Home Live Ноне откри дека срцето ѝ свети, ама откри и многу повеќе на...

Ноне откри дека срцето ѝ свети, ама откри и многу повеќе на оваа слика – машала (ФОТО)

Дома си е дома- важи изреката и за Ноне Неделковска, која долги години беше насекаде низ светот рабоетјќи на брод, а оваа пејачка пред неколку месеци се врати дома, во родниот Велес.

Пејачката сега е во Велес, и често споделува инспиративни мисли но и фотографии на Инстаграм.

– Не може да се научи ширењето на позитивна енергија – не може од човек да излезе она што го нема.

Постојат луѓе кои мислат дека ширењето на позитивна енергија може да се научи, дека постојат фрази, зборови или реченици кои ја создаваат позитивната енергија.

Не е така. Енергијата, позитивна или негативна, се наоѓа во човекот. Не може од човек да излезе она што го нема. За да можеме да шириме мир, мораме најпрво да имаме мир во себе.

За да можеме да шириме радост, мора најпрво да ни биде срцето радосно.

Во спротивно, и зборовите за најголема утеха звучат како напад, од устата на незадоволниот човек“, напиша Ноне неодамна.

Таа се сликаше по градник и ги запали своите фанови кои ја лајкнуваа и ѝ ги коментираа сликите:

„Прекрасна си“, „Немам коментар“, беа едни од нив. До сликите, Ноне порача: „Ако имате добри мисли, тие ќе зрачат од вашето лице и секогаш ќе изгледате прекрасно.“

Откако за првпат се појави во јавноста на музичкиот натпревар „Идол“, шарматната Ноне Неделковска е многу интересна за јавноста. Таа публиката ја освои со својата појава, со своето пеење, песни и имиџ.

Ноне потоа градеше кариера во Македонија, снимаше песни и пееше на домашните фестивали.

Пред почетокот на пандемијата, таа се врати во родниот Велес, а претходно шест години целиот свет беше нејзин дом, таа работеше на брод, како менаџер за продажба.

Долги години на бродот, Ноне беше во врска со Рајан, со кој прекина пред повеќе од една година. Потоа, нејзиното срце го освои Урош од Србија.

Тој по професија е монтажер и работи на спотови. Тој е од Србија и досега работел на реализацијата на видеата на еден куп познати фаци.

Ноне од брод реши да се префрли на копно во една прилика, барем на некое време и тоа во душата на Шпанија, во преубавата Валенсија.

Бидејќи е голем љубител на животните, таа одлучи да ја посети неверојатната зоошошка градина „Биопарк“ и со своите следбеници на социјалните мрежи да сподели фотографии и видеа од доживувањето.

– Чувство што не може да се опише со зборови ниту слика. Каков ден!, напиша некогашната пејачка во описот на една од фотографиите.

Ноне објави една доста провокатиовна слика за која нароски едноставно може да се каже- машала! Таа е сликана во црн фустан, но деколтето кое го покажува е најдлабокото до сега.

До оваа слика, таа напишала и доста мудра порака- Дозволете светлината на вашти срце да се рефлекрира и во вашата душа!

Previous articleТенка половина, кратка маичка и кожни панталони- Тамара ли е ова? (ФОТО)
Next articleЕлена Велевска се врати во родниот Прилеп, и само таму може вака да изледа, се опушти на домашен терен (ФОТО)