Home News Дедо купувал тpи банани без дршки за внучето, за поевтино да помине,...

Дедо купувал тpи банани без дршки за внучето, за поевтино да помине, и еве што му се cлучило на каса во маркет

Граѓаните кои ги анкетираше екипата на ТВ 24 велат дека едвај преживуваат, но и најчесто се соочуваат со шо к кога ќе дојдат на каса, каде цените се различни од тие на рафтовите.

Сегашните цени во продавниците се многу високи, велат граѓаните и со примањата кои што ги имаат велат купуваат само што е неопходно.

Од државниот пазарен инспекторат информираат дека нема предвидено конкретен период ко кога мора да претрпат корекции цените на основните производи, мерката не била донесена за да се пишуваат санкции туку да се намалат производствените трошоци за пониска цена на крајниот продукт.

Од Владата повеќе пати се пофалија дека компаниите од пренхранбената дејност кои користат субвенционирана струја со фиксна цена од 80 евра за мегават час ќе ги намалат цените на голем дел од прехранбените производи до 10 проценти“, пренесе ТВ 24.

Компаниите кои користат субвенционирана цена на струјата се очекува да ги намалат цените на производите за 10 проценти. Инспекторите на терен ќе проверуваат дали се почитуваат овие препораки

Компаниите од прехранбената индустрија, јавни водоводни комунални претпријатија и училишта од 1 декември се снабдуваат со електрична енергија по повластена цена преку „ЕСМ продажба“.

Со одлука на Владата, ваквата поволност ќе можат да ја користат до 30 април 2023 година, кога истекува кризната состојба во енергетиката.

Производителите на основни прехранбени производи како масло за јадење, леб, брашно, млеко, месната и живинарската индустрија ќе добиваат субвенционирана електрична енергија по цена од 80 евра за мегават час.

За училиштата цената ќе биде по 95 евра за мегават час, а истата цена ќе важи и за јавните претпријатија од областа на водоснабдувањето и одведувањето на отпадни води.

Станува збор за вкупно 518 компании од прехранбена индустрија, училишта и институции од витално значење, кои ќе имаат поевтина струја.

За субвенционирано снабдување со електрична енергија се пријавиле 233 јавни основни и средни училишта од сите градови од вкупно 474 на територијата на државата, 50 јавни претпријатија од областа на водоснабдувањето и одведувањето на отпадни води од вкупно 70-те, како и 235 субјекти, физички и правни лица, од областа на прехранбениот сектор.

Сите компании кои можат да ја користат мерката за субвенционирано снабдување со електрична енергија по цена од 80 евра за мегават час ќе треба да ги намалат цените на производите најмалку за 10 проценти.

„Треба да ги видиме резултатите на пазарот на коригирани цени на основните прехранбени производи, а во следните четири месеци додека трае кризната состојба очекувам да продолжи намалувањето на нивните цени.

Намалувањето за 10 отсто е реално“, изјави деновиве министерот за економија, Крешник Бектеши.

Државниот пазарен инспекторат ќе врши контроли на трговците дали ја почитуваат мерката за намалување на цените на основните производи.

Дел од пекарниците најавуваат дека граѓаните ќе може да купуваат леб за 32 денари. Во наредниот период се очекува да има корекција и на цените на другите пекарски производи.

Млечните производи се очекува да се продаваат по пониски цени по Нова Година“, објави Дојче веле.мк

Статус кој се однесува на кризата и на поскапувањето објави Ивана Тасев и се споделува на Фејсбук, а тоа е слика која ја видела на каса во маркет, кога еден повозрасен човек купувал банани.

– До мене дедо чека на каса со три малечки банани без дршки во кесата. Продавачката му ги мери и му вели: „Ама чичко ние ги мериме и продаваме со дршки, зошто сте ги извадиле“, оди ги наоѓа дршките, каде ги оставил во купот банани и му ги враќа во кесата и повторно ги мери.

Он ми се насмевнува посрамотено, додека ги врти металните пари во рака и ми вика: „За внучето да го израдувам“. Добив аритмија од болка. Каков пораз.

Oх, ти миз ерна и духовно бедна земјо на ал чни, др чни и его истични створови што го пок радоа и ос иромашија народот. Пост на Ивана Тасев“, објавила Татјана Лопарски.

Фото: Фејбсук принтскрин,Јутјуб принтскрин,  Freepic

Previous articleЈована ја отвори душата за својот бурен живот: Ми нудеше 500 евра за ноќ
Next articleЛепа Лукиќ проговори на што ги потрошила сите пари и дали некогаш ја „изгорела“ љубовта