Home Live Се огласи Васил, синот на Зафир Хаџиманов, емотивно сподели што е за...

Се огласи Васил, синот на Зафир Хаџиманов, емотивно сподели што е за него неописливо богатство

На 27 март минатата година, вирусот однесе уште еден голем уметник. Зафир Хаџиманов, филмски актер, пејач и композитор, си замина од овој свет на 77 годишна возраст.

Зафир беше многу почитуван поет и текстописец. Има напишано многу шансони и балади базирани на стиховите на српските и македонските поети. Се бореше за зачувување и популаризација на старите македонски народни песни.

Тој исто така компонираше музика за театар, филм и ТВ серии и емисии. Долги години беше во брак со пејачката Сенка Велетанлиќ, а нивниот син Васил исто така успешно се занимава со музика.

Настапувал на сцени ширум светот, на Бољшој театарот, Олимпија Во Париз… Паралелно со неговото сценско и музичко дело, Зафир Хаџиманов пишува и објавува поезија на српски и македонски јазик.

Тој беше автор на текстовите, стиховите и музиката на првиот македонски мјузикл „Здраво будење“. Владата на Македонија му додели титула амбасадор на културата на Република Македонија во Република Србија.

Зафир Хаџиманов е роден во 1943 година во Кавадарци. Средно училиште и музичко училиште завршил во Скопје, каде започнал да пишува музика и да игра во театар.

Во 1967 година дипломирал глума на ФДУ во Белград. Паралелно со студиите, тој настапувал како пејач на популарна музика и ги има снимен своите први две плочи, на кои е автор и на текстовите.

Синот Васил, кој е доста познат џез музичар, и има ќерка која е оперска пејачка, на својот Фејсбук профил се прости од својот татко тој ден со овие зборови:

-Татко ми Зафир почи-на денес. Неговото големо срце не успеа да ја добие битката со оваа стра -шна бол-ест.

Зад себе остави вистинско богатство, од песни што толку маестрално ги пееше, преку неговите бројни и разновидни композиции, книги со поезија и проза, сè до ненадминливите улоги во театарот и филмот.

Но, пред и над сето тоа, тој секогаш несебично ја даваше својата огромна љубов, внимание и поддршка на своето семејство и најблиските.

Сенка и тој беа еден од најталентираните и најубавите парови во историјата на овие простори. Ненадминати!

Неговиот непобедлив дух, способноста да се снајде и да застане на нозе во секоја ситуација, енергијата секогаш да прави се што прави со целото свое битие, и додека прави сè во исто време за да биде врвен шмекер … тоа мора да се памети! Да се памети и да се почитува!

Те сакаме тато и ќе ни недостасуваш засекогаш! Ви благодарам на сите за зборовите на поддршка.

Во Кинотеката на Македонија премиерно се прикажа документарно – играниот филм „Фениксот од Кавадарци“, реализиран со финансиска подршка на Филмскиот фонд“, објави Опсервер.мк

Сценарист и режисер е Мишо Нетков, а главен продуцент и монтажер Миле Петковски. Актер-наратор е Гоце Ристовски, костимограф Живко Трајчевски, аниматор Бојан Секуловски, а камермани се Кристијан Теодоров и Георге Трајковски.

Филмот е сниман на повеќе локации во Скопје и Кавадарци. Филмот говори за Васил Хаџиманов, фармацевт по диплома, но музички образован, кој го владеел нотното писмо, свирел пијано и гитара и бил несекојдневен интерпертатор на изворни македонски народни песни.

Благодарение на неговата дејност како собирач на народни песни зачуван е огромен фонд од македонското народно творештво со нотен и текстуален запис.

Васил Хаџиманов бил и златоуст пејач кој уште на почетокот на минатиот век бил особено популарен на многу балкански радио станици изведувајќи македонски песни на македонски јазик.

Васил Хаџиманов е всушност татко на Зафир Хаџиманов, а дедо на музичарот Васил Хаџиманов, неговиот син. А Васил кој живее во Белград, а е горд на своиет макеоднски корени и музичко наследство, на Фејсбук објави текст на македонски јазик:

Голема благодарност до Миша Нетков и Миле Петковски. Се надевам дека овој филм ќе ја потсети МАНУ дека конечно се средуваат и пуштаат снимки и записи од дедо ми кои се во нивната архива неколку децении.

Според последната проценка, Васил Хаџиманов запишал близу 10.000 народни песни. Неописливо богатство кое мора да се подели со целиот свет“, сподели на Фесјбук Васил.

Previous articleЌе го наследи во кујната- вака изгледа синот на шеф Марк, еве што му порача татко му
Next articleСузана Манчиќ искрено раскажа за многу непријатна случка од нејзиниот живот во која и ќерките биле вмешани