Home Live Благица Павловска прослави роденден многу јако, запеа и сама, а еве кој...

Благица Павловска прослави роденден многу јако, запеа и сама, а еве кој и беше главен гостин (ФОТО)

Благица Павловска, легендата на народната музика, во едно интервју зборуваше за почетоците не нејзината кариера, која е секако успешна и со многу, многу хитови.

-Со оваа професија се занимавам изминативе 30 години, а не од 1992 како што знаат повеќе во јавноста.

Првпат официјално се појавив на фестивалот Цветници, кој официјално се организираше од МРТВ, но пеев и пред тоа, со тоа што додека беше Екс Југославија, пеев на повеќе простори од нашата држава, пеев на запад, во Германија, Европа итн.

Сакав да успеам во тоа време на Југословенско ниво, но тоа не ми успеа. Зошто не ми успеа? Најверојатно не ми беше времето тогаш.

Кога сакав да почнам кариера надвор од нашиве простори се случи да се вратам од Босна, Сараево бидејќи тогаш почна вој-ната.

Во два наврати спремав материјали и никако да ми тргнеше тоа да го завршам. Но ништо не е случајно. Отпочнав со тоа што сакав мојот квалитет и мојот глас да го ставам на носач на звук за да го одбележам она што го правев со години, затоа што бев доволно извежбана и доволно веќе научив во однос на пеењето.

Не мислејќи дека ќе станам звезда, никогаш не мислев дека ќе се случи тоа што се случи.

Но кога веќе настапив, автоматски се појавуваат и пријатели и непријатели. Од старт наидов на тоа.

-Со самото пеење јас сум во друга димензија. Тоа е на едно повисоко ниво. Високите битија кои ме водат во мојот живот за да го остварам она што треба да го остварам и е по Божја промисла.

Мене Бог ми ги отворил вратите, а јас треба да креирам зашто ние луѓето на Земјата креираме, имаме ум, тело, раце, нозе, не да креираме во негативна смисла туку во позитивна смисла на креацијата.

Така и јас креирам преку песната со добро избраниот текст, дали ќе биде љубовна, родољубива, патриотска, сите тие текстови треба да се прифатат правилно значи кога правилно би размислувале и по Божја промисла, како што Бог сака.

Бог вика: И кон непријателот нема да викаш непријател, значи мораш да го прифатиш таков каков што е, но нема да му возвраќаш со лошо, туку ќе му возвраќаш со добро. Само со добро може да се побие зл ото.

Во една прилика, медиумите, објавија дека наскоро ќе биде објавена автобиографијата на познатата пејачка – Благица Павловска со наслов „Горка вистина“.

Тоа е книга за искуствата, тагата, среќата, успесите и падовите во животот на фолкерката Благица Павловска.

Освен што целиот живот е посветена на музиката и пеењето, Благица најави дека е во обид да го раскаже својот живот на хартија, а тоа да биде достапно и за пошироката јавност.

-Многу работи поминав во животот. Сакам да ги споделам со публиката. Поради тоа ќе напишам автобиографија во која ќе има делови и за кариерата, но и за приватноста, и мажите во мојот живот, изјави Благица.

За жал, оваа книга сѐ уште не ѝ е достапна на јавноста а поминаа повеќе години откако е најавена.

Според животната филозофија на Благица, многу е важно за секој човек како созреал и каков пристап има кон нештата. Има луѓе, вели фолк-ѕвездата, што се пл ашат од мравка и од сето она што не е човек.

Благица себеси се смета за цврста личност и за неа, оние луѓе кои имаат плашлив дух, секогаш ќе имаат проблеми.

Благица на својот Фејсбук профил во една прилика објави едно старо интервју со Ирена Спировска во Македонската радио телевизија кое е насловено:

Интервју и пат до Стамболград. Благица и Ирена се во ептен елегантно издание на снимката од 1995 година, и муабетот им тече вака:

-Со тебе не сме виделе долго време, подготвуваше нова касета, и голем дел од песните на таа касета, станаа хит“, ја прашува Ирена, Благица Павловска, на што познатата пејачка на фолк музика одговара:

-Една знам дека е поголем хит, другите се помалку слушани верувам, меѓутоа кока има една добра песна, другите се губат.

Но, следнава година верувам, јас малку повеќе ќе ги исфорсирам за да се слушаат“. Потоа, Ирена ја прашува што очекува Благица од 1996 година и кои се нејзините скриени, тајни желби за таа година?

– Па, како и минатата сакав добар албум, добра песна што ќе се памети. Секоја година по една добра песна барем“, изјави Благица и потоа ја испеа песната „Пат до Стамболград“ за која рече дека ѝ многу драга песна.

Пејачката Благица на 4ти декември наполни 64 години, но по нејзиниот став и изгледот, дефитивно личи како да е повеќе од 15 години помлада.

Иако, повеќето славни личности одлучуваат да ги прославуваат само јубилејните родендени, за Благица ова правило не важи, бидејќи таа си го празнува своето постоење во секоја можна прилика, па макар и на обичен ден.

Благица за својот роденден направила голема забава, а била поканета и Лила која ја имаше покажано целата атмосфера од роденденот.

Благица викнала свирачи и сама си пеела на својот роденден, а имала и дури пет торти од кои четири биле помали, а едната била најголема, главна, на која имаше слика од пејачката.

Пејачката била облечена во свечен, светкав фустан кој добро ѝ стои, а на видеата кај Лила, се гледа дека Благица е многу среќна и весела.

Previous articleНаставник од Подгорица, ги учи своите ученици како да пеглаат и пржат палачинки
Next articleОва е вилата на Бреговиќ во која има 6 спални, ретко кој ја видел, ја крие и не е достапна за сите (ФОТО)