Home Live Тенка половина, кратка маичка и кожни панталони- Тамара ли е ова? (ФОТО)

Тенка половина, кратка маичка и кожни панталони- Тамара ли е ова? (ФОТО)

Нашата позната пејачка Тамара Тодевска почна да пее од многу мала, а сега веќе е изградена музичка ѕвезда, европски позната откако запеа на Евровизија, мајка на Хана и на Дарен.

Тамара даде едно искрено интервју за НМД.мк и таму меѓудругото го изјави следново:

Не, далеку од тоа дека се плашам од староста, бидејќи од тоа не може да побегне ниту едно живо суштество. Предност во староста може да биде огромното искуство, без разлика за кое поле станува збор!

Но, чув дека во 2035, медицината ќе напредне до таму што, на пример ќе имаш 70 години, а ќе изгледаш како да имаш 55.“ Таа зборуваше и за убавината на жената која доаѓа одвантре, но и за нејзината фамилија:

За да се чувствуваш убаво однадвор треба да си среќен одвнатре, со себе! Задоволен со она што го поседуваш, и секако да ги искористиш и надоградуваш сите свои квалитети! Прочитајте ја “Моќта на потсвеста“ и ќе знаете за што зборувам..

Не би се откажала ама баш од ништо, па и самите знаете дека нашите дедовци, баби, имале не по едно туку по 5, 6 деца, па ете некако на крајот ги истерувале на прав пат!

За да создадеш фамилија е голема жртва, се откажувате од се, но на крајот вреди! На прашањето дали се чувствува како ѕвезда, таа кажа:

„ Хмм, поимот ѕвезда е многу комплексен. Знаете ѕвездите се недостижни, не можете да им се приближите, но сепак светат!

Јас сум човек како и сите други, само што ете сум одбрала да работам јавна професија во која навистина уживам!

Кога веќе ме споредувате со некое небесно тело, во случајот ѕвезда, ќе кажам не, јас не сум ѕвезда бидејќи ѕвездата е само обичен камен, јас сум СУПЕРНОВА!

Популарноста има и позитивни и негативни страни, убаво е да си во постојан контакт со своите фанови, да се фотографираш, почесто да патуваш… 

Негативните се, па… Можеби ете недоволното спиење поради честите настапи.

Јас сакам да ме има по медиуми само кога имам нешто да кажам! Нов албум, спот, песна… А да се појаувам во медиуми без причина мислам дека е навистина смешно“,. Во истото интерју, таа зборуваше и за тоа колку е вешта во кујната.

-Со оглед на тоа колку време работам, јас навистина немам време да се посветам во кујната. Но сакам, гурман сум и знам да подготвам нешто.

Претежно месо со зеленчук, некоја паста со интересен сос, сакам да експериментирам, но не и да претерам“.

-Моите пријатели многу добро знаат која сум и во што верувам. Немаше потреба да им објаснувам што се случи, ниту да им се правдам. Моите пријатели не ме гледаат мене како ѕвезда, пејачка. За нив јас сум Тамара – пријателката.

Пресреќна сум за сите работи што ги имам во животот. Благодарение на Евровизија, денес мојата музика можат да ја слушнат милиони луѓе низ светот.

Имав прекрасни настапи низ Европа оваа година, а следната година ја продолжувам мојата мини-турнеја со настапи во Лондон и Амстердам.

Паралелно работам и на мојот нов албум. Јас сум среќна и благодарна. Го живеам животот од соништата“, рекла таа во едно интервју за Еспресо.

Не велам дека немаше коментари на одредени луѓе што навистина ме повредија, но како што кажав, цело ова искуство ме направи похрабра и ми помогна уште повеќе да верувам во себе.

Тамара била гостинка на концертот на ДНК во салата Борис Трајковски, и таму изгледала топ. Објавила слики со Андреј и со Панчо, ама и прака која гласи:

-Зборови немам да ја опишам вечерашната атмосфера и емоција која ја направија моите другари: Панчо и Андреј. Честитки ДНК. Да ви се множат годините, хитовите и успесите. И браво за целата публика, која покажа како се сака и поддржува македонска музика“.

Тамара бла ептен шизички облечена, во кратка маичка, со кожни пантолони, а откако ослабе и ја истакна својата тенка половина, како да не е Тамара, но мора да се признае дека изгледа- „авион“!

Previous articleЕве како изгледа Врчак сега- ептен ослабен ама и подмладен, објавена тазе слика од познатиот рапер (ФОТО)
Next articleНоне откри дека срцето ѝ свети, ама откри и многу повеќе на оваа слика – машала (ФОТО)