Home Live Тамара искрено кажа како се чувствува деновиве, по разводот: Само рамнодушност и...

Тамара искрено кажа како се чувствува деновиве, по разводот: Само рамнодушност и празнина…

Таа е секогаш во фокусот на јавноста поради песните за кои се врзуваат сите генерации, поради моќниот глас и интерпретација, поради тоа што на социјалните мрежи секогаш гласно кажува што има да каже и објавува многу, за неа драги моменти од приватниот живот.

Тамара Тодевска направи бум откако го објави евровизискиот спот за „Proud“, а потоа и откако го освои седмото место на евровизискиот натпревар во Тел Авив.

– Proud е песна што ме опишува баш таква каква што сум сега – помудра, поискусна и посамоуверена – жена што знае што сака и не се плаши тоа да го каже“, рекла Тамара во Женски магазин во тоа време.

– Искрено, помина времето кога се фокусирав на тоа што ќе го кажат луѓето за мене или за мојата работа.

Научив да не се врзвувам ниту за позитивните ниту за негативните коментари. Јас сум стопроцентно сигурна во мојата песна и мојот тим“, изјавила пејачката.

Потоа, добила прашање; На која силна жена ѝ се восхитуваш а не е дел од евровизискиот спот? На ова, таа одговрила на овој начин:

– Дефинитивно мојата мајка. Бескрајно сум ѝ благодарна за поддршката и за тоа што верува во мене тогаш кога и јас самата не верувам во себе.

Без нејзината помош и љубов ниеден мој сон немаше да биде моја реалност“.Во Независен весник за време на пандемијата и изолацијата, Тамара кажа:

-Најголемиот дел од самоизолацијата ја поминав во Гевгелија со мојот сопруг и моите две деца. Готвевме, смислувавме игри, се дружевме. Нема поубаво од тоа да си опркужен со луѓето кои те прават тоа што си. Навистина ми фалеше да поминам повеќе време со нив.

Периодот пред кризата со корона вирусот ми беше исполнет со настапи, снимање на мојот нов албум и најразлични ангажмани така да периодов супер ми дојде.

Овој период го искористив и да направам финална селекција на песните на мојот трет албум, кој го работам со мојата евровизиска екипа.

Имам чувство дека сите станавме едно. Сите поминуваме низ истите работи и чувства. Сите имаме период кога сме супер позитивни, но и период кога навистина не знаеме што ќе се случи со нас, со нашите планови, со нашата професија.

Се тешиме и бодриме еден со друг. Ќе помине и ова. Верувам дека сите ќе излеземе од оваа криза посилни и похрабри. Најважно е да бидеш опкружен со вистинските луѓе. Луѓе кои ќе те прават подобра личност.

Луѓе пред кои можеш да бидеш тоа што навистина си и луѓе што ќе те поддржуваат без разлика на околностите. Среќна сум што имам прекрасни луѓе околу себе.

Среќна сум што имам прекрасно семејство и пријатели кои ме прават подобра личност и со кои можам да ги пребродам сите животни препреки“.

Тамара која на Евровизија во Израел во 2019 година го освои седмото место со песната Proud, гостуваше во Јутјуб емисијата Жешко столче со Никола.

Најави дека во моментов во студиото на Лазар Цветковски снима нова песна со модерен звук што мириса на нејзинот стил.

Тамара откри дека е многу талентирана за сликарство, и како мала имала добиено награди на натпревари по цртање, па се пошегува на нејзина сметка: „Сигурно сум била втора“.

Раскажа и дека имала свои изложби, и сега на своите деца сака да им пренесе љубовта кон цртањето. Потоа муабетот ги наведе на еден од најголемите нејзини хитови, можеби и најголемот „Тажна љубов, среќна песна“.

„Велат дека хитовите се прават еднаш во десет години. „Тажна љубов, среќна песна“ беше во 2014, и имав уште некое време да стигнам до уште некој таков хит. Жал ми е што не направив спот, не знам што размислував тогаш.

Не дека не ми е омилена, предосадна ми е. Не можам да ја слушам. Ја имам препеано и ми е дојдена преку глава, ама далеку од тоа дека јас не ја сакам.

Сите мои песни си ги сакам, но дали дека ми е преслушана, кога ќе ми кажат за „Тажна љубов“, превртувам со очи, и викам- аман више со таа песна“, изјави пејачката.

Тамара била гостинка на концертот на ДНК кој се одржал во Арената Борис Трајковки во Скопје и изгледала топ, со кратка маичка и кожни пантолони, а откако завршил концерот таа напишала:

– Зборови немам да ја опишам вечерашната атмосфера и емоција која ја направија моите другари: @djshortypofficial и @andrejdnk. Честитки ДНК. Да ви се множат годините, хитовите и успесите. И браво за целата публика, која покажа како се сака и поддржува македонска музика“.

Тамара често споделува цитати на социјалните мрежи, а од една таква, може да се заклучи како таа сега се чувствува, откако се раздели со сопругот, а на оваа тема доста се пишуаше во медиумите.

„Се помина. Веќе не чувствува, не мрази, не сака. Само рамнодушност и празнина“, стои во новиот цитат кој Тамара го споделила на стори на Инста.

Previous articleГолема промена кај Наум Петрески, илјадници луѓе изненадени од него (ВИДЕО)
Next articleЈа паметите ли пејачката Туна- еве како изгледа денес, откако роди две деца, не би ја препознале ваква (ФОТО)