наша инфлуенсерка, со преку 200 илјади следбеници на нејзиниот профил.

За оние кои не знаат што значи зборот инфлуенсер… Популарниот лик носи накит или облека кој е спонзориран од некој бренд. Во случајов, за кој пишуваме денес, Лила беше во познат скоспки ресторан, кој отвори свој нов локал во населбата Аеродром.

Се работи за ресторанот „Дион“, кој е познат на кејот на реката Вардар во строгиот центар на градот Скопје, а кој сега отвори нов ресторан во населбата Аеродром.

Сопственикот, Никола Никац Талев и неговиот брат Стефан Тете Талев, низ годините наназад, успеаја да го создадат можеби најпознатиот брен во областа на угостителството во градот Скопје.

Во интервју на естрадниот магазин „Бекстејџ“, Лила Филиповска неколку пати напомена, дека пред сè, Никац, сопственикот на Дион е нејзин пријател, но сепак, таа никаде не би отишла, па дури и кај роден брат, доколку не и се допаѓа просторот или храната.

Лила Филиповска објасни која е нејзината омилена храна во Дион, а тоа е, како што рече, пастрмајлијата, која се подготвува во фурна на дрва:

„Пастрмајлијата подготвана на дрва, салатата „Капрезе“, врвната услуга, амбиентот, тоа се неколку работи кои ме привлекуваат во овој ресторан. Верувајте, брат да ми е, не би одела кај некого доколку не ми понуди врвна услуга“, рече Лила пред камерата на Бекстејџ.

Во разговорот со Лила, се вклучи познатиот пејач на ноќните свирки, кој во моментов го има приматот во Скопје, Драган Темелков Џони.

Лила го бакна Џони и го нарече свое злато… Сепак, нивните познаници знаат дека Џони и Лила се добри другари, а пејачот, кој истовремено е многу близок со соптсвениците на локалот, ја дополни Лила околу ресторанот.

-Ресторанот е птворен, но уште не е завршен! Се планира да има и игротека, па така, кога ќе дојдта родители со деца, да можат слободно да си седат, а нивните дечиња да се занимаваат.

Нешто што е најважно, околу ресторанот има огромен паркинг, нешто што во денешно време е многу важно и истиот е бесплатен, напоменаја Лила и Џони.

Видеото од разговорот можете да го видите ТУКА

Previous articleЕлена Велевска се врати во родниот Прилеп, и само таму може вака да изледа, се опушти на домашен терен (ФОТО)
Next articleМицкоски со сопругата во опуштено издание, ретко го гледаме вакa (ФОТО)