Home Live Ќе го наследи во кујната- вака изгледа синот на шеф Марк, еве...

Ќе го наследи во кујната- вака изгледа синот на шеф Марк, еве што му порача татко му

Пред пет години Марк Де Јонг дојде во Македонија за да го исполни аманетот од баба му која пред да почине го замолила барем еднаш да дојде и да ја види земјата од која потекнува неговата мајка. Дојде и остана решен тука да изгради нов живот, од почеток.

Набрзо стана препознатливо лице од ТВ екраните, како еден од двајцата готвачи-виртуози во телевизиското шоу „Брза кујна“ кое оди на ТВ „Сител“, заедно со неговиот колега и другар Никола Мишковски, шеф во ресторанот „Камник“.

Член е и еден од основачите (заедно со Адријана Алачки, во функција на претседател и Љупчо Гиевски, потпретседател на Асоцијацијата и шеф на кујна во „Александар Палас“) на Националната асоцијација на готвачи на Македонија, која е примена во Светската асоцијација.

Секој работен ден имаавме прилика да го гледаме кулинарското шоу „Брза кујна“ на Сител телевизија каде што шеф Марк со својот тим и шеф Никола со својот тим подготвуваа разни специјалитети.

Со намирници донесени од страна на учесниците, Марк и Никола за краток период знаеја да подготват разни видови на јадења, се до изминатово лето, кога Марк на Фејсбук објави дека веќе нема да биде дел од шоуто „Брза кујна“.

Марк де Јонг има македонско потекло, но со години живеел во Брисел каде по големиот земјотрес во Скопје се преселило и неговото семејство.

Марк де Јонг пред неколку години се преселил во Македонија за да го исполни аманетот од баба му која пред да почине го замолила барем еднаш да дојде и да ја види земјата од која потекнува неговата мајка.

По 50 години, Марк се вратил во Македонија и одлучил тука да изгради потполно нов живот.

Марк е одиличен готвач и знае да прави вистински македонски специјалитети. Што се однесува до неговиот приватен живот, Марк е во брак со Василка со која има две деца, ќерка и син.

Марк неодамна стапи во граѓански брак со неговата избраничка, сега сопурга Василка, но популарниот готвач веќе има две деца – ќерка и син кои се возрасни и не живеат во Македонија.

Вака изгледа Микаел (Мики), синот на Марк кој живее во Белгија, за кого многумина велат дека е “плукнат“ во ликот на татко му…! Марк во помлади денови или негова „копи-пејст“ верзија“, објави Вистина во една прилика.

Микаел според фотографиите кои Марк ги објави на Фејс, навистина личи на својот татко, ама како велат- крушата под круша паѓа, па и тој е готвач како и татко му и тоа доста успешен, што и се очекува од него.

Кога на Микаел му беше роденден, Марк ова му го порача на својот син на неговиот Фејсбук профил, објавувајќи слики од веремто кога бил мал до денес, со готварската капа, исто како и татко му:

-Па, да… Тоа е тоа… Помина 30 години… Денеска веќе 31 година, синко, годините минуваат брзо и уште побрзо… Кога ги гледам сликите, сфаќам затоа што за мене ти си се уште дете за мене, но гледам дека со текот на времето добро си пораснал и еволуирал!

Од малиот чирак до готвачот со кој стана денес со многу труд ги искачив скалите!!!

Успехот е уште далеку, но кога сакаш, можеш! Продолжи така, горд сум на тебе“, напиша Марк за синот.

Previous articleВасил Гарванлиев раскажа се за неговиот партнер, но и што рекла мајка му кога ги видела заедно во Америка
Next articleСе огласи Васил, синот на Зафир Хаџиманов, емотивно сподели што е за него неописливо богатство