Home Live Расположено издание: Благоја Грујовски и Наум Петрески се частат – Да се...

Расположено издание: Благоја Грујовски и Наум Петрески се частат – Да се напиеме по една

Една од нашите најпознати и најдобри пејачки во фолк музиката, и професор по хармоника во средното музичко училиште е Зуица Лазова. Таа е сопруга на Наум Петрески и мајка на две деца.

Зуица беше гостинка во емисијата „Магазин“ на Тв Сител и таму раскажа многу интересни нешта за себеси, за Наум, за децата и за својата работа.

Таа раскажа дека е многу врзана за својот роден град Штип, и се уште оди таму да го посети братот, снаата, внукот и чичкото.

– Имавме навистина прекрасно детство, моите убаво нѐ воспитуваа. Не се среќававме со пандемијата како денешниве деца.

И јас и Наум се трудиме, но мислам дека нема да успееме да го обезбедиме она што ние сме го поминале како деца.

Да им обезбедам една безгрижност, сигурност, а не ваква неизвесност.“, рече Зуица.

Потоа зборуваше како ѝ дошла паузата од настапите која ѝ ја донела пандемијата. „На почеток, ми дојде како кец на десетка. Имав време да одморам, да научам нешто ново.

Во кујната во оваа време мислам дека сите станавме експерти. Мислам дека не остана нешто што споделија по интернетот, а што јас не направив.

Сега веќе ни недостасува она што живот значи. Сцената за нас значи живот и финансии и уживање, и дружба со сите оние коишто сакаат да не слушаат, и едвај чекаме ова да заврши или некако да стивне“, рече Зуица.

Наум Петерски од 1990 г. почнал професионално да се занимава со музика и до ден денес остварил многу успеси на музичко поле и секогаш останал доследен на корените на македонската фолклорна музика.

Над 300 песни има на својот репертоар и снима активно. Сепак, фестивалите како рече, веќе ги остава за помладите.

Ги зедов сите награди по фестивалите што требаше да се земат, време да им отстапиме простор на помладите, јас на фестивал би можел да сум во жири или пак да имам мини концерт додека се чекаат наградите, вели Наум.

Тој има голем багаж зад себе, а во една прилика отворено раскажа колку му бил најголемиот бакшиш во кариерата.

– Тоа беше многу одамна, во Вевчани се има случено, во кафанче помало од студиово, ресторанот го држеше мој пријател и сват во исто време, ептен другари сме.

И нè повика, имаше гости од Србија, од овде, од онде, генералниот директор беше на „Панонка“, и вечерта земавме некаде околу 12.000 тогашни марки и околу 3.500 швајцарски франци“, изјави Наум во емисијата „Еден на еден“.

Петрески е познат како голем љубител на риболовот. Петерски е татко на четири деца, Сања и Анастасија која е позната пејачка, ќерките од првиот брак.

Од бракот со Зуица Лазова го има синот Стефан и ќерката Македонка. Наум е веќе и дедо, има една внука и еден внук.

-Кога се случи „Има ли песна” телефонот не престана да ѕвони сите сакаа да честитаат и да го искажат воодушевувањето. Во домот ретко кога немаше гости. Јас сепак мислам дека си останав истиот, а популарноста во секој случај годи.

На секаков начин се поддржуваме со Зуица и во избор на песни и во поделба на обврските, како велат и во добро и во лошо“, кажал тој за Зуица а потоа раскажал и за децата и за внуката и внукот од ќерката Анастасија.

Анастасија веќе изгради своја кариера и своја препознатливост. Сите се музикални и убаво пеат, Сања е физиотерапевт и пее за своја душа и ќеиф.

Македонка е на факултет посветена на класичото пеење, тоа и го изучува, а Стефан засега свири гитара и тој убаво пее, но што ќе избере понатаму останува на него да си реши.

-Анастасија веќе изгради своја кариера и своја препознатливост. Сите се музикални и убаво пеат, Сања е физиотерапевт и пее за своја душа и ќеиф.

Македонка е на факултет посветена на класичото пеење, тоа и го изучува, а Стефан засега свири гитара и тој убаво пее, но што ќе избере понатаму останува на него да си реши.

Чувството да се биде дедо е неописливо и само ми жал што немам повеќе време за да уживам со малите Андреа и Лука“, кажал Наум во „Женски Магазин“.

Благоја Грујовски на својот Фејсбук профил објави слика со Наум, поточно тие двајца биле во ресторан ИВ, да наздрават за наградите кои Наум ги „собрал“ од БиХ.

„Да се почестиме за наградите на Науме во БиХ,“ напишал Благоја во описот на сликата каде што се гледа дека тие наздравуваат со по една пијачка.

Previous articleЗатоа сите ја сакаат: Гоца Тржан кажа дали има нешто пластично на нејзе и дека сака да остари како убава госпоѓа
Next articleДрагана Мирковиќ: Со сопругот Тони си ги сакаме децата покрај нас, затоа ги намамуваме