Home Live Васил Гарванлиев раскажа се за неговиот партнер, но и што рекла мајка...

Васил Гарванлиев раскажа се за неговиот партнер, но и што рекла мајка му кога ги видела заедно во Америка

Кога минатата година, во Ротердам се одржа свеченото отворање на 65-то издание на Евровизија, на кое продефилираа сите земји учеснички на изборот за најдобра песна во Европа, нашиот минатогодишен евровизиски претставник, Васил Гарванлиев, за ваквиот настан избрал интересна модна комбинација со уникатен детаљ.

Тој се појавил облечен во долг црн елек, црни панталони и блуза, а на главата носел круна направена од неколку парчиња огледало. Гарванлиев на својот Инстаграм профил споделил и неколку фотографии од церемонијата, објави Точка тогаш.

„Официјално започна. Колку убаво патување досега и конечно имам прилика да запознаам некои од артистите. Ти благодарам Евровизија за овој прекрасен настан“, напишал пејачот под објавата.

Васил за официјалниот сајт на Евровизија го открил значењето зад круната од огледала. „Огледалото секогаш ја открива вистината, без разлика дали таа е добра или лоша“, изјавил тој.

За жал, Гарванлиев не успеа да ја однесе Македонија во финалето на Евровзија. Земјите кои влегоа се: Норвешка, Израел, Русија, Азербејџан, Малта, Литванија, Кипар, Шведска, Белгија и Украина. Ели Танаскоска објасни на крајот од преносот: Васил имаше одличен настап, но сепак, гласањето е важно.

Ниту земјите од екс Југославија, Словенија и Хрватска не успејаа да добиат влез за финалето во сабота. Васил со овие зборови се обрати на својот Фејсбук профил:

-Историски момент… И повеќе од тоа, МОЈАТА ПРИКАЗНА. Застанав на таа сцена со искрена и отворена душа, гордо да ја претставам Македонија и пеев за сите нас. Благодарен сум и горд, и ова е само почеток на едно неверојатно патешествие.

Ја чувствувам вашата искрена љубов, енергија и гордост. Нема да го заборам тоа! Стоиме заедно и силни. Така ќе ја обоиме темнината со светлина и ќе ја исполниме омра зата со љубов.

Стојам тука за вас и најдоброто допрва следува. Ви благодарам за вашата поддршка, пораки и гласови.

Ве сакам, Васил. Пред да настапи на Евровизија, се креан гоема фама за Гарванлиев, откако се објави постаро видео во кое тој кажува дека има и бугарски пасош.

Васил Гарванлиев сега има нова песна која се вика „Ритам“, и вели дека откако љубовта му тропнала на врата, решил да остане во Чикаго, каде што сега живее. Среќен е со Џејсон, американски невропсихолог, за кој ни раскажа дека е љубовта на неговиот живот и негов најдобар пријател.

Неговата одлука да гради кариера далеку од дома, и неговиот емотивен избор го поддржала и мајка му, која неодамна го посетила во Чикаго, а во Струмица си заминала среќна, поради среќата на синот.

Од мајка си, тој го добил најголемиот благослов“, објави Женски магазин. Гарванлиев раскажала зопто си заминал од Македонија, како живее сега во Америка, и открил детали за неговиот партнер.

-Живеам многу мирно и среќно. Дојдов со намера да снимам албум, љубовта тропна на вратата, и сега секое утро се будам во Чикаго насмеан и опкружен со три весели кучиња.

Песната „Ѓердан“ ме врати дома од Лондон каде што живеев една година и имав листа на работи кои сакав да ги реализирам и исполнам. Откако повеќето зацртани проекти ги завршив, се случи целата драма со „Евровизија“.

Времето го искористив за рефлексија за тоа каде и како сакам да творам и живеам. Јас не заминав од Македонија со цел да не се вратам, едноставно животниот пат ми се промени откако се запознав со Џејсон.

Горчливото искуство и линчот што го доживеав ми помогнаа во одлуката да се преселам во Чикаго. И ако треба да дадам значење од денешна перспектива за се‘ тоа што се случи би рекол дека тоа искуство и пат ме донесеа до љубовта на мојот живот.

Џејсон е една прекрасна скромна личност, со многу интересна животна приказна. Инаку е успешен невропсихолог, посветен партнер и воедно мој најдобар пријател.

Мајка ми е супер, само што си замина од Чикаго денес два часа пред да се објави песната на Јутјуб. Поминавме прекрасни две недели заедно тука во нашиот дом. Последната реченица ѝ беше:

„Заминувам полна, среќна, и мирна зошто ја живееш бајката за која сонувам цел живот и не е лажна туку искрена и полна со компатибилност, разбирање, и љубов““; изјавил Гарванлиев.

Previous articleМарина и Горан Алачки живеат разделени: Нашата позната новинарка во свилен фустан и откриени колена, никогаш толку добро не изгледала (ФОТО)
Next articleЌе го наследи во кујната- вака изгледа синот на шеф Марк, еве што му порача татко му