Home Live Голема промена кај Наум Петрески, илјадници луѓе изненадени од него (ВИДЕО)

Голема промена кај Наум Петрески, илјадници луѓе изненадени од него (ВИДЕО)

Kонцерт за паметење, концерт за срце и душа, концерт за пријатели и другари, концерт за Македонија, едноставно прекрасно. Маестро Наум Петрески со неговите музички другари синоќа на Долни Сарај приреди незаборавна вечер за Охрид, за Македонија.

Ова изминатово лето го објави порталот „Охрид њуз„ за нашиот Наум Петрески, кој го нарекуваат и Грло ненапеано, според една негова песна, една од многуте убави песни кои ги испеал.

Незаборавна ноќ за сите, слика уметничка позади езеро што ве остава без зборови. Долу осветлена катедралната црква Света Софија, напред Варош мистичен и загонетен со своите духовни храмови и безвременска убавина, а на сцената еден и единствен Наум Петрески.

Музика македонска испеана од срце, со душа, глас за сите времиња, глас од господа даден за сите нас, пред се за Македонија, завет за идните генерации да се негува и зачува македонската музика“, стои понатаму во текстот на Охрид њуз.

На прашањето за медиумот Публиците, дали се доживува како ѕвезда – одмавнал со рака и рекол дека во Македонија не може да се биде ѕвезда, особено не сега кога фолкот е на маргините.

Над 300 песни има на својот репертоар и снима активно. Сепак, фестивалите како што рекол, веќе ги остава за помладите.

-Ги зедов сите награди по фестивалите што требаше да се земат, време да им отстапиме простор на помладите, јас на фестивал би можел да сум во жири или пак да имам мини концерт додека се чекаат наградите, вели Наум.

Тој по Манчески, Сариески и Бадев и нај златното македонско грло. Од 1990 и неговата и на Љупчо Трајковски – Фис „Има ли песна“кариерата му фаќа нагорна линија. „ Има ли песна “ за него е песна над песните.

И покрај музичката фолк криза Наум кажува дека во Македонија има млади фолк сили кои чекаат шанса, иако таа трае предолго и вината некои се обидуваат да не биде лоцирана и покажана со прст.

Снимаме а песните нема каде да се вртат. Во тоа море од тонови околу Македонија нашата фолк музика стагнира, признава Наум, Според него нема здрава музичка критика,а ретки се и новинарите кои си ја знаат својата работа а најстрашно е што медиумите кои емитуваат фолк музика можеби можат да се избројат на прсти.

Речиси секоја песна му е хит, Дури десеттина од неговите кои се највисоко на неговата ранг листа, се веќе во категоријата незаборавни фолк рефрени.

Наум ни кажа дека научил да биде посмирен да го чека одговорот и образложението и не само да изброи до дест, туку до дваест, како што вели во народот.

Наум од 1990 г. почнал професионално да се занимава со музика и до ден денес остварил многу успеси на музичко поле и секогаш останал доследен на корените на македонската фолклорна музика.

Тој има голем багаж зад себе, а во една прилика отворено раскажа колку му бил најголемиот бакшиш во кариерата.

– Тоа беше многу одамна, во Вевчани се има случено, во кафанче помало од студиово, ресторанот го држеше мој пријател и сват во исто време, ептен другари сме.

И нè повика, имаше гости од Србија, од овде, од онде, генералниот директор беше на „Панонка“, и вечерта земавме некаде околу 12.000 тогашни марки и околу 3.500 швајцарски франци“, изјави Наум во емисијата Еден на еден.

Петрески е познат како голем љубител на риболовот. Петерски е татко на четири деца, Сања и Анастасија која е позната пејачка, ќерките од првиот брак.

Од бракот со Зуица Лазова го има синот Стефан и ќерката Македонка. Наум е веќе и дедо,. Анастасија му ја донесе оваа голема среќа во март во 2019 година кога ја роди ќерката Андреа.

Анастасија Петреска, ќерката на Наум стана мајка по втор пат и добија машко дете, објави ММС во јуни оваа година. „Ти благодарам љубов моја, Џиџе си доби братле“, напишал Владимир Поповски, сопругот на Анастасија, зетот на Наум, кој е инаку пејач на групата „Биоритам“.

„Бебето ќе се вика Лука по наша желба“, изјавил Владимир за ММС. Тој и Анастасија како што споменавме погоре, во 2019 година станаа родители на Андреа, која сега е пресреќна што има братче.

Наум Петрески бил гости на концертот на ДНК во Скопје, кои прославиле 20 години на сцената со вистински спектакл, како што деновиве доста се шерува по социјалните мрежи.

Наум на Инстаграм ја објави атмосферата од овој концерт, и според она што можеме да го видиме, тој изненадил доста луѓе, тоест неколку илјади кои биле присутни на овој концерт.

-Честитки Андреј и Панчо, да се множат уште многу концерти и хитови“, напишал Наум на Инстаграм и објавил видеа и слики. На едното видео, тој заедно со Панчо и со Андреј ја пее неговата песна што сите ја знаат и ја сакаат „Оди ѕвездо“.

Но, на друго видео, Наум направил голема промена и со тоа изненадил доста луѓе. Тој пее песна од ДНК која се вика „Стојам сам“.

Со ова Наум докажал дека одлично плива и во забавната музика, и според она што во видеото може да се слушне, публиката ептен пријатно се изненадила и го поддржала.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Naum Petreski (@naumepetreski)

Previous articleМишко Крстевски ова го сторил за Кате и „Нели ти реков“, вечно треба да му се благодарни
Next articleТамара искрено кажа како се чувствува деновиве, по разводот: Само рамнодушност и празнина…