Home Live Драган Спасов Дац раскажа необична случка- еве што му се случило утрово...

Драган Спасов Дац раскажа необична случка- еве што му се случило утрово на улиците на Скопје

Дуети помеѓу пејач и актер имало повеќе и во регионот и низ светот, но најголема улога во нашата спојка одигра нашето другарство, наоѓањето „на иста бранова должина“ и истиот уметнички пристап кон љубовта и музиката“, изјавија во Локанлно.мк Александар Митевски и Драган Спасов-Дац.

Дуото составено од актер и музичар е актуелно во последвиве години и веќе има своја армија обожаватели.„ Ние и двајцата сме луѓе со кариери и со багаж зад себе и кај нас ништо не е случајно и преку ноќ направено.

Народот од прва ја препозна и ја засака оваа наша ретро, ала кабаретска прикаска во која има љубов, поезија, музика, глума, хумор и позитива – како нешто ново и несекојдневно на нашата естрада.

– Во „Антички театар“ направивме концерт или „евергрин вечер“ и дружење со нас, нашите песни и песните на сите генерации. И тоа беше навистина уникатно чувство, кога имаш спроти себе армија на луѓе наоружана со љубов и гладна за музика и поезија.

Се беше организирано според протоколи и „под конец“ од страна на Дарко Желе Манасијевски и продукцијата и би сакале конечно да дојде период кога повторно ќе можеме така да застанеме пред нашата публика.

Ние од првиот момент се придржувавме на прописите и протоколите, апелиравме и го искористивме нашето медиумско влијание за заштита и носење маски.

Не ги оставивме фановите ниту еден момент и секој ден бевме ОНЛАЈН со нив, преку песни, кавери, спотови и емисии. Тоа беше еден вентил за полесно да се проаѓа годината, и за нас и за нив“, рекоа тие во истото интервју и додадоа:

„Љубовниот пасош“ е една наша идеја која се роди во карантинот кога сите граници беа затворени и сите беа заклучани во своите држави.

Решивме музички да патуваме низ регионот и да ги отпееме познатите љубовни песни на сите тие јазици, со што пративме позитивна енергија, љубов и сочувство во пандемијата, како и добрососедство.

Пеевме на влашки, српско-хрватски, италијански, француски, грчки, турски… Така дојдовме до една посериозна соработка со бугарскиот гудачки квартет со кои случајно се запознавме и се договоривме дека треба да ја снимиме таа песна заедно – тие да свират, ние да пееме. Додека политичарите кажуваа НЕ, ние сите заедно кажавме – ДА, за љубовта“

Познато е дека Дац е голем романтичар и на Фејсбук често знае да напише статус посветен на сопругата Весна. Дац објави статус кој е поврзан со неговата сакана сопруга. Тоа е всушност песна која тој се обидел да ѝ ја напише, а вели вака:

Сакав вечерва, да ти ја напишам, Најубавата песна, Што ја умеам. Не ми оди. Ми фалат зборови, се изгубија по патот на твојата љубов.

Некои се изгубија на усните. Некои на вратот, на градите останаа некои, на стомакот, на изворот, на нозете. Па си велам, ако не ми оди со пишувањето, ми оди со бакнувањето.“

Рано утрово приватните автобуски превозници ги блокираа трите главни точки во главниот град. Нервозни возачи во автомобилите, преполни автобуси на ЈСП, застој на крстосниците е сликата од утрово низ главниот град“, објави Слободен печат утрово.

Блокирани се крстосниците пред ТЦ Мавровка, Црвен Крст, како и Булеварот Илинден околу локацијата на градското Собрание сообраќајот се пренасочува кон другите сообраќајници каде се создаваат големи гужви и застој во сообраќајот.

Драган Сапсов- Дац ја опиша оваа слика на главниот град во еден свој стил, тоест како тој го доживеал овој понеделник и што му се случило на патот накај работа. Дац на Фејсбук напиша: Како си денес?

-Конечно после напорниот викенд доаѓа убавиот понеделник. Одиш на работа, сите се излезени по улиците, градот живее од утрото.

Нема кола која не ја употребува својата звучна сигнализација како да си на свадба, сите мафтаат од отворените прозорци и си прават муабет со самите себе. Најчести зборови се пол-овите ор-гани на мажите и жените и нивната меѓусебна акција.

Автобуси има колку сакаш по раскрсниците. Градот е украсен и од секаде светат лампиони, а на големата елка се гледа ѕвездата од сите населби. Има малку гужва ама тоа е поради претпразничното расположение.

Го сакам Скопје! -Ти се др -ог-и раш?

-Да!“, напишал актерот Дац на Фејсбук.

Previous articleМу била школска другарка од средно – Сефер Цаноски објави детали за Маја Миа
Next articleМарина и Горан Алачки живеат разделени: Нашата позната новинарка во свилен фустан и откриени колена, никогаш толку добро не изгледала (ФОТО)