Home Live Мишко Крстевски ова го сторил за Кате и „Нели ти реков“, вечно...

Мишко Крстевски ова го сторил за Кате и „Нели ти реков“, вечно треба да му се благодарни

Мишко Крстевски е популарен фолк пејач со 31- годишна музичка кариера зад себе и многу испеани хитови, и се уште е харизматичен и полн со енергија каде и да настапува…

Во 2020 годоина, Мишко Крстевски за првпат стана дедо. Од помалиот син и снаа ја доби внуката Мишела. Среќната вест за раѓањето на внуката Мишко ја сподели на социјалните мрежи:

-Денес станав дедо, а мојата љубов Сунчица стана баба. Добивме внука од синот и снаата. Фамилијата ни се зголеми и еве песна за добредојде на Мишела.

На сите ви посакувам да доживеете ваква среќа, напиша тој и во чест на внуката ја запеа „Мишел“ од „Битлси“, музиката со која растел. Тој за mms.mk изјави:

-Ова ми е внука од помалиот син а и постариот кај и да е ќе се среди. Му благодарам на Бога се е во ред. Здрави се и добри и бебето и мајката. А за тоа дали ќе биде пејачка, ништо чудно.

Мајка и е пее во “Про Арс” на Татарчевски и е со музичка академија, син ми е компзитор, сите пееме во семејството“, рече среќниот дедо.

За истиот медиум, тој рече дека му е многу мило што внуката го носи неговото име, дека ѝ пее и се топи од среќа кога ја држи во раце, и тој и неговата сопруга.

-Кога си родител, кога си татко цел живот ги подигаш децата, ги пазиш, ги чуваш, вложуваш во нивниот социјален, образовен и психофизички развој, а тоа само со бескрајна љубов е возможно.

А ова е сосема нешто друго. А што може дедо да прави освен да му пее на внучето. Секако и јас го правам тоа. Мишела има само пет месеци и грижата, секако е на снаа ми и син ми, живеат одвоено.

Но јас и баба ѝ кога ќе ја држиме во раце и пееме песни, и се топиме од среќа кога ќе ни се насмее. Потоа, во мај оваа година, Мишко уште еднаш стана дедо. Овој патм, снаата од помалиот син, ја роди Илијана.

-Свадни и проширување на семејтвото секогаш е радост. Тие се заедно неколку години и време беше да ја озаконат љубовта. Беа регистрирани, сега само свадбата. Радоста со внучињата е голема“, изјави Мишко за свите најмили за ММС.

Пееме детски песнички секако, но јас не ја испуштам можноста да и запеам и од нашите убави народни. На пример најчесто и ја пеам „ Македонско девојче китка шарена“, додаде Мишко.

Групата „Нели ти реков“ во која со години пееше Катерина Танева- Ѓорѓиев има многу специфично име кое доста се памети. Сега, Катре веќе не е дел од оваа група, но ѝ остана прекарот Кате- Нели ти реков.

Катерина Танева Ѓорѓиев, повеќе од три децении е синоним за одмереност, скромност и неверојатен глас на сцената. Убавата кавадарчанка веќе долги години со семејството живее во Скопје, ја освои јавноста со евергринот ,,Запри дожду”.

Оваа песна кој го отпеа на фолк фестивалот Валандово уште во деведесеттите години на минатиот век.

Заедно со кавадаречко-неготинската група ,,Нели ти реков” оставија голем број на хитови во изминатите години, а сега дошло време секој да си продолжи по својот пат, објави Фокус во февруари.

Кризата предизвикана поради пандемијата со вирус влијаела врз функционирањето на бендот, и по долги разговори членовите решиле секој да продолжи по својот пат„, објави фокус минатата година.

Но, токму Мишко Крстевски направи нешто специфично за оваа група која освен по песните и по интересното име се памети и е популарна, а тој ова го објасни во една прилика на ТВ 24.

“Јас сум кумот на името на групата “Нели ти реков”. Јас бев член во групата “Нели ти реков” и ние затоа што одевме на серенади, а пеевме секогаш:

Нели ти реков моме Донке, и таа песна ни беше како химна по серенадите, бидејќи е двоглас, убаво се пее, дурска песна…

И кога требаше да се појавиме на Фолк Фест “Валандово” во 1992 година, претходно се викавме “Калипсо”, групата беше формирана од “Бош” од Неготино и “Токму така” од Кавадарци направивме една фузија, спој.

И тогаш за да се појавиме на фолк фестивалот името калипсо немаше никаква поврзаност со народната македонска музика, и тогаш сите заедно одлучивме да се викаме “Нели ти реков”, кога може “Леб и сол” да биде, зошто не и “Нели ти реков”, изјави фолк пејачот.

Previous articleСузана Манчиќ искрено раскажа за многу непријатна случка од нејзиниот живот во која и ќерките биле вмешани
Next articleГолема промена кај Наум Петрески, илјадници луѓе изненадени од него (ВИДЕО)