Home Live Марина и Горан Алачки живеат разделени: Нашата позната новинарка во свилен фустан...

Марина и Горан Алачки живеат разделени: Нашата позната новинарка во свилен фустан и откриени колена, никогаш толку добро не изгледала (ФОТО)

Марина Дојчиновска е позната новинарка, авторка на култната емисија Македониум и директорка на приватна компанија.

Разделбата со телевизијата ѝ била драстична промена во животот, а екранот го замени со претприемништво.

Можеби и вам ви фали на ТВ-екраните Марина Дојчиновска. Сега е претприемачка, фокусирана на здравиот живот и на сè здраво што ни доаѓа со животот, а поздраво од љубовта, здравје.

-Телевизијата ја одбележа мојата професионална кариера, и после 20 години на ТВ-екраните, разделбата беше навистина драстична промена во мојот живот – екранот да се замени со бизнис-секојдневие“, изјави Марина за Слободен печат.

Понекогаш ми недостасуваат студиските светла, не велам не – но секојдневно сè уште добивам сатисфакција, дека сум правела нешто правилно и важно за сите нас.

Кога ми приоѓаат на улица луѓе што не ги познавам, за да ми кажат дека не пропуштиле ниту едно издание на „Македониум“, и дури запамтиле некоја јавно искажана мисла или актуелна дефиниција на реалноста во тој миг.

Тоа вистински годи и многу е човечки да ве исполнува, а всушност тоа е тоа „јавно мислење“, кое ми е важно и кое дава за право да бидам задоволна од тоа што сум го правела.

Во меѓувреме, во 2012 година ја основав мојата компанија – „Хунза Веда“ со една единствена цел – да се донесе маслото од Хималаите до Скопје.

За изминативе седум-осум години, работевме на тоа најскапоцениот продукт од кралството Хунза – маслото од семка од кајсија, да стане достапно во скоро секоја аптека и продавница за здрава храна низ Македонија, но и пошироко во регионот.

Бизнисот ве бара комплетно. Секојдневните предизвици бараат акција, а понекогаш и учење од сопствените грешки, во тој процес на метаморфоза кон претприемништвото.

Не можам да ви ја опишам мојата среќа кога маслото „Хунза“ прв пат пристигна во Македонија, поминувало илјадници километри, хималајски патишта и седум мориња и планини, биле потребни стотина документи и процедури.

Но на крајот сѐ тоа профункционирало и скапоцениот товар стигна на својата дестинација – Скопје. Првиот увоз на маслото „Хунза“ го сметав за своевиден подвиг“, рекла Марина за Слободен печат.

Инаку, Мариа води потекло од мијачкото село Гари“, објави неодамна Црно- бело за оваа нашата позната новинарка.

За таму ја врзуваат најубави спомени и иако и татко и таа живееле во Скопје, вели дека Гари отсекогаш ѝ е во срцето и секој слободен миг го користи за да го посети, напиша овој медиум и ја посети во нејзиниот планински дом.

„Најголемо задоволство ми е да седам на терасата од нашата семејна куќа во Гари и да се релаксирам со звуците на бучната, планинска, дива Гарска река и да уживам во погледот на прекрасната природа, кој се протега сè до Лазарополе“, вели Марина.

„Гари за мене претставува многу нешта, има различни аспектирања во мојата духовна вертикала и единствено таму можам да допрам до најдлабоките корени на семејното стебло на Дојчиновски“, стои во текстот на Црно- бело, кој можете да го видите ОВДЕ.

Инаку, таа е во долгогодишна љубов со Горан Алачки, и сега живеат разделени. Таа е во Скопје, а го Гари оди за да си ги наполни батериите, а тој се пресели во Владиирово, неговото родно село.

Но, иако живеат разделени, тие се посетуваат и нивната врска очигледно функционира на далечина.

Марина која во претходно интервју има кажано дека се повлекува ов ТВ камерите, сега се вратила на ТВ, според она што го објавила на својот Фејсбук профил и напишала: „Да не се можело без телевизија,студио,светла и микрофони…ц,ц,ц,ц“.

Но, она што освен тоа што на сликата е многу среќна се забележува кај Марина, тоа е нејзината облека. Свилен фустан и откриени колена, секако во една умерена провокативност се истканувата на оваа фотографија.

Марина изглед одлично на сликата, елегантно и средено, и јасно е дека кога една личност е исполнета одвнатре, тоа се забележува и во нејзиниот надворешен изглед, како што е случајот со Дојчинвска.

Previous articleДраган Спасов Дац раскажа необична случка- еве што му се случило утрово на улиците на Скопје
Next articleВасил Гарванлиев раскажа се за неговиот партнер, но и што рекла мајка му кога ги видела заедно во Америка