Home Live Му била школска другарка од средно – Сефер Цаноски објави детали за...

Му била школска другарка од средно – Сефер Цаноски објави детали за Маја Миа

Синоќа во медиумите се рашири веста, дека во Јужна Африка, се упокоила македонска државјанка.

За многумина, Маја Јанеска беше позната, од фотографијата која минатите денови кружеше на социјалните мрежи, со министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

На нејзиниот профил на социјалните мрежи е споделена инсформација од ФОН универзитетот, на кој само пред неколку денови, таа имала предавање:

„Една од најуспешните Македонки која живее и работи 22 години во Африка, Маја Јанеска со мотивациски говор пред студентите на АУЕ – ФОН ги сподели своите искуства и патот до нејзиниот успех, при што потенцираше дека за да се успее во животот и бизнисот, покрај знаењето стекнато во образовниот процес, секој млад човек потребно е да има самодоверба;

Јанеска по потекло од Охрид, заедно со бизнис претставници од Јужноафриканската Република престојува неколку дена во нашата земја, нејзината татковина, со цел воспоставување дипломатска, образовна и економска соработка меѓу Република Северна Македонија и африканските земји;

Денес Маја Јанеска се занимава со претприемништво и соработува со сопствена компанија за бизнис и развој на руда, нафта, гас, лотарија, пакување тутун и трговија со други стоки“, напишале пред десет дена од ФОН.

Синоќа, сопственикот на ФОН универзитетот, објасни детално, која била Маја Миа и каква заслуга имала таа за нашата држава:

„Ние имаме свои планови, но господ има негови. Од него сме создадени и кај него сите ќе одиме.

Не можам да поверувам дека повеќе не е меѓу нас а само минатата недела беше во Македонија да го прослави тоа што на државава и помогна да биде признаена од Јужна Африка и после долго време да се воспостават дипломатски односи.

Ја немав видено повеќе од 20 години од средношколските денови и минатата година во дебар мало некој ми вика “кај си школски ? Гледам познато лице.

Море школски Маја ме заборај ? 20 години сум Африка, останав ама не старееме, гледам дека си и ти добар , уба генерација сме не се даваме… Ај да и помогнеме на државава да се признајт да напрајме нешто. . .

Од секогаш беше добричина, уникатна и своја. Ја имаше истата енергија со еден куп планови и беше полна со живот.
Ми кажа дека создала голема мрежа на пријатели во многу држави на афричкиот регион и дека ја почитуваат како успешна жена.

Во тоа се уверив и сам во моето патување во Африка кога организираше средби со неколку земји и со цел државен врв во Преториа на Јужна Африка.

Беше многу почитувана таму. А само 3 дена подоцна Ј. Африка испрати писмо до МНР на МКД дека се подготвени да воспостават дипломатски односи. Желба и беше во Ј. Африка да има македонска амбасада.

Вчера министерката на претседателот на Јужна Африка ми се јави со ш о кантна вест и ме извести дека во петокот сабајле Маја го загубила животот во не среќен случај.

Изразив сочувство до нејзината фамилија каде ме известија дека се слушнале со нејзиниот вереник од Јужна Африка за тра гедијата која се случила и ветил дека заедно со авион ќе ги донесе пос мр тните останки да биде достоинствено пог ребана во својот Охрид.

Не можам да поверувам дека пишувам за оваа голема тр агедија. А имаше толку многу планови…

Сочувство до семејството и бог да ја прости“, напиша Сефер Цаноски на својот профил на социјалните мрежи.

Previous articleДрагана Мирковиќ: Со сопругот Тони си ги сакаме децата покрај нас, затоа ги намамуваме
Next articleДраган Спасов Дац раскажа необична случка- еве што му се случило утрово на улиците на Скопје