Home Live Лила распали како никогаш досега: Џабе одите во црква мизерии едни, мизерии

Лила распали како никогаш досега: Џабе одите во црква мизерии едни, мизерии

Синоќа во медиумите одекна веста, дека охриѓанката Маја Јанеска, која живееше во Јужна Африка е најдена упокоена под неразјаснети околности.

На јавноста, Маја и стана позната, по објавените фотографии со политичари и јавни личности од Македонија, само рпед неколку денови.

Бизнисменот Сефер Цаноски, синоќа на својот профил на социјалните мрежи, објасни која била Маја, дека неодамна одржала мотивациски говор на ФОН универзитетот и дека била една од најзаслужните за остварување меѓународни односи на нашата земја со Јужна Африка.

Но, на социјалните мрежи, се појавија најразлични коментари, на кои не останаа имуни наши познати јавни ликови.

„Кога ќе видам што се пишува под портали за некој кој не е веќе меѓу живите, се прашувам зошто уште ме допира понекогаш што ќе каже некој за мене под вест дека на пример сум патувала некаде.

Нема да ме мрзи еднаш ќе соберам све од коментари под разни објави на разни вести и со име и презиме и приватни слики со деца и бебиња и семејствата со кои живеете а ширите говор на ом раза и желба за туѓа см рт ќе ви направам едно видео од два саата да ви е незгодно леб да купите во продавница.

Гнаси едни одвратни! Па кога ќе оди видеото под портали со вашиот зумиран сурат пак да коментирате!

Задоени со з -ло, несреќни и пропаднати. Нели ви е страв дека на најмило ќе ве удри коментарот што го постирате?“, напиша Миа Костова на нејзиниот профил на социјалните мрежи.

Лила Филиповска беше уште поконкретна:

„Не знам, веројатно по дома вашите жени и ќерки се светици, зошто очигледно по вашите коментари сите останати се неморални и лесни жени!

Не дај боже да е убава и успешна, е тогаш почнува вистински натпревар, кој поОдвратен и позлобен коментар ќе остави!

Па уште си се дополнувате ( леле баш така во право си брат…леле што убаво и пиша), мизерии едни мизерни!!! Па добро, вие имате ли барем малку мозок, емпатија… некакво чувство?! Имате ли сeмејства, роднини,колеги, комшии од кои треба барем малку да ви е срам?! Имате ли?

Па која е таа состојба на умот да седнете и да пишувате одвратни коментари за некој кој за жал веќе не е меѓу живите, а притоа е млада жена, а освен името ништо друго не знаете за неа! Па она има и родители, семејство кое е во неверојатен шок, преживува тра гедија…. Изгубиле дете!

Срам да ви е! А одите во црква, се крстите, се молите на бога, слави славите, наредени икони и светци низ куќа…. Безбожници едни !!!

Ама да си знаете истиот тој бог ќе ви суди, секому според заслуга! Оставете девојката да почива во мир и сочувство до нејзиното семејство за оваа голема и ненадоместлива загуба….“

Previous articleИгор во една прилика откри кој бил ШЕФ во нивното семејство
Next articleСе обвиткувам во болка, само дел од мене остана- 11 години без Гоце Арнаудов, а еве што рече неговата ќерка Харита за татко си, и како живее сега со своето семејство